- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.710
- Поени од реакции
- 33.353
Roma на Алфонсо Куарон го собра овогодинешниот Златен лав во Венеција, додека The Favourite на Јоргос Лантимос ја освои Grand Jury Prize. Ова е прв филм продуциран од Нетфликс кој зел награда на голем фестивал. Се сеќавате дека истиот филм, и плус уште неколку други претходно беа "избркани" од Кан, токму поради Нетфликс. Сребрен лав за најдобра режија зеде Жак Одијар за The Sisters Brothers. Оливија Колман и Виљем Дефо ги зедоа актерските награди, а Коенови наградата за сценарио (исто и нивниот филм е на Нетфликс). Филмот The Nightingale на Џенифер Кент ја зеде специјалната награда на жирито.