Патиштата кои водат до успесно продавање многупати се покажало дека често пати чудни и нелогични. Најдобар доказ за тоа е начинот на продажба на ГРЕЕ климите, на еден арогантен и често пати дрзок и непримерен начин кој ете можеби и има успех, во една констелација кога и немате вистинска стручна и правовремена информација што навистина купувате итн.......Може ли да ве прашам која е оваа политика на фирма да не прикажува точни модели на уреди и најбитното, цена?
Прегледај го приврзокот 197912
На сајтот воопшто и ја нема оваа клима... И зошто кога веќе трошам време на интернет да пребарам одредени информации да бидам пренасочен на телефонски број па и таму да губам време. Кога купував клима пред еден месец на сајтот на енергија не се задржав повеќе од 1 мин и автоматски не ги ни разгледав понудите што се.
Една добронамерна критика од мене кога веќе правите интернет рекламирање барем нека биди професионално. Верувам дека би привлекле повеќе купувачи.
За мене е стварно глупаво да на прв поглед немате цена на коштање на производот, како некакво првично приближување и будење на интерес за купување или за одбивање или играат на карта дека некој со својот љубезен глас у стручност ќе ве “натера“ да купите.
Има една интересна вистина во трговијата, која уште во 17-еттиот век ја приметил некој италијански економист: се вика правило 70-30. Имено 70 проценти од купувачите го прават 30 проценти од вкупниот промет или обратно 30 проценти од купуваќите ви прават 70 проценти од вкупниот промет. По таа логика зошто да се замарате со овие 70 проценти кои само ќе ве изморат, кога мозете со нив по кратка постапка сакаш несакаш ( при тоа нешто ќе упали), а убавите зборови и насмевки ќе ги сочувате за овие 30 проценти. Ова во последниве години е приметно во банките во Америка каде порано и 1 долар да ставате во банка ќе ви титраат јајца и ќе ви даваат кафиња, сега тоа е мртво, ги бираат само оние кои им носат вистински профит (баш оние 30 проценти од погоре).
Ете и оваа политика на цени можеби нешто такво...... го чекаат тој што ќе ги контактира да му се посветат во потполност.....или пак ќе им се јавуваат само овие досадниве од овие 70 проценти и ќе ги умрат со празни муабети......


