Какво намерно не се заебавајте, на поен беше од 2-0 у сетови. Ако сакаше да изгуби ќе се доведуваше до ситуација 1:0 (5-4 и 40-15) па после ќе почне да губи?
Го гледав цел меч, се радуваше ко мрднат кога го направи брејкот у четвртиот сет. Мизерен е цела сезона со исклучок на АО и тоа е реалноста. Ни местење ни ништо.
Иначе муабетот за Новак, дека сеа му се отвориле апетитите за да го стигне Федерер. Човекот уште пред 2,3 сезони си размислува за тоа. Да, задоволен е со кариерата, ама само првиот ќе се памти. И он и Рафа, и Роџер, и по 25 слема да имаат, ако има некој барем еден повеќе од нив, ќе ги јаде цел живот тој факт.
https://www.youtube.com/watch?v=48exkMGRhhA
Пуштете 0:59.
Тоа е целта на сите тројца од овие, дипломатските изјави што ги даваат како "да ми понудеа на почеток ваква кариера, итн итн." не држат вода. Се наоѓаат во ситуација во која се наоѓаат, имаат уште 2,3 сезони да го искористат моментот и тоа е.
Како што кажа Ставро, моментално (а и неколку години назад) ништо не е битно во тенисов шо се дешава освен бројот на слемови на тројкава. И мастерси и втф, и женскиов тенис, се е апсолутно во втор план ставено од трката на тројкава.[DOUBLEPOST=1536593754][/DOUBLEPOST]
А за бројот на слемови, какви пенали утна надал цел овој период ... нарочито она на АО, со брејк у последен сет, мораше подобро да го искористи и он отсуството на новак ( ако збориме за стигање на федерер, иначе добар си беше надал ), на крај федерер најмногу профитираше.
Најмногу пенали до сеа има утнато Новак. И скорот во финалињата му е полош, и во период кога Рафа и Роџер не беа на ниво, си дозволуваше да губи слемови од факинг Нишикори, Стен (два пати), Енди итн. И врвот од се, си дозволи година и пол да го нема, ради ситна повреда на лакт.
Роџер и Рафа таква шанса никогаш не пропуштале, затоа и се пред него.
Единствени пенали на Рафа му беа, АО 2014та и 2018та. И не ги искористи ради повредите, што и реално до сеа се најголем проблем што не е на исто рамниште со Роџер.
Во 2012та во финале со Стен, во тој момент имаше скор 12-0 против него, со
ниту еден изгубен сет, и се повреди во трет гем во финале на слем еј.. Не гледам како ќе го добиеше Стен тој меч, со оглед на фактот што немаше ни сет земено, а му беше прво финале на слем, психички беше нула, па си дозволи и повреден Надал да му земе сет.
И втората ситуација, сезонава повредата со Чилич исто на АО при водство од 2-1 у сетови. Да не се десеше само формалност беше кој ќе освои. Сезонава немаше теоретски шанси да изгуби од Федерер на 3 добиени сета.
Тоа лани што имаше брејк предност у петти сет, го имаше и со Новак у 2012та, ама пак не ги рачунам ко пенали зашто му беа против двајца од тројцата најдобри во историјата, и ништо чудно не е да ти напраат пресврт. Новак исто имаше брејк предност на Роланд 2012та, и со пацерски потег (фаќањето у мрежа), успеа се да усере.