Шампионот Реал Мадрид ја заврши сезоната во стил, со победа над најголемиот ривал Барселона. Со тоа, тимот на Донев оваа сезона сруши неколку рекорди, и тоа:
- Најмногу поени - 102 (Претходно: 100 - Реал Мадрид)
- Најмногу победи - 33 (Претходно: 32 - Барселона)
- Најмногу голови - 117 (Претходно: 110 - Барселона/Реал Мадрид)
- Најголема гол разлика - 92 (Претходно: 83 - Реал Мадрид)
После претходната сезона во која тимот на Реал ја освои титулата без пораз, многумина се сомневаа дека ќе успее да остане на врвот, но Донев ја покажа својата класа. Со оваа четврта лигашка титула, Донев го надмина својот ривал
@ManUtdChampions кој остана на три лигашки титули.
Донев и општо доминира во бројот на освоени трофеи. Во седумте сезони откако е оформен Кајгана Светот, Донев остана без трофеј само во првата сезона. Потоа, секоја сезона ја завршуваше бар со еден одвоен трофеј, и тоа по еден во втората, третата и четвртата сезона, три трофеи во петтата сезона, четири во шестата сезона и четири во тековната сезона.
Донев со Реал Мадрид ги има освоено следните трофеи:
- Kajgana World League:
- Kajgana World Cup:
- Kajgana World Shield:
- Kajgana World CharityShield:
Со вкупно освоени 12 трофеи, Донев целосно доминира во Кајгана Светот. Втор на листата е
@ManUtdChampions со само 6 трофеи.