Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
Оправдувања, оправдувања... а бе кога бев на диета гајле ми е ако му е роденден на брат ми, нема да јадам торта.
Гајле ми е ако се навредат домаќините.
Гајле ми е ако бидам „муле“ и само ја ако не каснам ништо.
Гајле ми е ако само јас не јадам сладолед во лето.
Гајле ми е ако само јас порачувам чај во кафич.
Гајле ми е ако сум на дипломска, свадба, матура, роденден, слава, именден, куровден.
Гајле ми е ако части во кафана пошо добил у кладилница.
Cheat day е за слабаци.

Obligations е многу погрешно толкување на social gatherings.
Да бе да на припреми за арнолд физик и јас вака исто правев, и напушти ја работата да имаш време поише да спиеш не е исто лошо.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Да бе да на припреми за арнолд физик и јас вака исто правев, и напушти ја работата да имаш време поише да спиеш не е исто лошо.
Па и треба да ја пропуштиш работата ако не ти дозовлува доволно време да спиеш :)
hehe na vozduh ke ziveam posle
Продолжи да се тешиш, нема проблем.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Како што поминува времето и не си млад, сфаќаш дека нема да можеш да ја одржуваш масата што си ја имал претходната година, наредната ќе можеш уште помалку и помалку, па ќе те натежнат обврските, па ќе формирате семејтво, па ќе отидете во втор план откако ќе ви се родат дечиња и ќе излезе дека луксуз е да се храниш засебно од сите дома и да фрлаш еден куп пари за чаламење, па прашање дали 10% од тие што вежбале како млади ќе останат да вежбаат со текот на времето.

Што би рекол чика Маркс "from each according to his ability, to each according to his needs", ако не го правите ова професионално не се тупете со ситници и уживајте во животот.
Тука гледам ситничарите за детали за кои реално треба да се замараат само професионалците, а гарант грешите на еден куп други побитни и основни работи.

Ова е скапичок спорт и треба да ставите граница до каде сакате да одите:
  • Ако вежбате за здравје тогаш исхраната и начинот на тренинг е различен и не треба ни да вежбате класичен бодибилдинг, затоа што како спорт е далеку од здрав, особено во поглед на зглобови, рбет, лигаменти и тн.
Ако вежбате за добар изглед, тогаш пак треба да си ставите некои реални очекувања како сакате да изгледате:
  • ако имате желба да бидите како фитнес моделите или стрип хероите, тогаш години и години треба да окапите по фитнес центрите, многу пот и измачување, читање и замарање со многу глупости, огромна сума на пари и откажување од многу задоволства и на крај пак ќе дојдете во ситуација кога ќе треба да посигнете по недозволените работи за да го достигнете тоа што го имате зацртано.
  • ако сакате некоја „нормална“ градба, чисто колку да направите „машко тело“ тогаш не е потребно некое посебно замарање и реално може да се достигне и со домашен тренинг, не ви требаат ниту суплементи ниту никакви глупости, 3 пати неделно кардио тренинг со трчање/пешачење/велосипедизам/пливање и 3-5 дена тренинг со своја тежина и ви гарантирам дека ќе бидете подобри од поголем процент кога ќе излезете на плажа.
Така да најдобро е да си поставите цели и граница до каде сакате да одите, ви го кажувам ова од лично искуство, во последниве 8 години имам потрошено пари да возам еден убав автомобил, се што сум вадел имам фрлано на храна, чланарина и суплементи и сум се замарал со ситници дури и од типот на тоа колку сол внесувам и исфрлање на поткожна вода, а никогаш тоа не го имам правено поради што ми е професија туку лично од моја желба да си докажам до каде може да отидам, единствено никогаш не посегнав по недозволените работи, али пак затоа се будалев и дигав ненормални тежини па ја сјебав кичмата за целиот живот.
За што и да се зборува во Македонија секогаш се завршува со пари, така и спортот.

Муабет на место, значит реално сме сиромашен народ и држава сме сакале да признаеме или не.

Го гледав видеото погоре за тој што пазарит со 20е, толку малку пари а на некои од нас 80е ни се или пола или две третини од платата што се многу, замисли земаш 3к евра а 2 од нив ги даваш за хоби, затоа што реално со 80е месечно не се прави нешто посебно тело, онака нормално, е сеа ние што сме во калориски дефицит 300 од 365 дена во годината е друг муабет кој ради работа, обврски, пари.

Теретана кај нас стрикно како хоби и издувен вентил кој ќе те држи подалеку од пороци како дрога, алкохол или коцка.

Има многу убај луѓе кои одат на билдање и убо е ако мојш да се исклучиш два саати во денот и заборавиш на проблемите.

Сериозно треба да се сфати начинот на живот кој го влечи со себе одењето во теретана а не мускулот на крај, мускул како таков може да го изгубите ради грип, ако не сте про нема потреба да се ебавате со тоа дали ви пораснал милиметар пошо на никој не го интересира.

И подалеку од стероиди, и од тоа нема потреба.

Јас мислам дека како нација сме измислени за олимписко кревање, имаме таква градба, сиромашни сме за бодибилдери а ниски за стронгест мен.

Е сеа немаме тренери кои знаат нешто од оваа работа, ако има во иднина некој сигурно би зеле медал на некое натпреварување.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
19 март 2012
Мислења
386
Поени од реакции
212
Добро на шо трошете вие пари, јас со сила околу 100 евра месечно трошам на храна. Ако не си на иглата нема на шо друго да трошеш пари. Треба дневно да гнетеш 3500+ калории за да не ти стигнат 100 евра.
За да изградеш добро тело(природен) не ти требат многу пари, треба ти посветеност, вежбање-исхрана се да ти е на место.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Па во Скопски услови само теретаната годишно ти кошта мин 15 000ки, тоа ти е грубо еден одмор да истераш, а ако вежбаш во некоја фенси теретана е 2500-3000 денари месечно. Гратис трошиш сигурно плус 2000ки од просечен човек и чат пат суплементи ова она и ете ти над 800 евра годишно екстра трошоци. Рачунај кога го правиш тоа со години, јас еднаш седнав да правам математика минатата година и се откажав затоа што главата ме стегна, имам потрошено сигурно над 4000 евра само чланарина, суплементи и плус за храна, е сеа за некој тие пари се ситница, за мене пример ќе ми се најдеа сега да не возам возило старо 20 години.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Која ти е таа ретроспектива. Не моеш така да маваш математика.
Ко сеа да земеш да удриш математика дека овие пушачиве шо делкаат кутија малборо на ден дека ако прекинат да пушат ќе имаат 600 евра вишак во годината за да идат на одмор. Или дека ако не си плаќал автобус туку си одел со точак на работа уште 1000 евра ќе си заштедел, и други такви квази математики.

Само во македонија народов вакви математики праи, срамота е да се помислат овие работи.
Па за здравје си ги дал тие пари не само за рекреација. Животот ти го продужил тој спорт.

Зашо си толку кисел низ темиве, кисел си зашо си се повредил, кисел си зашо си давал пари на суплементи и теретана, па дај откажи се ако е така, чим нишо не вреди.
Не си ја мачи душата, откажи се чим се каеш и со "заштедата" седи во 2-3 години понова кола и мисли дали добар избор си направил.[DOUBLEPOST=1534799100][/DOUBLEPOST]
Добро на шо трошете вие пари, јас со сила околу 100 евра месечно трошам на храна. Ако не си на иглата нема на шо друго да трошеш пари. Треба дневно да гнетеш 3500+ калории за да не ти стигнат 100 евра.
За да изградеш добро тело(природен) не ти требат многу пари, треба ти посветеност, вежбање-исхрана се да ти е на место.
Проблемот, еве пример кај кеплер у случајов, е шо праи нелогични математики.
Праи математика колку го кошта исхрана.

Чекај бе малку, како така? Демек ако не вежбаше немаше да јадеш? Па сите тие "екстра пари" шо ги даваш на поквалитетна храна уствари ти иделе на грицки искачања пиење и глупости претходно, немојте да праите филмови дека демек поскапо е здрава исхрана да тераш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Која ти е таа ретроспектива. Не моеш така да маваш математика.
Ко сеа да земеш да удриш математика дека овие пушачиве шо делкаат кутија малборо на ден дека ако прекинат да пушат ќе имаат 600 евра вишак во годината за да идат на одмор. Или дека ако не си плаќал автобус туку си одел со точак на работа уште 1000 евра ќе си заштедел, и други такви квази математики.

Само во македонија народов вакви математики праи, срамота е да се помислат овие работи.
Па за здравје си ги дал тие пари не само за рекреација. Животот ти го продужил тој спорт.

Зашо си толку кисел низ темиве, кисел си зашо си се повредил, кисел си зашо си давал пари на суплементи и теретана, па дај откажи се ако е така, чим нишо не вреди.
Не си ја мачи душата, откажи се чим се каеш и со "заштедата" седи во 2-3 години понова кола и мисли дали добар избор си направил
.[DOUBLEPOST=1534799100][/DOUBLEPOST]
Проблемот, еве пример кај кеплер у случајов, е шо праи нелогични математики.
Праи математика колку го кошта исхрана.

Чекај бе малку, како така? Демек ако не вежбаше немаше да јадеш? Па сите тие "екстра пари" шо ги даваш на поквалитетна храна уствари ти иделе на грицки искачања пиење и глупости претходно, немојте да праите филмови дека демек поскапо е здрава исхрана да тераш.
За жал во моментов се наоѓаме во Македонија и само такви математики може да правиш во пустелијава.
Ниту еден доказ нема дека бодибилдингот го продолжува животот, ниту може пак да го докажеш тоа, немаш референтна точка колку ќе живеев ако не вежбав, ниту колку ќе живеам сега.

А дали вреди очигледно не си ме прочитал добро, се според потребите, вреди да вложувате онолку колку што имате потреба од тоа, ако не ви е професија или ако не ви е неопходно за некоја останата цел во животот иронично е да ситничари како што тоа се прави на темава, а и она што го гледаат по овие каналите на само прогласените фитнес тренери.
За аматери вежбачи како што се 99% по нашите теретани што покажува самиот факт колку натпреварувачи имаме од мкд особено како професионалци, е доволно да се научат основите за исхраната, правилно изведување на вежбите и евентуално на кратко кои се бенефитите од секој тип на суплементи.
Реално така и би го концепирал подфорумов, 3-4 заклучени теми од по 3-4 страни за исхраната, изведување на вежбите и моториката на телото и кратко за секоја група на суплементи посебно. Дури и една информативна страна околу хормоните во човечкото тело, кои хормони играат улога во изградба на мускулна маса и како да се одржи нивен правилен баланс.
Е тоа е според мене разумен пристап кон овој спорт и корисен подфорум за овој спорт, вака низ темиве има тешка bro science и се е пренатрупано при што и да дојде некој што навистина сака да научи нешто, ќе се откаже уште после првите 2 страни на било која тема.

Кога сме кај мене, од суплементите се откажав, а теретаната ја терам последните 4-5 месеци пред лето, остатокот од годината вежбам во домашни услови комбинација на тренинзи со своја тежина и ултимејт фајт, а кога сум послободен планинарам, од мое гледиште тоа е сосема доволно за одржување на фит тело и целокупната кондиција и здравје.

П.С ќе јадеше и ако не вежбаше, ама немаше да гнетиш само месо, јајца, сирење, риби и тоа количински, да не се лажеме дека човек што вежба и човек што не вежба трошат исто пари (освен ако не е некој што јаде исклучиво надвор по пицерии и сендвичари, али ако си таков и за бодибилдинг нема да ти стигнат 300 евра месечно), ако не вежбаш ќе каснеш чат пати чорба, манџа и т.н. Има разлика од здрава исхрана и исхрана за бодибилдинг, под здрава исхрана може да се концепира и вегетаријанска исхрана или само исфрлање на џанк фуд, пржено, сокови, а конзумацијан а зеленчук, овошје, салати малку месо по можност од животни кои не се гоени во штала, риби по можност уловени во дивина, а не гоени во рибници и тн.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
386
Поени од реакции
212
Значи поголем broscience на форумов нема од тоа дека треба да јадеш месо и јајца за да стаеш мускул.
Толку пари фрлате заради митовите за протеин набиени од индустријата, па и суплементи прашоци.. Не треба секој ден 4 оброка месо и 2 шејка протеински да имаш за да стаеш мускули. Kazeince za pred spienje da ne izbegat muskulite dur spies
Јас сум на 90-95% храна од растително потекло. Јадам овошје, зеленчук, грав, леќа, грашок, киноа, боранија, јаткасти плодови и 1-3 пати неделно риба и тоа по малце. Со дневен внес од 100-140 гр протеин сум(и тоа воглавно од растително потекло) и пак лесно одржувам 88-90 кила на околу 20-23% бф(од око). Месечно трошам околу 100 евра на исхрана и дефинитвно поефтино ми испаѓа неголи коа бев на јајца стек и ориз.
Дека бодибилдингот е скап спорт, скап е ако си неук и фрлаш по 200 евра месечно на суплементи или имаш големи амбиции и ако треба да идеш на иглата, за природен вежбач вс невежбач повеќе пари ќе даеш едино за членарина.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031

Мене храната ме чини со месо, ориз и јајца и зеленчук околу 3500-4500 незнам од каде тебе ти било поскапо така освен ако си го купувал месото и стекот во златара...
 
Член од
19 март 2012
Мислења
386
Поени од реакции
212
Не ми беше поентата дека е скапо, него дека другиов начин ми е поефтин.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Не ми беше поентата дека е скапо, него дека другиов начин ми е поефтин.
Поентата е што ќе одбереш како начин на живеење, професионално бавење со бодибилдинг или рекреативно. Колевски на сцена едвај ја има твојата телесна тежина, ова чисто да ти дадам за споредба дека телесната тежина која ти ја одржуваш нема допирна точка со бодибилдинг, цеосно. Не е се во 'иглата'. Повеќе има во глава, како сето тоа ќе го поврзеш во целина (а цело е кога има СЕ) и ќе успееш со години да го одржуваш.
 
S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.896
Поени од реакции
1.341
Бодибилдинг како професипнален спорт не е здрав како и секој друг спорт. Најубаво е рекреатовно да си активен 4 пати неделно и моеш да си напраеш солидно тело. Пазиш на исхрана и паметно си вежбаш. Јас сум на билни протеини пошо се понеквалитетни нели се обработуваат поспорп ама поубаво е така... него брзо да растам со месо и такви се работе посебно не суплементи. Чисто исхрана и можеш да си се одржуеш. Ако сакаш сеа да излеаш како горила поштено ќе си го унакажеш телото со све и така.

Sent from my SM-A530F using Tapatalk
 
Член од
19 март 2012
Мислења
386
Поени од реакции
212
Поентата е што ќе одбереш како начин на живеење, професионално бавење со бодибилдинг или рекреативно. Колевски на сцена едвај ја има твојата телесна тежина, ова чисто да ти дадам за споредба дека телесната тежина која ти ја одржуваш нема допирна точка со бодибилдинг, цеосно. Не е се во 'иглата'. Повеќе има во глава, како сето тоа ќе го поврзеш во целина (а цело е кога има СЕ) и ќе успееш со години да го одржуваш.
На кој дел од мојот пост одговараш? Тоа шо го пишеш нема врска со ништо пишано во мојот пост, целосно ја промаши поентата на мојот пост. Јас немам ништо против иглата ниту против бодибилдинг како начин на живот. Муабетот беше колку е скап. Инаку претпоставувам вториот дел од постот ти се однесува на заработка и живеење од бодибилдинг. Секако тоа дека е можно, посебно сеа у поново време(ако си ептен добар, еве како колевски). Ама целиот муабет беше за трошоци за бодибилдинг и рекреативно вежбање(натурал). Некој шо вежба рекреативно, па дури и професионално (природно) тешко да може да ваде добра живеачка од тоа - освен ако не продава суплементи на наивни деца што мислат дека ќе станат како нивниот идол џеј катлер ако земат гејнер.
Инаку кај телесната тежина - никаде не спомнав дека сум бодибилдер, ниту имам намера да бидам, пишав бидејќи е можно да се достигне прилично голема мускулна маса со помала количина на протеин(и без суплементи), бидејќи најголем дел од парите луѓето ги трошат на протеин(месо јајца итн) и суплементи од видот на гејнери бцаа глутамини протеини и слично - џабе фрлени пари кои можат да се искористат на квалитетна храна која уствари е здрава и богата со нутриенти. Тоа уствари беше и поентата на мојот претходен пост.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Едина работа што не ми е јасна е зошто пилешкото месо е олку скапо.

Стварно ми нема логика, можеби е најлесно за производство а со цените е близу храна која излегува од животно кое тежи 250+ кила и кое троши повеќе пари, време и храна да се произведе.

Преска стек пакуван од 600гр беше 170 денари, да беше вистинско месо ај, ама ова.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Едина работа што не ми е јасна е зошто пилешкото месо е олку скапо.

Стварно ми нема логика, можеби е најлесно за производство а со цените е близу храна која излегува од животно кое тежи 250+ кила и кое троши повеќе пари, време и храна да се произведе.

Преска стек пакуван од 600гр беше 170 денари, да беше вистинско месо ај, ама ова.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Кланица, дозволи, сертификати.... И многу што планираа да влезат со тој бизнис не влегоа, скоро се е од увоз. Пред неколку години имаше период кога немавме кланица со соодветни дозволи за ова, имам пријател што одгледуваше бројлери и си ја зеде белјата дури да ги продаде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom