Да биде јасно, цензусот како што е поставен нема шанси да биде достигнат, тоа им е јасно на сите, како што кажа
@Bojan Van Buuren погоре, во овој избирачки список од старт постои голем процент на луѓе што не живеат тука и луѓе кои речиси 30 години, од референдумот 1991 не излегле, ниту некогаш во својот живот ќе излезат на било какво гласање, но треба да разберете дека не е поентата на овој референдум достигнување на цензусот, затоа и референдумот е консултативен
Нема да навлегувам во правно-научни дебати дали во случајов треба да се распише задолжителен или не, оти од една страна прашањето е за НАТО и ЕУ, (чисти ради замка, суштината е договорот со Грција), од друга страна не се одлучува сега директно за влегување, кога ќе дојде време би требало да се распишат уште два референдума (еден за влез во НАТО, еден за влез во ЕУ), ама има повеќе толкувања на овие дилеми
За власта е важно да извади што поголем број на луѓе, настрана цензусот, 700.000 за нив би биле задоволителна бројка, тоа веќе се гледа по сите нивни изјави деновиве дека за нив легитимно ќе биде мислењето на излезените, со таа бројка веројатно западот (ЕУ, САД) ќе честитаат како за успешен референдум и ќе повикаат да се заврши процесот со уставните измени. Тука доаѓаме до вториот дел, власта би имала две опции, со овие 700.000 (пример давам слободна проценка, не значи дека толку ќе бидат) или ќе притискаат на опозицијата во овој собраниски состав да се изгласаат уставните измени или ако бројките ептен им се поволни (гледајќи по изборни единици) да се оди на брзи избори до крајот на годината, таман додека се формира ново собрание и влада ќе дојде време и за претседателските каде ќе се надеваат на победа на нивниот кандидат со што ќе се заокружи целиот процес со потпишување на указите на сите законски и уставни промени од страна на новиот претседател.
За опозицијата, резултатот ќе значи две работи. Прво, изговор дека „победиле“ со тоа што мнозинството не го прифатило договорот, легитимитет на нивната политика на спротиставување на договорот, со тоа Мицковски добива на „цврстина“ и углед во својата база. Ама од друга страна, со бројките што ги спомнав погоре, за нив ќе значи дополнителен притисок и изолација од западот, притисок на нивните пратеници и притисок и поделба внатре во партијата, со оглед дека и сега не им е 100% чиста ситуацијата и имаат одредено разногласие. А да го додадеме и фактот дека во наредните месеци многу од нивното бившо раководство и пратеничка група ќе дочекаат и првостепени пресуди за обвиненијата.
Брзи избори во декември нема да им одговараат, освен во случај бројките на 30 септември за опцијата „ЗА“ да се ептен слаби, плус со мизерната работа на владата ќе биде добитна комбинација за нив.
Се на се, референдумот на 30 е една скапа анкета за тоа дали наскоро треба да има нови парламентарни избори, тоа е суштината.