Пред да дојдат “булдужериве“ претходниве 3 дена искрено бев замислен дека стварно нешто можат да променат во јавново мислење околу целава ситуација. Вака ден потоа гледам дека скоро и немале некакви ефекти во тоа, туку напротив народот е уште поубеден во се поочигледен бојкот. Мислам на сите оние кои не се ориентирани кон власта. Крајниот епилог ќе го видиме на 30ти сепак. Без разлика на ставот на опозицијата, веќе видливо е дека нивното членство не ни размслува да излезе да гласа. Самиот став каков ќе биде не е ни важно затоа што ако се разликува од бојкотирање на референдумот нема да биде послушан од нивното членство и ова го пишувам од многу контакти со нивни членови.
А инаку ЗА ориентираните во недостиг на идеи како да ги прелажат луѓево веќе стануваат смешни. На неколку другари им се обраќаат нивни активисти со тоа што сега од кога ќе “помине“ се, ќе имаат можност да одат на втор циклус студии надвор бесплатно и потоа за таквите студенти гарантирана работа назад или високи субвенции за самовработување. На други им викаат дека секако ќе сме биле во НАТО, ако помине референдумот влегуваме како дел од Македонија, ако не помине едниот дел од Македонија ќе била во НАТО под една земја, а другиот дел под друга земја. За вработените во администрација им викаат сега кога ќе дојдат донации од Германија и САД, платите ќе скокнат по 100 евра најмалку. Исто и со пензионериве. Забеганост до бескрај значи.
На референдум за промена на името го кажуваат сето тоа...и после се чудиме што држава сме биле, зошто не сме биле единствени скоро за се. Епа никој не ни е крив што мнозинството исто размилсуваат. Кога си во опозиција ги вреѓаш тие што ги поддржуваат тие што се на власт дек се ботови и слично, ама кога ќе станеш власт и кога ќе си бетер од претходните тогаш...
Инаку јас ќе ја послушам Меркел. На 30ти ќе излезам од дома, ако се погоди денот топ ќе биде за пикник.