Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Јас најефтино минав во една копирница позади Бисер во зградите, Klik Net се вика, во боја од страна по 2.5ден и 300 денари дебели корици.
Благодарам за информацијата. Во меѓувреме најдов и јас добра опција. Ете некој ако студира во комплексот на филозофски и тн... да знаете дека во копирница Авогадос која се наоѓа исто таму во комплексот е доста евтино. Мене за примерок од 200 страни ми испадна по околу 450 денари заедно со тврд повез, е додуша неам колори. Може да му се испрати по маил. За два дена се готови примероците. И прават достава до студентската служба, ако не сте во можност самите вие да ги однесете. :icon_lol:
 
Phone Tracker Family Locator
Апликацијава пишува дека мора да биде инсталирана на телефонот што сакаш да го следиш, така троа да е бистар ќе види дека има апликација која не ја инсталирал тој и може да ја тргне. Затоа се зачудив со што ќе го следите, мислев имате апликација која ќе влече во позадина локација од неговиот ГПС без да биде инсталирана на тој уред или да влече инфо од HLR системот на операторот што е строго забрането и речиси невозможно.
Еве ти инфо за некои такви апликации, иако мислам дека ако проба апликацијава да тргне некакви информации од операторот, може да завршите и со полиција на врата.
 
Фала многу,значи,невозможна мисија.Да и кажам на жената:)
 
Кај нас каде може ова да се најде ?

unflavored_600g_web.jpg
 
Дечки, дали вреди да се оди на курс за AutoCAD и Solidworks во некој едукативен центар за да се добие сертификат и дали се исплати за тие пари да добиеш некој вид знаење што тие го нудат? И дали во Семос е добро? Бил некој до сега?
 
каде можам да најдам во Скопје, во кафичите и дискотеките шо имаат такви како тапи на флашите за алкохол за точење ?
 
каде можам да најдам во Скопје, во кафичите и дискотеките шо имаат такви како тапи на флашите за алкохол за точење ?
Во поголемите маркети Тинекс ,Веро и слично
 
Дали некој знае каде можам да најдам спреј за отстранување боја, не знам како се вика па затоа и пишувам тука, али гледав едно видео на youtube, типот ја прска површината со спрејот и после неколку минути само го мие со црево и бојата самата испаѓа. Прашав во две три продавници ми нудеа разредувач нешто, купив и нешто српско "скиач боје" во форма на канта беше со нанесување али нема ефект, пак треба да се стружи со гланспапир а површината е таква извртена и тесна што немам простор да стружам или гребам со рака.
 
Дечки хелп. Другарка ми прави роденден и сакам да и купам боици, платно и сл. Црта инаку преубаво, и атеље си има на таван. Кажете ми каде во Скопје да најдам такви опреми и работи за цртање?
 
Дечки хелп. Другарка ми прави роденден и сакам да и купам боици, платно и сл. Црта инаку преубаво, и атеље си има на таван. Кажете ми каде во Скопје да најдам такви опреми и работи за цртање?
Имаше продавница за уметнички материјали кај Железничка, во големата зграда, од страна на уличката наспроти бензинската (таа што оди накај Веро Центар), само не сум поминат таму од поодамна, па не знам дали сеуште работи.
Исто имам видено и во Пантер Мис во Визбегово, ама не знам за квалитет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom