Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.486
И кој ќе остане?

ОК, се прави чистка, reset, али две работи:

- После Груевски си отидоа добар дел од неговите, а и за негово време некои квалитетни кадри се тргнаа (пример, портпаролот Мартин). Сега ќе ги зачистат и овие, што ги чистат. И што ќе остане?

- Се праи чистка, reset, ама плански, како Груевски што напраи после Љубчо. Он дури и reset на членствата направи. И после таков reset некое време треба да помине, што значи еден или два изборни циклуси ќе биде тапа.

Не е ова пишано у камен, само мое лично мислење.
Obično e taka....no ima tuka katalizator na reakcijata.....Zajko. Ke ja ubrza toj rabotata
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Ти дечко да си одмориш малку од работа, малку троа наивно и детски размислуваш. Ај од одредени симпатизери да прочитав ова, ама од тебе, веќе сум загрижен какви луѓе живеат тука.

Гајле им било за милијардите и криминали се додека името не се чепка.
Баш би сакал една година изолација да ни стегнат, ама така убава дисциплинирана, да можеме само трева да пасеме, па да ви видам памет и колку ви е до името.

Не викам дека Зајко ќе реши криминал и мед ќе тече, ама да збориш гајле ми е за се, само името е битно, значи во живот немаш ништо друго попаметно да правиш и си си одбрал некаква фикција за да си дадеш значение на безцелниот живот.
Зашто бе не одберете некоја повисока и реална цел во животот ...

Испаѓа 2 опции имаме:
1. Да остане се исто, корупција, сваровски судство итн итн да се смени име, со можност да се влезе во НАТО. Со комуњари на власт, кои сега за сега не се толку сурови како претходните.

2. Се тоа под број 1, само без промена на име и без влез во НАТО и повторно враќање на фараоните.

Реално тежок избор, ама мора да се направи од нас самите.
Зошто бе бафра, што не е легитимно тука... Дали е подобро да чекаме од бога росица (НАТО и ЕУ да не опраи) или пак подобро е сами да се зафатиме за работа???

Јас не чекав друг да ме опраи, сам си ги засукав ракавите.... 27 години живееме со бајките за ЕУ и НАТО... епа доста е... мене мојата црвена линија ми вика дека името не треба да се даде....
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
meanwhile, на премиерата на „Ругање на Исус“, таткото на режисерот затворен... после недоразбирањата на власта околу филмот....
Случајен тајминг ?
Не знам. Али знам дека, ако е вистина и ако нема некој дел кој не е соопштен, им е многу непаметен потег.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
meanwhile, на премиерата на „Ругање на Исус“, таткото на режисерот затворен... после недоразбирањата на власта околу филмот....

Случајен тајминг ?
Јас би го затворил авторот на филмот заради зборот ругање.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Јас би го затворил авторот на филмот заради зборот ругање.
Генерално ваквата ароганција му дава ветар во грб на зајко и тој си мисли дека шиба со 300 на саат, и после референдумот... епа референдумот де.... Ти кажав пред 4 години, ароганцијата има краткотраен успех... после све е бумеранг.... ако не ти е јасно, тогаш погледај го видеото
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.857
Поени од реакции
12.141
Нема посмешно нешто од тоа што некои луѓе после 11 години власт на Гвујо сеуште сметаат дека ДПМНЕ е некоја патриотска опција.
Има, тоа дека владата на Заев (којшто успеа за нецели две години да го стигне режимот на Груевски) ќе не внесела во Европска Унија со Васиљ и Цацко како советници :pos:.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Тoa штo му стaви јaже нa Зaев oкoлу врaт е тoa штo еден тендер oд 32 милиoни лугетo ги бoли пoвеќе oд милијaрдите нa претхoдните.Лугетo вo oчaј гледaa спaсител вo Сдсм,и зaтoa oдгoвoрнoстa и oчекувaњaтa oд Зaев беa еднo 50 пaти пoгoлеми oд сите претхoдни премиери.Тoј си прoдoлжи copy paste Гвујo и сегa ке гo кркa стaпoт.Тoкму пoрaди oвa рaзoчaрaнoстa oд Зaјкo е мнoгу пoгoлемa oд гневoт премa Грујo и фaмилијaтa.Oдгoвoрнoстa штo јa преземa тoј претседaтел нa мoлерo-фaрбaрскa зaдругa беше мнoгу пoвеке oд брoјчaникoт штo гo пoстaви нa триумфaлнaтa пoртa.Тoa мoже месец-двa дa држи вoдa кaј глaсaчите
Најголемиот проблем на воа чергариве на власт е тоа што не чекаа ни еден ден откако дојдоа на власт за да им покажат среден прст на тие што одеа на протести со нив, што ги бранеа, им помагаа, на сите што беа против начинот на владеење на фамилијата.

Дојдоа на власт, и веќе ништо не им сметаше, заборавија дека 10 години ташаците ни ги отекоа јадејки гомна против истите работи кои тие сега ги прават, а кои почнаа да ги прават уште од ПРВИОТ ден на власт.

Нивното мото е:
"Дечки, ве заебавме, кој ви е крив што бевте доволно глупави да ни верувате, сега ќе не трпите малку, кoga можевте да ги трпивте груевци 10 години, ќе можете и нас."

Арно ама, тука многу се заебале, пошто ве-ме-ре ги трпевме толку години и поради нив, поради тоа што знаевме какви се воа гомнава од ес-де-ес.

Значи толку се мизерни, што кога конечно добија шанса, наместо да покажат дека се подобриле, они покажуваат дека се полоши од било кога.
Секакво чувство на припадност имаат изгубено, а тоа опашите што цел живот го ебаа на цицка, од мајчината право на државна, не само што не се благодарни на народот кој тоа им го овозможил, туку и го мразат истиот тој народ, на чиј грб цел живот го поминаа живеејки како бубрег во лој.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.648
Поени од реакции
22.380
Ако има предвремени избори што ќе биде цената за ДУИ да дојде во власта? Двојазичност, претседател Албанец? Заев нека продолжи сега и нека признае дека не успеа референдумот. Има мандат од Македонскиот народ да и каже на Грција дека Преспанскиот договор пропадна и дека Македонците не сакаат промена на устав. Токму тоа е пораката која му ја даде народот на тикваров.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
И кој ќе остане?

ОК, се прави чистка, reset, али две работи:

- После Груевски си отидоа добар дел од неговите, а и за негово време некои квалитетни кадри се тргнаа (пример, портпаролот Мартин). Сега ќе ги зачистат и овие, што ги чистат. И што ќе остане?

- Се праи чистка, reset, ама плански, како Груевски што напраи после Љубчо. Он дури и reset на членствата направи. И после таков reset некое време треба да помине, што значи еден или два изборни циклуси ќе биде тапа.

Не е ова пишано у камен, само мое лично мислење.
Во право си и за двете работи, ВМРО-ДПМНЕ изгуби дваесетина одлични кадри од екипата на Груевски и дека ресет се прави плански.

Е сега, кој би дошол. Ако партија со 180к членови во своите најсветли моменти кои и не беа така одамна не може да смени 50 луѓе, тогаш таа партија не заслужува ни да постои. Ако се отворат местата, ќе се појават и луѓето заинтресирани да ги пополнат. Некои поквалитетни, некои помалку квалитетни, ама ако стварно ги нема, тогаш целиов муабет ни нема поента. Само си губиме време како држава.

И да се изгуби изборен циклус, не е некаква катастрофа, ниту крај на свет. Сепак Мицкоски извади подобар резултат на референдумов со неговата мутава тактика од што јас и во најдобри сценарија очекував. Дали му се посреќи или стварно го бива, ќе видиме веројатно на наредни избори.

Ако ја има среќата наредните избори да бидат “референдумски“ од типот “Македонија или ВМРО“ што би рекол Героски, тогаш ќе може и ресетот во партијата да го направи побрзо и побезболно. Заради таквата поларизација ќе се изгуби лошиот ефект од внатрепартиските судири.

Сепак, ако до пред две години имаше дилеми, после денес една работа е јасна. ВМРО-ДПМНЕ многу побрзо и полесно преболува луѓе од СДСМ. Кај СДСМ секој внатрешен судир (Тито Петковски, Бучковски, Шеќеринска со Спасов и Велија и нивната авантура пред 10тина години) завршува со губење членство, губење избори, луѓе скроз менуваат страна. ВМРО-ДПМНЕ ги преболи и Георгиевски и Груевски со по некоја исплакана солза и животот продолжува.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Ако има предвремени избори што ќе биде цената за ДУИ да дојде во власта? Двојазичност, претседател Албанец? Заев нека продолжи сега и нека признае дека не успеа референдумот. Има мандат од Македонскиот народ да и каже на Грција дека Преспанскиот договор пропадна и дека Македонците не сакаат промена на устав. Токму тоа е пораката која му ја даде народот на тикваров.
МВР или МНР, минимум ова ќе го побараат. А нема да ме изненади, заеднички кандидат за претседател - албанец, нешто што Фрчко го збореше у Тирана уште пред 2 години. Ама ајде да не бидам толку песимист :)
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Тие во својата земја не инвестираат, а не кај нас.
Дај не си правете филмови со Русија, поголеми педери се од Американците и сите Западни Европјани, ја заебаа и Србија за време на војната, прво им дадоа залет да ги поткренат и после им го тргнаа и падобранот.
Ги заболе Русија за Македонија, исто како што ги заболе и НАТО, ЕУ, сите имаат некоја ситен ќар од земјава, а плус не начекаа боси и изгубени во простор и време, па си ги ладат и отвораат по некое место за администрацијата нивна што им се шетка наваму.
Факт е дека не сме никаков фактор тука, тоа со приказните дека имаме јака геостратешка позиција пак не држи, ако не стегнат ќе ги отвориме границите и автопатите да поминуваат кога сакаат и колку возила што саакат и ќе им мавтаме „па-па“ како дечиња мали.

Реално сите сакаме да сме во ЕУ, како и да се свртиш парите се во тие земји и целта е да киднеме натаму, е сега проблемот е што во таа унија ние нема да влеземе ни со договор ни без договор во следните 10 години, а за тој период ќе имаме уште еден куп заебани генерации. Ако влеземе, инвестициите за ефтина работна сила ќе се зголемат, а ние ќе се отселуваме со појако темпо од сега, истото се случи во Хрватска, Романија, Бугарија. Сум бил во сите земји и имам соработници од сите три земји пред и после влегувањето во ЕУ и нивното кажување е дека влезот во ЕУ им даде како бенефит: подобра инфраструктура и полесно да киднат од државата, покачувањата на стандардот се минорни особено за работничката класа, странските инвеститори ако сакаа да даваат Европски плати ќе седеа во нивните земји, немаше да доаѓаат во Југоисточна Европа, така да и странските инвеститори ако во нивните земји даваат за одредено работно место 2000 евра, тука ќе даваат 500-600 евра, таква е ситуацијата во земјите што ви ги спомнав. Платите им ги зголемија, ама со повишувањето на трошоците за даноци, исхрана, услуги идиш на нула, бенефит ќе биде тоа што ќе може полесно да се смени работно место и да се намали невработеноста, инаку тие 500 евра што ги ветуваат нашиве ќе ви вредат колку сега 300 евра, а со таа сума и сега се живее кучешки живот, а истото ќе биде и тогаш.
Така да на оваа територија тешко дека ќе има добри услови да се живее уште следни 30 години, т.е за некои и сега е рајската градина, ама за некои ќе биде пекол уште многу долго.
Неколку пати сум пишал ама еве специално и тебе ќе ти повторам: не се работи за љубов, а за интереси, а ако се работеше за љубов тогаш пак западот неможе да не љубит појќе. ОК? Ако еднинствен извор на информирање ти е ѓероски и тричкоски тогаш ок те разбирам зошто имаш таков впечаток дека немаат интерес. Сепак погледни го новото интервју на Рускиот амбасадор, ако сакаш објективен мудабет да прајме.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.486
МВР или МНР, минимум ова ќе го побараат. А нема да ме изненади, заеднички кандидат за претседател - албанец, нешто што Фрчко го збореше у Тирана уште пред 2 години. Ама ајде да не бидам толку песимист :)
Mene ova optimističko mi deluva.....pesimističkata varijanta e mnogu pološa( seti se na Švicarska)
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
А Грција може да се проституира со САД, УК, ЕУ, тоа на Русија и е ОК :cautious: . Катар, С.А може да имаат амерички воени бази кај нив, на Русија тоа и Ок. :aplauz:
Јас ти набројав кои позитивни работи ги имаме со ЕУ, ти ниту една не напиша за со русија.. ЌЕ напиша, тоа ЌЕ, ме потсетува на Шеќеринска, чиј дедо бил главен во преговорите меѓу СФРЈ и Русија. Изгледа случајност некоја :sneaky:

Да си читал други теми а не само оваа, ќе сфатеше дека ниту сум русофоб ниту русофил ниту еуфил ниту еуфоб. Само кажувам реални работи. Заклучокот е дека Русија повеќе ја сака Грција и Србија, а Македониа од секогаш со 0 не множеле.

Ене ти го ТЕТО, види колку милиони евра Македониа изгуби од "добрите и грижливи" Руси. Оди сега пишувај колку сме глупи што не ги сакаме добрите руси :facepalm:
Ало Франкфурт, се слушаме ли? Грујо се откажа од турски тек, Зајко да тргна да реиницира да се гради тука? Што сакаш да дојде Путин или Лавров да дојде и да му клекне на колена, аман одобрите ни да инвестираме во вашата земја. И што не е јасно и сомнително во изјавата на абасадорот на Русија "спремни сме да соработуваме во секое поле до таму до каде е подготвена да соработува македоската страна".
За еу ти пишав веќе, работата со нив е више дара него масло.
Заклучокот е дека Русија повеќе ја сака Грција и Србија, а Македониа од секогаш со 0 не множеле.
Е ова веќе може да се смести во еден од по-аргументираните ти заклучоци:facepalm:[DOUBLEPOST=1538782356][/DOUBLEPOST]
Ако има предвремени избори што ќе биде цената за ДУИ да дојде во власта? Двојазичност, претседател Албанец? Заев нека продолжи сега и нека признае дека не успеа референдумот. Има мандат од Македонскиот народ да и каже на Грција дека Преспанскиот договор пропадна и дека Македонците не сакаат промена на устав. Токму тоа е пораката која му ја даде народот на тикваров.
На денот на референдумот попладен имале Зајко и Аљи средба, по што почна полнењето на кутии, што се договориле??? веројатно нешто од она што си го пишал.[DOUBLEPOST=1538782997][/DOUBLEPOST]
Ха ха е приказнава ...

Му гори на ДПМНЕ :)
Казабланка. дпне во нај погоден момент го пуштиле кртот, да даде потврда на нивната(од Васко Ефтов за прв пат лансирана)теорија. Во време кога Бојкотот и изјавите на Русија им дадоа ветер во грб. Симптоматично уште повеќе го прави што веднаш отишол кај поттрчкото на дпне, кој до пред извесно време го нарекуваше козар, кучкар... а за Мицковски дека е исто како Заев слуга на бејли. И точно сега, иако одамна разбрал се сетил дека обелодени дека Бачев не е циашот...
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom