Се работеше за проектот Балканска 4ка т.е Б4 не Г4. И после влезот на Црна Гора проектот е дури теоретски неодржлив, иако и пред тоа не беше баш нешто повеќе изводлив, имаш народи на во тие земји кои се едноставно речено русофобични. Кај нас до полн израз доаѓа тек сега давањето институционална моќ на учкарите. Во дел од тоа сценарио повеќе него проект за Б4 требаше да се земи во предвид целосна изолација на Западот од тие земји иако целта беше чисто воена неутралност...а тоа е неизводливо сега без Црна гора.
Да се навратиме на парите, ти настапуваш од позиција дека русите се прават од алтруизам а Западот тоа го прави од интерес

Сите тие фондови што ги спомена, тешко дека целта им е од нас да заработат, можеби голем дел од инвестицијата ќе ја повратат на одреден начин преку камати итн меѓутоа во нашиот случај далеку се од тоа. Најважното е што со сите тие средства кои ги даваат, преку проектите добиваат огромно влијание, особено ако од аспект на јавно мсилење сето тоа добро се експлоатира што е факт дека е така. Значи настрана теории на заговор, парите кои ги добивме од НР Кина за инфраструктурен развој не се подарок колку шо знам, има камата на тие средства, поповолна можеби за разлика од ММФ меѓута сепак ја има. На сметка на тоа кинески фирми влегоа на пазарот. Значи не е ова Студената војна, не е истиот тип на идеолошка борба Исток вс Запад. Делумно конзервативни vs либерални вредности, ама не и баш
Што се однесува од Русија, тие и бесплатно да ни го дадат гасот нас, ако тоа не е експлоатирано во јавноста исто како да се случило, настрана фактот шо ние и немаме тешка индсутрија шо вистински може да ужива придобивки од, ете да речиме повластената цена на истиот. Значи сепак и да има одреден развој на соработка мегу МКД и РФ потребно е тоа да биде по Западен терк, затоа шо реперот е тој и факт е дека се работи за борба за влијание.
Мене лично крстови, кандила и културно уметнички друштва не ми значат многу, се е тоа чист фолклор, нитшо лошо нема во сето тоа меѓутоа како држава си имаме интереси, иако како народ во моментот сме поставени во една понижувачка ситуација од страна на нашите „пријатели“.
Еве во речиси секоја служба за брза помош или против пожарна станица низ МКД има недостаток од опрема, значи возила за брза помош, пп возила итн. За Дирекција за заштита и спасување не вреди ни да се коментира.
Дали би било проблем за Руската Федерација која има исклучително развиена и комплетно независна индустрија за ваква опрема, да отпочне еда кампања со доделување на возила за брза помош и пп возила и опрема низ сите поголеми градови низ МКД, не верувам дека било кој тоа би се дрзнал да го одбие, уште помалку да има лицемерни медиуми кои намерно тоа би го „превиделе“. Настрана фактот шо на секое од тие возила додека е во служба јасно ќе го има написот дека истото е донација од Руската Федерација. За едне чешит би донирал и во Тетове јас да сум на нивно место, чисто да доловам за целокупната јавност одредено однесување (да не речам фобија)...
Згора на тоа ние имаме руски хеликоптери веќе во служба, може еден Мi171Sh како полициските во амбулантна/болничка или SaR варијанта да се донира на ДЗС, и сето тоа да биде пропратено со добар ПР, згора на тоа центарот во Ниш е блиску за било каква логистичка поддршка...натрана шо Русија по потреба се шо произведува од наменска индсутрија може да прилагоди по STANAG. Ево за почеток... нека се дрзне некој да критикува или да одбие