Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.486
На мои пријатели од Кичево...албанци кои се доста влијателни во ДУИ...за референдумот им кажав мислење дека Меркел ја испушти шансата за да биде успешен референдумот.
Имено им предложив....ако сакаат успешен референдум.....дека Меркел требаше да дојди со торба......да трасни на маса 1 милијарда за инфратруктурни објекти(реални а не како од Циле)......со тоа што 1/3 од тие пари одма да можи да се ослободи за старт.
Кога народот во Македонија ќе види за прв пат дека европјаните стварно го одржуваат ветувањето(а не како за ФИРОМ, знамето, босанските бегалци, асоцијативното членство, косовските бегалци, небото на РМ за мобардирање на Србија, рамковниот, територијалната......-излажани) ....поинаку ќе делуваше
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
500 000 луѓе ДПМНЕ не може да извади на избори во следните 20 години. Али сакам да знаеш дека го ценам твојот патриотизам и твоето воодушевување со ликот и делото на Хорхе. :D
Никој не може да го засени ликот и делото на Зоти!Па тоа стипендии и тендери фрчат на сите страни!Чочеци пред тунели, нови задолжувања ,горивата секоја недела достигнуваат нови рекорди и плафони,бреее каков успех какви достигнувања!
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Разликата е ден и ноќ, ама најискрено ме мрзи да цепидлачам у детали зашто е тоа така, само ќе ти кажам дека праиш муабет за кампања за (консултативен) референдум чиј епилог однапред им беше познат од сите јавни и интерни анкети што ги правеа, и муабет за парламентарни избори, нешто што треба да ги одржи на власт ...
Ко да споредуваш играње на реал против гетафе у лига на веќе дефинирана табела, и финале со ливерпул во Лига на Шампиони. Вака со една глупа споредба да ти доловам како биле заангажирани за едната ствар, а како за другата.

И да, те сфатив на што мислиш, без дуи, пак ќе победат, пак ќе останат на власт, пак ќе коалицираат со дуи, и нема да имаат 81 пратеник.

Не може мицко со 2% рејтинг било што да напраи, теоретска шанса нема партија предводена од мицко да парира на избори каде другата политичка опција контролира Се, и има целосен бек ап од западот. Незнам зашто ја спомнуваш 2016, кога дпмне сеуште ко џокери ги имаа поголемиот дел од медиумите, и печатените и оние на тв, требаше да ги спомнеш локалните избори, кога и ја изгубија власта и медиумите, и доживеаа тешко фијаско ... со далеку подобар тим на луѓе у партија од овој сега, разликата е у класи.

п.с. пред некој ден на бастердот му реков, кога пиша дека сега се во ситуација да му го пушат на грујо за гласови у собрание, го поправив и место грујо, го ставив мијалков, а како се одвиваат моментално судските процеси и со едниот и со другиот, повеќе е од евидентно со кого иде пазарот, а со кого не. :)
Вакви бодрења меѓу членството имаше и пред референдумот, ама на крајот референдумот се сведе на 200К албанци, 50К наполнети кутии, уште 50К останати малцинства и не повеќе од 310К македонски гласа.
Да не прајме муабет што од овие дел беа сончоглед администрација извадена под притисок, а сиротите за да стигнат до оваа мизерна бројка мораа да лажат дека се гласа за ЕУ, во прашањето да не го стават договореното име, како и да претат со војна доколку не поминел референдумов. Исто пола западен свет го мобилизираа, фрлаа пари за снимање реклами на секој кој барем еднаш излегол на ТВ, самопрогласен уметник. Ова беше од прилика сваки дан цео дан месец дена пред референдумот, кампања за која и власта на С.Кореја би подзавидела. За на крајот да извадат мизерни 300К македонци. И ти после 1-2 месеци од ваков дебакл сметаш дека магично ќе изгази СДС на избори кои ги закажува за да ја истера истата агенда? Океј верувајте си, ама размислете малку за после да не бидете со зинати усти после уште едно фијаско.
А и точно е дека жмицко има 2% рејтинг, ама заборави да спомнеш дека Заев после толку глупости и лажења во овие година ипол има -50% рејтинг.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Ни тоа пак не е гарант дека нема да се собере 2/3 мнозинство... 2-3 пратеници да купиш е полесно... развлекување на изборите е вистинската добивка...
Точно, ама ВМРО-ДПМНЕ прави се што може да зависи од нив во таа насока, а не зависи многу. Иванов може да стапи на сцена после избори, и да има квалитетно развлекување.
Да, ама ја тврдам дека ќе имаат повеќе од тој минимум. И дополнително, ова шо вика јамајка, мора да се отарасат од овие со "реформаторски набој", разни Крстовци, Даневци, Иљовци и слични живинки, кај шо имаш луѓе шо морало народ да ги држи под надзор за да не го изразат нивното демократско право и да гласаат против. :D
Влада не формираат во секој случај, ама мора 45+ и мора чистка.
Па чистка природно си иде. Фино почнаа со она гревон глуп крушевски, не знам зошто не продолжија на централен вчера. Има од таму да се исчистат уште 10-15 луѓе, па тоа ќе си повлече и чистење надоле по структури. Ама некако премногу калкулираат...
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Нема посмешно нешто од тоа што некои луѓе после 11 години власт на Гвујо сеуште сметаат дека ДПМНЕ е некоја патриотска опција.
Тоа од 45та навака нема.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Точно, ама ВМРО-ДПМНЕ прави се што може да зависи од нив во таа насока, а не зависи многу. Иванов може да стапи на сцена после избори, и да има квалитетно развлекување.

Па чистка природно си иде. Фино почнаа со она гревон глуп крушевски, не знам зошто не продолжија на централен вчера. Има од таму да се исчистат уште 10-15 луѓе, па тоа ќе си повлече и чистење надоле по структури. Ама некако премногу калкулираат...
Генерално после оваа епизода што се деси, јас верувам дека ќе се мобилизира она подзаборавеното старо членство на дпмне, и тоа самоиницијативно. Све само Заев да не биде ниту блиску до тоа што го посакува. Веќе да ти кажам и да се заинтигрираа луѓето за миљардите и криминалите, веќе почнуваат да си викаат дека е ова поголемо зло од све тоа.... Без разлика колку ставре да не убедува нас и да се убедува сам себеси дека сдсм ќе понесе славна победа.... Тоа е тешко да се случи на дело.... Национализмот го запали лично и персонално Заев.... Со тие работи што нели беа во главите на жмороните и грујо.... Значи му успеа тоа што на грујо не му успеа со сите тие споменици....

Е сега нема веќе враќање... врвот го достигнаа, сега се веќе во слободен пад....[DOUBLEPOST=1538771168][/DOUBLEPOST]
Нема посмешно нешто од тоа што некои луѓе после 11 години власт на Гвујо сеуште сметаат дека ДПМНЕ е некоја патриотска опција.
Да пресмешно е.... А уште посмешно е тоа што Заев тоа им го овозможи.... И тоа не е се... во пакет со Грујо кој ете се жртвуваше да лежи затвор, а не се договори за да гласа....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Г А уште посмешно е тоа што Заев тоа им го овозможи.... И тоа не е се... во пакет со Грујо кој ете се жртвуваше да лежи затвор, а не се договори за да гласа....
Чекај, чекај, жити се. :pos:

Ти сериозно мислиш дека на Гвујо некој му понуди опција да гласа за промените во замена да не оди во затвор? :icon_lol:

Се жртвувал Гвујо... Не мом, ќе умрам.

:lolzz::lolzz:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Дури и Нобеловиот Комитет е учесник во рускиот заговор против зајко кукурајко и плавите жолтици.

https://off.net.mk/net-roulette/onaka/zaev-izgubi-nefer-namesteno-rusite-mickovskidaobjasni

Заев изгуби #нефер #наместено #русите

5 Октомври 2018 - 11:22



виа

Реакции:

СДСМ
: Бараме промена на комплетниот корумпиран и партизиран Нобелов комитет и назначување наш претставник на чело на комитетот.

Орданоски: Во дипломатски кругови одамна е позната замешаноста на руските тајни служби во Нобеловиот комитет и фактот дека Москва ги влече сите конци при одлучувањето;

Фрчкоски: Тетките од Нобеловиот комитет продолжуваат да работат на сопствена штета.

Пендаровски: Тоа што по македонски портали беше спомнато дека Заев сериозно е во трка за Нобелова награда, нам ни е јасен сигнал на расположението на македонското општество.

Мицковски: Мене како математичар ми беше јасно. Плус ги слушав вибрациите, плус добив навигација дека така ќе испадне. И да повторам, мене како математичар ми беше јасно.

Димитров: Конецот едвај го составивме а Норвежаните намерно ни го скинаа зошто сакаат да нè држат во изолација.

Ременска: Ако можеше Нобелова награда за мир да добие Обама бин Ладен, зошто да не може и Заев?

Шилегов: Нек се моја душа смири.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Чекај, чекај, жити се. :pos:

Ти сериозно мислиш дека на Гвујо некој му понуди опција да гласа за промените во замена да не оди во затвор? :icon_lol:

Се жртвувал Гвујо... Не мом, ќе умрам.

:lolzz::lolzz:
Види не е важно што јас мислам... најмалку е тоа важно.... Важно е што цело време СДСМ тврдеше дека преговарале за услов амнестија, и баш после неуспешниот референдум го затворија... Значи не да го погодија терминот.... тамански... договарале, не исполнил договор, го затвориле ....

А како е у ствари, не е ни важно...
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Види не е важно што јас мислам... најмалку е тоа важно.... Важно е што цело време СДСМ тврдеше дека преговарале за услов амнестија, и баш после референдум го затворија... Значи не да го погодија терминот.... тамански...

А како е у ствари, не е ни важно...
Важно е, мене ме интересира. Еве кажи ми дали ти при здрава памет мислиш дека на Гвујо му е понудено такво нешто?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Важно е, мене ме интересира. Еве кажи ми дали ти при здрава памет мислиш дека на Гвујо му е понудено такво нешто?
Види сега, со оваа пародија што се случува последните 4 години, можам да ги кажам дека и тоа да било не би ме зачудило, мада не сум некој што без цврсти докази ќе го има тоа мислење.....

Јас ќе ти кажам една работа, од мој аспект.. Јас после сите овие перипетии што се случуваат ми доаѓа на мисла после 10 години да отидам во штабот на ДПМНЕ и да се понудам без никакви услови да помогнам да дојдат повторно на власт... Да да, баш така, а тој став го делат многу бивши ВМРО-овци. Заев е на праг да ме мобилизира. Исто како што се чудиш како од Хорхе испадна херој, така немој и да ти падне чудно ако Мицко некако стане лидер...


Зошто да се вратам? Затоа што здравиот разум ми кажуве дека тоа е единствената опција што во моментов може да му се спротивстави на Заев и на она што наумил да го направи.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Поголема проклетија од комуњар сте начекале бе ?

Тие да можат ќе го бесат на плоштад, ама многу фактори влијаат моментално. :pos:

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Па чистка природно си иде. Фино почнаа со она гревон глуп крушевски, не знам зошто не продолжија на централен вчера. Има од таму да се исчистат уште 10-15 луѓе, па тоа ќе си повлече и чистење надоле по структури. Ама некако премногу калкулираат...
И кој ќе остане?

ОК, се прави чистка, reset, али две работи:

- После Груевски си отидоа добар дел од неговите, а и за негово време некои квалитетни кадри се тргнаа (пример, портпаролот Мартин). Сега ќе ги зачистат и овие, што ги чистат. И што ќе остане?

- Се праи чистка, reset, ама плански, како Груевски што напраи после Љубчо. Он дури и reset на членствата направи. И после таков reset некое време треба да помине, што значи еден или два изборни циклуси ќе биде тапа.

Не е ова пишано у камен, само мое лично мислење.
 
B

Bafra

Гостин
Види сега, со оваа пародија што се случува последните 4 години, можам да ги кажам дека и тоа да било не би ме зачудило, мада не сум некој што без цврсти докази ќе го има тоа мислење.....

Јас ќе ти кажам една работа, од мој аспект.. Јас после сите овие перипетии што се случуваат ми доаѓа на мисла после 10 години да отидам во штабот на ДПМНЕ и да се понудам без никакви услови да помогнам да дојдат повторно на власт... Да да, баш така, а тој став го делат многу бивши ВМРО-овци. Заев е на праг да ме мобилизира. Исто како што се чудиш како од Хорхе испадна херој, така немој и да ти падне чудно ако Мицко некако стане лидер...


Зошто да се вратам? Затоа што здравиот разум ми кажуве дека тоа е единствената опција што во моментов може да му се спротивстави на Заев и на она што наумил да го направи.
Веќе да ти кажам и да се заинтигрираа луѓето за миљардите и криминалите, веќе почнуваат да си викаат дека е ова поголемо зло од све тоа....
Ти дечко да си одмориш малку од работа, малку троа наивно и детски размислуваш. Ај од одредени симпатизери да прочитав ова, ама од тебе, веќе сум загрижен какви луѓе живеат тука.

Гајле им било за милијардите и криминали се додека името не се чепка.
Баш би сакал една година изолација да ни стегнат, ама така убава дисциплинирана, да можеме само трева да пасеме, па да ви видам памет и колку ви е до името.

Не викам дека Зајко ќе реши криминал и мед ќе тече, ама да збориш гајле ми е за се, само името е битно, значи во живот немаш ништо друго попаметно да правиш и си си одбрал некаква фикција за да си дадеш значение на безцелниот живот.
Зашто бе не одберете некоја повисока и реална цел во животот ...

Испаѓа 2 опции имаме:
1. Да остане се исто, корупција, сваровски судство итн итн да се смени име, со можност да се влезе во НАТО. Со комуњари на власт, кои сега за сега не се толку сурови како претходните.

2. Се тоа под број 1, само без промена на име и без влез во НАТО и повторно враќање на фараоните.

Реално тежок избор, ама мора да се направи од нас самите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom