Самото тоа што ќе бидат избори, кај што искачаш и си гласаш тајно, бетер бродолом ќе им се деси.
На Референдумов можеа да те контролираат, се знае ако не искочиш, го јадеш. И пак не му искочија.
Први избори кај што ќе идат сами, без предизборни коалиции со Дуи, губат. Страшна разочараност има, и од ветување за вработување, и од се.
Кога сме кај македонскиот народ. Му наметнаа територијална 2004та така? Што им се деси у 2006та од Вмро кое беше бетер од ова денес, во кое член со член неќеше да се види, и се тепаа кај ќе стигнат.
Сега да им наметнат ново име, и ќе го гласаат веслачов? Еве памти го постов, ако тепа на кои било следни избори кај што ќе оди без предизборна коалиција, те частам шо сакаш
Споредуваш референдум со избори, тоа ти е прва грешка во чекори, едно е кампања за референдум, друго е за избори, ако ова им донесе над 300 000 гласови, очекувај дека изборите ќе им донесат повеќе, забораваш дека покрај сите бомби, покрај сите притисоци од страна и изваден прљав веш на виделина, грујо уз сител и компанија си изгура до 450 000 гласови на избори.
Сега каква е ситуацијата знаеш во медиумскиот простор ?

Поддршката од западот кон кого е наклонета ?
Кој е на власт и кој диригира се ?
Ова се доста битни атрибути за една политичка партија кај нас кои многу лесно можат да ги одржуваат горе, всушност, оној кој ги диригира работите од горе е клучот, а тој не е наклонет кон дпмне, поготово не после референдумов, така да батали частење и било што, за ова стварно е бедно да частиш и да се трошиш.
Уживај си, чекај ги изборите, и разочарај се, односно, сфати го фактот дека во земјава живее дно од народ, не гледај на кајгана како размислуваат, нит на фејсбук по коментари, тие размислувања кои се поклопуваат со твоите или оние кои размислуваат трезвено во државава се малцинство, минорен е нивниот број, ти не си им интересен, него некој чобан лесно манипулативен од свирипичино, и таквите како него, кои се грото од гласачкото тело.
Чим на груевски не му беше проблем над 450 000 да тера, нема да им е и на овие, ќе играат на проверената формула од грујо, тестирана со години и години во земјава, и тоа ќе биде тоа. Разликата власт и опозиција, и избори, ја имаш ако направиш споредба од парламентарните и локалните, каде вмро падна у општини кои ни на сон до вчера не очекував дека ќе ги изгубат, е толку за краток временски период откако дојдоа на власт успеаа да влијаат врз политички нискоинтелигентните гласачи.
Е сеа дека тешко би стигнале до 81 пратеник со ДУИ, тоа да, се слагам, ама дека ќе изгубат на избори, па поготово против овој тим на дпмне, теоретска шанса нема, батали емоцинално размислување, и еуфорија од пропаднатниот референдум, референдум кој од старт се знаеше каков епилог ќе има, избори ти се друг политички универзум.