Дали телевизиските куќи кога вршат анкети пред гласачките места вршат и еден вид на евидентирање на гласачите и попречување на гласачкото право!? Минатиот пат кај нас имало медиуми, сега немаше, а за волја на вистината немаше ни народ. Последниот пат чекав 10тина мин., сега влегов одма. Кутијата беше релативно празна, по моја проценка имаше до 50тина ливчиња во 9 ч., што гледам дека и кореспондираше и со бројката на ДИК. Во секоја демократија, од каков и да е вид референдумот, ако не успее (или изгуби одредената опција) треба и да пропадне намерата која може да се манифестира во многу форми (во нашиот случај како договор). Некогаш и претседателот на Владата, претседателот на државата или премиерот си поднесува оставка, како што беше случајот во Британија или во Франција пред неколку децении. Кај нас ќе го гураат, ќе се закануваат, ќе условуваат и ќе се спогодуваат. Ако падне во Собрание, во случај да не се спогодат, пак ќе го стават за некоја година. Ама ЕУ не прифаќа НЕ како одговор, а имаат историја за тоа.
Ова е момент за некоја 3та македонска политичка партија. Еднаш имавме, мислам ЛДП и имаше солидно гласачко тело од околу 100.000 гласачи. Ќе биде и успех ако има и партија која ќе влече 50.000 гласови од македонскиот блок, а ова е одлина шанса. Имаме мизерна и слаба опозиција без партиски ставови и власт со тенко парламентарно мнозинство која влече ризични потези. Ова е шанса за нив, посебно ако референдумот не успее.