Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
12.812
Неспорен е мотивот, членство во ЕУ и НАТО, тоа се легитимни цели на секоја држава од нашиот калибар, неспорни се придобивките и реалноста дека членството таму за нас е императив и во моментов единствен пат кој нуди реални изгледи за вистински промени во нашето 27 годишно независно општество.

И пред некој да ми се нафрли, јас уште пред целата оваа работа околу името да се актуелизира сум зборел дека решение мора да се изнајде, дека ние мораме да изнајдеме некакво решение со Грција кое ќе значи најмала штета, ќе биде компромисно во вистинска смисла на зборот. Дека времето не работи за нас, дека колку повеќе чекаме аргументите се префрлаат на страната на Грција.
Во тоа време беше модерно да се живее антички, да се биде патриот, па ваквите муабети обично беа веднаш дочекувани на нож...

Што е проблемот сега? Проблемот за мене не беше преговарачкиот процес, проблемот за мене е моменталното решение кое се постигна, неговата содржина и формата на договорот...од тоа не сум задоволен.
Долг период се водеа преговори за се тоа да пропадне во вода, буквално. Ваков договор можеше да се постигне во било кое време, секој идиот ќе испреговараше ваков "компромис"
Оваа владеачка гарнитура во вода ги фрли сите предходни децении на преговарање. Па која е логиката на ерга-омнес решение во билатерален спор во услови кога ве признале под уставното име над 140 држави во светот, од кои што повеќе од половина се најрелевантните светски играчи?
Која е логиката на вакво решение со добиена пресуда во ваша полза донесена од највисок меѓународен правен орган во која изрично се вели дека вие сте оштетената страна, дека сите аргументи се на ваша страна, дека Грција нема никаков основ да спори и да ве блокира согласно привремената спогодба која што повеќе од јасно е дека беше прекршена од нивна страна...

Зошто во едни такви услови се потпиша ваков штетен договор со еден куп членови кои што во 90% се обврска наметната кон нас а едниствена обврска на Грција е да не го блокира процесот на нашето зачленување во ЕУ и НАТО, или како што вели Апасиев и јас комплетно се согласувам, дека: ова е пресликана обврска на Грција од времената спогодба. Значи ние по втор пат се договараме со Грците за една иста работа, откако предходно, во 2008 год. на самитот на НАТО во Букурешт еден ист таков договор грубо го прекршија.
Тогаш кои гаранции моменталниов договор ни ги нуди дека во иднина нема повторно да доживееме едно исто такво сценарио?

Јас не сум правник, ама не треба ни да бидам, треба само малку логика за да се види дека договорот е полн со нејаснотии и остава простор секој различно да го интерпретира.
Јас сум сигурен дека ни Заев ни Димитров имаа поим што уствари имаат договорено и потпишано. Ако знаеја тогаш до сега требаше темелно да го образложат договорот во јавност, да кажат каде е компромисот и што е толку добро во него. Истото важи и за опозицијата со Мицковски. Не да глумат лудило и да заобиколуваат, туку јасно да кажат пред народот што е тоа што нечини во договорот.

А не ваму, Мицковски ми изиграва Понтие Пилат, си ги измива рацете од одговорност и вели: "секој за себе одлучува"
Тоа држи вода откако ќе го сподели сопствениот став и ставот на партијата, јасно и гласно. Во случајов бега од одговорност, се претвора во статист, и еден ваков човек во ниту еден случај несмее да претендира за функција иден премиер, ако до тоа доведат идните околности.

И референдумот за мене е апсурд во дадениве околности. На веќе донесена одлука, на веќе склучен договор, потпишан пред цела меѓународна заедница и објавен низ целиот свет, веќе испратена порака дека нашето ново име е "Република Северна Македонија" вие го консултирате народот. Зарем не звучи смешно?
Ако рефререндумот беше распишан пред неговото потпишување и обзнанување пред светот, пред да се превземат такви нелегитимни активности, туку веднаш се консултираше народот, во тој случај се ова што се случува денес ќе имаше смисла. Ќе имаше смисла да се бара мислење и излезност од страна на народот.
Вака кој е мојот мотив да гласам кога предвреме ми е кажано дека моето мислење се множи со нула?

И за крај, извесно е дека на еден или на друг начин договорот ќе стапи на сила. Неуспешен референдум најверојатно само ќе го забави неговото стапување во сила, слично како законот за јазици кој што моментално е ставен на стенд бај.

Мене не ми е јасно, еве и да почнеме преговори со ЕУ, кој тие преговори ќе ги води? Заев? Истиот калибар на продадени политичари од калибарот на Грујо и Бранко? Лубчо Бугарот ли? Бучко? Шекеринска?!?
Кој ќе ги убеди нив да прекинат да крадат, да воведат реформи во судство, да ослободат медиуми, да прекинат со партиски вработувања, да запрат со делење на тендери...затоа што тие се легитимните цели ако сакаме да не биде, мењање име не не менува нас ко народ и нашиот менталитет, за жал.

Јас нема да гласам на овој референдум заради уште една причина, покрај купот горенаведени. Заради тоа што не сакам да им дадам простор утре да го правдаат лошиот договор преку моето учество во него. Затоа што сите гомнарии содржани во договорот со Грција за кратко ќе испливаат. Во тој момент овие лигуши повторно ќе се повикаат на народот, ќе речат народот така гласаше, тој одлучи. Како за се во минатото ќе бегаат од одговорност.
ЕУ и НАТО ако не ги убедат ние самите сигруно нема да се убедиме, тоа и го кажуваш во почетокот на твојот пост, за после да прашуваш.:unsure:
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.895
Да бе, бот сум. Биди сигурен во твојот патриотизам и гласај Против. Ти објаснав што се постига со бојкот а што со гласање. Вие одма плачете ќе местеле :place: , па ебаве патриотите кога не можете при толку избори дан направите фер да е. А може од претходно искуство на местење, се сомневате во другите дека се како вас. :sneaky: Не се сите исти :D

А за јазикот ти кажав и така ти го менувале претходно, плус пола Солун знае Македонски :P.

Нема потреба да се мести. Вие или слаби по математика или знаете дека немате толку следбеници, (од претходни местенки) па да не се резилите. Полесно можда им е да нема цензус, да не се мачат за местења. Во парламент полесно ќе соберат потребни пратеници и глатко ќе помине. Оправдување ќе им биде, па на референдум иако немаше цензус, мнозинството беа ЗА, па ние ја почитуваме нивната волја.

Штом Тереза Меј, од Пентагон и остали дојдоа или пратија абер, одма добив желба да гласам.

Ако народот и при толку сигнали не сфати што треба да направи, тогаш нека ни удрат еден убав стап, па ќе ги молите ни Македонија да не остане во името.

Многу вака храбри и грижливи за Името. Камо среќа да бевте паметни и исти (грижливи и храбри) последниве 10год. кога се продолжи со уништување на целокупниот државен и приватен систем. Тогаш да бевте храби, сега немаше да бидеме во оваа состојба.

Да ве интересираше зашто толку се задолжуваме, зашто толку истепани Македонци, зашто толку џамии и радикални оџи, зашто образование, здравство се катастрофа, зашто толку субвенции а намалено производството (кај иделе парите) и уште многу зашто, ама само едно - ете затоа, ќе идам да ве помножам со нула. Ти ако сметаш дека сте мнозинство излези, гласај и погрижи се да не се мести, оти имате искуство како се прави тоа :D
Сигурно си многу јак математичар и високоинтелегентен штом слепо веруваш на белосветски мешетари.И во 2004 за време на референдумот за територијална поделба кој беше фалсификуван исто така ни доаѓаа разноразни мешетари со порака дека треба да се бојкотира бидејки бил против евроатлантските интеграции. И така референдумот пропадна и пола Скопје,Струга и Кичево се европеизираа т.е. албанизираа.Ти најверојатно и тогаш си ги послушал мешетарите и си го бојкотирал реферндумот врз база на твоите математички вештини,како што и сега ке излезеш да гласаш на повик од исти такви мешетари.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Неспорен е мотивот, членство во ЕУ и НАТО, тоа се легитимни цели на секоја држава од нашиот калибар, неспорни се придобивките и реалноста дека членството таму за нас е императив и во моментов единствен пат кој нуди реални изгледи за вистински промени во нашето 27 годишно независно општество.

И пред некој да ми се нафрли, јас уште пред целата оваа работа околу името да се актуелизира сум зборел дека решение мора да се изнајде, дека ние мораме да изнајдеме некакво решение со Грција кое ќе значи најмала штета, ќе биде компромисно во вистинска смисла на зборот. Дека времето не работи за нас, дека колку повеќе чекаме аргументите се префрлаат на страната на Грција.
Во тоа време беше модерно да се живее антички, да се биде патриот, па ваквите муабети обично беа веднаш дочекувани на нож...

Што е проблемот сега? Проблемот за мене не беше преговарачкиот процес, проблемот за мене е моменталното решение кое се постигна, неговата содржина и формата на договорот...од тоа не сум задоволен.
Долг период се водеа преговори за се тоа да пропадне во вода, буквално. Ваков договор можеше да се постигне во било кое време, секој идиот ќе испреговараше ваков "компромис"
Оваа владеачка гарнитура во вода ги фрли сите предходни децении на преговарање. Па која е логиката на ерга-омнес решение во билатерален спор во услови кога ве признале под уставното име над 140 држави во светот, од кои што повеќе од половина се најрелевантните светски играчи?
Која е логиката на вакво решение со добиена пресуда во ваша полза донесена од највисок меѓународен правен орган во која изрично се вели дека вие сте оштетената страна, дека сите аргументи се на ваша страна, дека Грција нема никаков основ да спори и да ве блокира согласно привремената спогодба која што повеќе од јасно е дека беше прекршена од нивна страна...

Зошто во едни такви услови се потпиша ваков штетен договор со еден куп членови кои што во 90% се обврска наметната кон нас а едниствена обврска на Грција е да не го блокира процесот на нашето зачленување во ЕУ и НАТО, или како што вели Апасиев и јас комплетно се согласувам, дека: ова е пресликана обврска на Грција од времената спогодба. Значи ние по втор пат се договараме со Грците за една иста работа, откако предходно, во 2008 год. на самитот на НАТО во Букурешт еден ист таков договор грубо го прекршија.
Тогаш кои гаранции моменталниов договор ни ги нуди дека во иднина нема повторно да доживееме едно исто такво сценарио?

Јас не сум правник, ама не треба ни да бидам, треба само малку логика за да се види дека договорот е полн со нејаснотии и остава простор секој различно да го интерпретира.
Јас сум сигурен дека ни Заев ни Димитров имаа поим што уствари имаат договорено и потпишано. Ако знаеја тогаш до сега требаше темелно да го образложат договорот во јавност, да кажат каде е компромисот и што е толку добро во него. Истото важи и за опозицијата со Мицковски. Не да глумат лудило и да заобиколуваат, туку јасно да кажат пред народот што е тоа што нечини во договорот.

А не ваму, Мицковски ми изиграва Понтие Пилат, си ги измива рацете од одговорност и вели: "секој за себе одлучува"
Тоа држи вода откако ќе го сподели сопствениот став и ставот на партијата, јасно и гласно. Во случајов бега од одговорност, се претвора во статист, и еден ваков човек во ниту еден случај несмее да претендира за функција иден премиер, ако до тоа доведат идните околности.

И референдумот за мене е апсурд во дадениве околности. На веќе донесена одлука, на веќе склучен договор, потпишан пред цела меѓународна заедница и објавен низ целиот свет, веќе испратена порака дека нашето ново име е "Република Северна Македонија" вие го консултирате народот. Зарем не звучи смешно?
Ако рефререндумот беше распишан пред неговото потпишување и обзнанување пред светот, пред да се превземат такви нелегитимни активности, туку веднаш се консултираше народот, во тој случај се ова што се случува денес ќе имаше смисла. Ќе имаше смисла да се бара мислење и излезност од страна на народот.
Вака кој е мојот мотив да гласам кога предвреме ми е кажано дека моето мислење се множи со нула?

И за крај, извесно е дека на еден или на друг начин договорот ќе стапи на сила. Неуспешен референдум најверојатно само ќе го забави неговото стапување во сила, слично како законот за јазици кој што моментално е ставен на стенд бај.

Мене не ми е јасно, еве и да почнеме преговори со ЕУ, кој тие преговори ќе ги води? Заев? Истиот калибар на продадени политичари од калибарот на Грујо и Бранко? Лубчо Бугарот ли? Бучко? Шекеринска?!?
Кој ќе ги убеди нив да прекинат да крадат, да воведат реформи во судство, да ослободат медиуми, да прекинат со партиски вработувања, да запрат со делење на тендери...затоа што тие се легитимните цели ако сакаме да не биде, мењање име не не менува нас ко народ и нашиот менталитет, за жал.

Јас нема да гласам на овој референдум заради уште една причина, покрај купот горенаведени. Заради тоа што не сакам да им дадам простор утре да го правдаат лошиот договор преку моето учество во него. Затоа што сите гомнарии содржани во договорот со Грција за кратко ќе испливаат. Во тој момент овие лигуши повторно ќе се повикаат на народот, ќе речат народот така гласаше, тој одлучи. Како за се во минатото ќе бегаат од одговорност.
Абе кај си ти, ми недостасуваа твоите километарски постови :)

Референдумов е бирање меѓу две зла, затоа вечерта на 30 септември, тие што ќе победат ќе се радуваат со грутка во грлото.

И на овие што се за и на тие што ќе бојкотираат, во грлото ќе му стои страв, на првите затоа што се несигурни како сето ова ќе се имплементира, вториве од страв што ќе донеси 1 октомври и дали ќе се обвистинат заканите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.793
Поени од реакции
17.016
https://republika.mk/962281
случајно или намерно ??

https://republika.mk/962216
добра анализа за минатото, како наместо Македонија Албанија доби држава, но вториот дел каде ја вплеткува Русија не е реален за ситуацијат...
 
Овај треска глупости, Австро Унгарија добива излез на море со Словенија, Хрватски и Босна, не му требале Албанија или Македонија.

Се друго се империјални експанзионистички политики на Австро-Унгарија.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
А чисто информативно,ме интересира,имало ли до сега референдум каде што условот за влез во НАТО бил промена на име на држава???
Ние сме авангардата, ние сме пионери, ние ако го дозволиме тоа, сме...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.867
И затоа го направија консултативен оти се сигурни дека ќе помине реферндумот така?
Бтв твојата опсесија со Груевски е загрижувачка и не е лошо да посетиш психијатар.
Причината поради која тој местеше добиени избори е иста со причината поради која овие бараат излезност (под претпоставка дека како и да испадне референдумот, они у собрание ќе го избуткаат договорот).
Зголемување на легитимитетот на посакуваниот резултат (кој они веќе однапред го имаат или мислат дека ќе го имаат). Тоа е причината.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
ЕУ и НАТО ако не ги убедат ние самите сигруно нема да се убедиме, тоа и го кажуваш во почетокот на твојот пост, за после да прашуваш.:unsure:
Процесот на преговори и членството се две различни работи. Мене ме интересира кој ќе биде тој јунак кој што ќе преговара со Унијата и ќе успее да ги затвори сите поглавја на време во услови кога од ЕУ се праќаат притаени сигнали дека проширувањето веројатно ќе се одложи на неодредено. Еу во моментов не е во кондиција да се проширува, посебно не со вукојебини како нашата, која што единствено што ќе им донесе се дополнителни внатрешни проблеми, ништо повеќе.

Поучени од искуствата со Бугарија и Романија, земји членки кои што морониве ги користат како репер, пример за успешни земји, ЕУ има најавено дека ќе ги затегне критериумите за членство. Што би значело дека додека ние станеме членки има да поминеме низ триста води, низ сито и решето.
А овие сега паламудат низ медиуми чиниш на 1 октомври по автоматизам влагаме во унијата.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Абе кај си ти, ми недостасуваа твоите километарски постови :)

Референдумов е бирање меѓу две зла, затоа вечерта на 30 септември, тие што ќе победат ќе се радуваат со грутка во грлото.

И на овие што се за и на тие што ќе бојкотираат, во грлото ќе му стои страв, на првите затоа што се несигурни како сето ова ќе се имплементира, вториве од страв што ќе донеси 1 октомври и дали ќе се обвистинат заканите.
Се извинувам што не сум во состојба да пишувам хаику поезија на форумов.

Што и да се случи на 1 октомври со сигурност ќе следи еден вакум период каде што ќе продолжиме да ја живееме истата агонија како низ предходните 27 години. Референдумов е наводен избор во кој филм ќе живееме, дали во филмот дека преговараме и сме пред портите на рајот или ќе тераме филм дека ако референдумот пропадне ќе следи апокалипса, а во суштина малку што ќе се смени за обичниот граѓанин.

Се ова моментално што ни се случува е популизам, дистракција од важните работи за просечниот жител на оваа држава. Овие место да се зафатат со решавање на проблемите овде и сега, ни продаваат ефтини приказни за нешто што допрва треба да се обработи а требало да се заврши уште одамна. За да живееме живот како од приказните на Заев и Рада треба да ги засучеме ракавите и да го заработиме. Ние тоа не сме го направиле 27 години овие не убедуваат дека ќе биде штом ќе го смениме името. "Не умри магаре до зелена трева" работава.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.793
Поени од реакции
17.016
Што и да биде со договоров, не верувам дека пред 30-та би влегле во ЕУ.
Србија ќе влезе ПРЕД нас и после ќе имаме проблем со Србија, посебно во делот за историјата каде нив сега ќе ги прикажуваме окупатори а блгарите ослободители; башка и под притисок на албанците измислуваме српски геноцид на албанците....
Овај треска глупости, Австро Унгарија добива излез на море со Словенија, Хрватски и Босна, не му требале Албанија или Македонија.

Се друго се империјални експанзионистички политики на Австро-Унгарија.
не е баш така, на Јадран пред АвстроУнгарија беше Франција а и Италија..... а Албанија колку јас знам стана држава со амин на Британија, но поводот беше да се спречи влез на АвстроУнгарија или Русија...А јасно е дека Британија нема никако да дозволеше македонска држава, дури и на Србија и Блгарија не би им дозволила излез на Егејот, иако по првата Балканска војна Грција беше спремна да и ја одстапи на Блгарија егејска Македонија освен Солун и Тасос, но лакомо блгарче сакаше и Солун па Грција направи сојуз со Србија и Романија па Блгарија беше поразена...
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.895
Причината поради која тој местеше добиени избори е иста со причината поради која овие бараат излезност (под претпоставка дека како и да испадне референдумот, они у собрание ќе го избуткаат договорот).
Зголемување на легитимитетот на посакуваниот резултат (кој они веќе однапред го имаат или мислат дека ќе го имаат). Тоа е причината.
За какво зголемување на легитимитетот збориш ако не си добил легитимитет од народот. Дебилна и нелогична ти е споредбава.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.867
За какво зголемување на легитимитетот збориш ако не си добил легитимитет од народот. Дебилна и нелогична ти е споредбава.
Можеби е дебилна и нелогична за патетичните куртони кои не сфаќаат што сум сакал да кажам.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.685
Поени од реакции
88.645
Е уште не почнал да се спроведува договорот од Преспа, а веќе јадат притисоци... каков дипломатски ГЕНГ-БЕНГ ни прават Грција и Бугарија мх, мх, мх, мх.
Али затоа на 30ти сите гласајте ЗА, и одма на 1 Октомври влагаме во ЕУ и НАТО.

Според „Екатимерини“ МИА по интервенција од Атина ја поправи изјавата на Заев, МРТ засега не менува ништо
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.867
Заев вели дека „додавката 'северна' нѐ боли сите исто, но нема друга Македонија освен нашата, со тоа ќе биде призната од цел свет и ќе заврши понижувањето со ФИРОМ. Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“, рече Заев.

Oва едноставно не е точно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom