Со толкав пост, не можеш да кажеш дека не навлегуваш.
Гастербајтерството нека си го тераат каде што сакаат, солење памет во вид на „глупи сте вие, не ја сакате државата а ние ја сакаме“ исто нека си го тераат меѓу нив на патриотските собири еднаш во година дена што ги имаат со две-три литри ракија, не ми е проблем.
Кога го спомна Ливерпул, не, не би било убаво навивач на Ливерпул да ми го каже тоа ама па замисли колку би било смешно јас да му објаснувам на некој роден скаузер кој три колена има сезонски билет на Енфилд и не пропуштил домашна утакмица 37 години, како навистина треба да се сака клубот? Е, тоа го прават гастербајтерите. Ние живееме тука, во добро и во лошо (најчесто лошо), се бориме едни со други за подобро утро, какво и да е и гастербајтерот кој доаѓа еднаш во година на 20 дена ќе ми објаснува зошто прочитал на макфакс или мактел што навистина се случувало.[DOUBLEPOST=1536142112][/DOUBLEPOST]
Се буниш против етикетирање а ти го правиш истото, затоа живеењето во Европа нема да те „извади“. По трет пат, што ти пишува во пасош? Ако не сакаш да одговориш, само пиши дека не сакаш, да не го повторувам прашањето цело време.