Поздрав до сите. Би сакал ако може да добијам некое инфо за Среден Шнауцер односно дали би можеле да се чуваат во стан (2-3 прошетки обавезно би биле но и 5-6 саати понекогаш би биле сами), нивните особини (лаење, митарење, мирис и сл.). Исто така ме интересира дали има одгледувачници за нив во МК како и цената или мора од Србија на пример да се зема.
Освен од луѓето што се разбираат во оваа бранша, убаво би било и некој коментар од лице што чува вакво куче.
П.С. Имам чуено дека за стан и поготово прво чување на куче, подобро е да се чува женка.
Може да се даде некоја сугестија за друга раса на куче за во стан но да биде со среден раст (не мали и големи кучиња).
Ви благодарам