https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=44114ОХБ со над 6 мил. евра добивка во прво полугодие.
Изгледа мал број форумаши ја имаат оваа акција . . .
Се приметува по тишината . . . Никој да примети освен Идадија. . . Да беше СТБ во прашање 15 постови ќе имаше. Тука секој навива САМО за своето портфолио и гледа да го напумпа само своето.
Лани кога резервираа тоа беше рафално плукање, а сега кога нормално работат и книжат убави профити Штама . . .
Одамна не ме бендисал некој квартал на ОХБ вака . . .
Од сите 4 големи банки во овој квартал најмногу ме бендиса ОХБ иако другите 3 банки имаат страшни профити 30+ милиони . . . но органскиот раст на ОХБ е одличен . . .
Не само профитот . . . Профитот е остварен при нормално ниво на резервации . . .
Имаат убав кредитен раст од 4,4%, во исто време ТНБ и СТБ имаат раст околу 1% т.е 1,5% . . . А КМБ има пад на кредити . . .
Убав раст на актива, добар профит од провизии незнам зошто . . . и добар раст на депозити . . .
Убав залет фатиле во 2Q/2018 . . . Ако вака продолжат ова ќе биде одлична година за нив.
Со овие бројки ОХБ ми е најефтина акција од сите банкарски акции . . .
п.с.
ОХБ после КМБ ми е најголема позиција во портфолио . . .
ОХБ не е на ниво на ТНБ и СТБ дупло е помала и со доста послаба позиција на пазарот . . . ама убаво се развива . . . Јас не би сакал да се продаде зошто мислам дека повеќе ќе ќарам ако остане СГ . . . .