Многу повеќе зависи од СДСМ него ДПМНЕ, бараа шанса и ја добија, шо за возврат покажаа само тие си знаат. Инаку пропаѓањето на договорот од Преспа ќе создаде таков моментум шо коа ќе го јавне ДПМНЕ (буквално истото жмро шо 11г мајче расплака) прв нареден изборен циклус ќе ги акнат од земја, само Вујко Сем може да го спречи тоа, nip it in the butt да им направи. Ама искрено не гледам зошто тоа би го направиле коа СДСМ не покажаа апсолутно никаков ентузијазам откако дојдоа, пардон ги донесоа на власт, нула на домашен план покрај куп ветувања и на надворешен план само прифатија се тоа шо никој друг пред нив не се нафати да прифати.А скоро секој еден без исклучок можеше.
Отворени листи можат и во овој изборен модел да воведат без проблем, сигурно ќе анимираат со тоа повисока излезност и повеќе гласови кога нема да ти наметнуваат докажани полтрони во пакет. Колку толку ќе се влијае на кадровската политика која е сведена кој цица подоборо и ништо повеќе. Да видиме шо мислат гласачите за кадровската политика на партиските раководства.
Една изборна единица нешто потешко, прво ептен помалите партии ќе добијат залет и да им наметнат висок праг сепак ќе влезе на пример Апасиев, и кога ќе видиме на пример каква полуписмени ликови се товеле во Собрание дека добро цицаат, се надевам има троа а`кл останато кај гласачите и да создаде тоа ефект на снежна топка (snow ball effect) на било кој последователен изборен циклус. Тука влијае и тоа шо може да останат покуси со вкупно пратенички мандати политичките партии кои ги претставуваат албанците според некои есапи, а тоа е голема кочница во случајот.
Без овие две работи тешко да мрднеме од мртва точка, а уште потешко партиие да сторат било шо да ги овозможат, партиските раководства имаат консензус околу ова. А сега нема шанси пак да снимаат видеа со празни фрази од типот не се сите исти, тоа било дефетизам и пичке си материне...едноставно нема поента да се оди на избори во Курто и Мурто околности. Сеа ќе се вадата дека тоа не е приоритет а се потполно свесни и едните и другите дека џабе блефираат и мали деца знаат нема никој 2/3 мнозинство да освои во каква сака нека биде комбинација.Победник ќе биде оној кој изгубил најмалку гласови споредено со парламентарните во декември 2016. Друг легален и демократски начин за промена не ми доаѓа на памет.