12 годишниот Марко Пејчиноски го преплива Охридското езеро!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Локација
Охрид, Македонија
Гледам кажано е повеќе пати али еве еднаш од мене.

Браво за детево.
 
Јас на таа возраст сеуште играв Мустафа... :/

Шала на страна, секоја чест за детево
 
Секоја чест за детето на 12 години да го препливаш Охридското езеро е одличен успех.
Само не е премногу напор од здравствен, медицнски аспект ова за 12 годишна возраст?
 
Нека биде пример за сите оние кои по цели денови дремат пред компјутер и јадат чипс, да почнат да се бават со некој спорт, без разлика на возраста, чисто ради самите себе. Браво младо момче (y)(y)

Бтв, Марко има таканаречен "инфаркт на коските", болест што го запира крвотокот кон долните екстремитети.. што во превод значи: пливаше без употреба на нозе, само со раце во услови на северен ветар и прилично немирно езеро со бран.

Воедно е и најмладиот пливач (12год) што ја препливал рутата "Климе Савин" од Св.Наум до Пристаниште, односно маратонската стаза. (~30км)

Пак ќе речам, јунак!
 
Последно уредено:
Секоја чест за детето на 12 години да го препливаш Охридското езеро е одличен успех.
Само не е премногу напор од здравствен, медицнски аспект ова за 12 годишна возраст?
мене дури неверојатно ми е, незнам каква насока беше струјата, по такви бранои ни мал чамец не може да ја помине таа рута, ќе прегрее томосот :confused:

малку ме збуни клипот на ТВ, Марко влегува во езерото кај Св.Наум бранови по 1.5 метри, а горе при доваѓањето во Охрид мирно ??? дали во текот на денот се смени ситуацијата ??
 
Не, туку ветерот дуваше од северен правец, со тоа што најотворениот дел од езерото е оној од Св.Наум до Трпејца. Таму имаше и најголеми бранови и тука временски мислам дека најмногу се задржа. Од Пештани до Охрид беше друга приказна.
 
Респект:cuc:
Инфарктот на коските не го спречи во неговата намера да си ја оствари зацртаната цел.

оф:
На мои 12 години мајка ми ќе ми одговореше "'ќе настиниш, после не те носам на доктор, ќе се умориш да неојш во длабоконо, дан се удајШ:icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom