Никој не може да ги прекрсти македонците ако тие самите не сакаат.
1. Албанците тежат 250.000 гласови.
2. Албанците имаат 20 пратеници.
Ако македонците се одлучни по оваа прашање, албанците само можат да се сликаат.
Како македонци :
Имате политичари и во Сдсм и Дпмне што преговарале и договарале, и Грујо и Зајко, и Лубчо и Бранко, јасно ви е дека овој спор мора да се реши.
Пошто шетате, гледате, споредувате, и јасно ви е дека сте заглавени, не живеете добро, нема работа, нема пари, младите бегаат, а ви годи да терате напред кон подобар живот, а за да терате напред знаете дека треба да се реши спорот.
И покрај тоа што ќе се промени името, вие ќе продолжите да бидете македонци.
А како ќе се вика државата тоа е мала работа, само бидете си вие развиени, има цел свет да ве знае.
Еве ги евреите, живеат во држава Израел, а уште повеќе живеат во диаспора, но цел свет ги знае.
Еве ги албанците, живеат во држава Албанија, а уште повеќе живеат надвор од неа.
Бидете и вие македонци кои живеат во држава Северна Македонија, бидете си успешни, развиени ... можеби еден ден ќе успеете да го вратите името Македонија, но тоа не се прави со терање магарешки инает.
Све од вас зависи, вие сте тие што во недела одлучувате, исто и во собрание вашите ќе одлучат.