Абе зa тoa си 100% у прaвo,негo дaј дa видиме штo се смени нa пoдoбрo у држaвaвa,дo кaј сме сo свaрoвски судиите,штo биднa сo Сoфијa Лaличич,кoлку пaри не глoбaт зa плaтa дa делaт нa пaртиските вoјници штo пo зaслугa ги нaбутaa пo aдминистрaцијa,зa кoлку се згoлемилo бoгaтствoтo нa Анѓушев,штo биднa сo случaјoт Мoнструм и Дивo нaсеље,кoи oд криминaлците oд редoвите нa дуи се oсудени? Амди Бaјрaм, имa ли некaквo oбвинение зa негo?Климе е небитен.Тoa ми беше муaбетoт.
Ооој пријателе, на далеку да си ми бил ти! Не сум знаел.
Еве вака, пријателе. Тешко е, сменето е се само што оди на многу полошо. После падот на нашиот архонт и великомаченк св. Гурки (да се слафи името негово сфето вмровско) клетите Соросоиди заседнаа на столиците и ги завземаа позициите а нивниот трул водач торнот.
Сеуште немам слушнато дума околу signora Лаличич, не превеземаат ништо. Ама што да превземат? Сите ние знаеме дека Софија беше најпоштеното битие во нашиот беспрекорен правосуден систем и често престојување на нашиот дворец. Сите знаеме дека наводоното мито, наредби и порачки се лага! Нашиот архонт и великомаченик св. Груки никогаш не би го направил тоа! Затоа ние, тукашните, а и вие тамошните, сите деца вмровски никогаш збор не гукнавме околу оваа пакост!
Секој ден се будам со нервози, панични напади и општа анксиозност. Пекол. Се плашам пријателе, се плашам. Верувај. Се плашам дека нашата сендвич армија ќе биде распуштена и дека ќе нема кој да ја брани нашата татковина. После неколку годишниот престој во нашиот контра камп а и подоцнежното, неуспешно освојување на дворецот на 27ми Април се обидувам да направам една ретроспектива. Мислам дека најпаметно ми е да сменам страна, да се инфилтрирам во нивниот камп. Не се секирај, привремено ќе биде тоа се додека нашите не биднат браници пак. Се надевам дека ќе бидеме пак браници.
Искрено, немам многу познавања. Одкога хордите соросоидски ја завземаа тврдината прв пат чув за дотичниот сер Анѓушев и неговите конекции со нас. Сепак, Белизе можеби е егзотична дестинација а тоа не е работа на нашиот месен комитет ниту пак на унијата. Можеби затоа никогаш не сте чуле вие горе, во далечното кралство за овој сер па дури сега се спомнува неговото име. Перфектно сокриен единаесет лета ко во некоја зандана, ко земја да го голтнало... Мора да е некој вид на волшебништво или магија!
Случајот Монструм и Диво Насеље тапкаат во место но, знаеш зошто? Бидејќи тоа беше заговор од страна на хордите Соросоидни за да го завземат дворецот и да го лишат од браникот нашиот архонт. Имав доушник од дворецот, вели дека дури му се заканувале и по неговата фамилија! Виновниците се нивни соработници и секако дека нема да бидат изведени пред правдата!
По се изгледа вие, во погорното кралство имате подобри гатачи и пророци од нашите или сепак имате подобри доушници? Јас колку што сум запознаен, со сета почит кон вас екселенцијо, сер Амбди беше нашиот најдобар, најхрабар и највешт витез. Се зборува дека е почист дури и од солза од еднорог кој плаче пред Шутка. Незнам на кој основ клетите хорди Соросоидни ќе го сместат в зандана нашиот пријател сер Амбди? Сепак, тој ни беше еден од најдобрите пријатели единаестина лета, многу добро се познаваме меѓусебно и знаеме дека сер Амбди е поим за браник, за разлика од некои на кои и името не би им го спомнал а не пак да трошам уље и да го трауматизирам перото кое ми го поклони г.г. Стефан.
Поздрав и довидување!
П.С. кажи му на Климе дека е ѕверка. Го слушам на иселенички џубокс, многу бистро дете.
П.П.С. да ни дојдете на лето, малце да побраниме.