На страна тоа дека е супер промена ова со намалувањето на трошоците, чисто сумљам дека ова е договорено заедно со нотарите и извршителите. Чудно ми е што до пред пола година со законот за нотаријат требаше да им се дадат поголеми овластувања на нотарите, тој предлог после се повлече, а сега им ја намалуваат тарифата...
Башка пак ја тука ќе кажам дека ми е спорен моментот кога се најавуваат вакви популистички мерки. Измените на законот за нотаријат и законот за извршување не се ни ставени на енер, а од кога ќе ги стават на енер мора да поминат 20 дена за коментирање па тек тогаш да се достави до собрание. Муабетот ми е дека пак се пробуваат да се купуваат гласови, зошто немаше да биде катастрофално ако оваа одлука на владата се соопштеше во понеделник место на 4 дена пред референдумот