Ако не е во добар подфорум, ставете ја каде мислите дека треба да биде...
Тоа што ме натера да ја отворам оваа тема беше еден
пост на
@Botko , иако осеќам дека нема баш да држам исти ставови со него. Не дека посебно се слагам со неговото гледиште на работите, ниту пак дека сум доживеал откровение за ова негово гледиште, пошто во мојата фамилија имало доста од сите генерации од конкретниот политички став, па некои дури и премногу радикални ... Туку едноставно ваквата анализа(овој начин на евалуација го сметам како единствено исправен) на еден политички субјект, допре до мене и ми даде мотивација за пообемна дискусија при која ќе се обидам да го претставам и моето гледиште за политичко-социјалните субјекти во едно општество, што е доста радикално. Бидејќи не само оваа идеолошка матрица, буквално сите идеолошки матрици имаат сличен начин на дејство, еве ги жив пример се европските либерали ....
Прво сакав темава да ја наречам со името идеолшки и религиски матрици, но од разбирливи причини не ја крстив така, бидејќи ќе се дефокусираше расправата, а колку што знам има веќе едно бојно поле на форумов и нека си остане така.
Пред да почнам сакам да кажам, можеби доста од учесниците на форумов знаат, дека јас по убедување не сум демократ и сум сосема против демократијата како погрешен и еден од најлошите начини на практикување на власта од причини кои со тек на дискусијата можеби ќе станат јасни за некого.
Постот на Ботко, збори како една конкретна идеолошка матрица интензивно делува на размислување на единката во нивната група. Но сепак јас ќе тргнам од фактот дека патот до пеколот е поплочен со најдобри намери. Истата таа идеолошка матрица, во не така далечното минато, го направи најголемото злодело во историјата на човештвото, давајќи стотици милиони жртви... А све почна како најдобра, најискрена и најневина идеја, да нема класна поделба, да нема сиромашни, да нема гладни... А гладот е една од најтипичните одлики на оваа идеологија, колку што можеби немало векови наназад... Тие што требаше да бидат бескласни општества, многу брзо се претворија во општества со работни логори каде што секој кој мислеше поинаку стануваше роб на тоа општество, само што терминот на робовладетелот е малце поинакво. И на крајот таа идеологија остави такви траги, што еве веќе 30 години сеуште им тежат на некои држави.
Еве како контратежа, доколку воопштиме, ќе го земам модерниот капитализам, како општество кое треба да им пружи еднакви можности на сите, за да на крајот, сепак тие што имаат ветар во грбот успеат повеќе од своите пандани кај обичната раја. Па дискутабилен е дури и успехот на западните „модерни“ општества, кои своите добра ги црпат(или поточно разграбуваат) од земји попут Ирак, Либија, Авганистан или пак ја користат ефтината работна сила(робовите) во земјите од третиот свет, вклучително и Македонија. А све почнало како најдобра, најискрена и најневина идеја за еднаквост на луѓето. Како што кажав патот до пеколот е поплочен со најдобри намери...
Е сега има за ова да се дискутира многу, има про и конс за наредни 10 години, за што е темава нели.
Мое мислење е дека идеолошките матрици, дури и да се со најдобра намера, на крајот служат само да го прикријат робовладетелството што сеуште владее во светот. Еве ќе ја земам за пример Македонија и едно типично Македонско семејство, Мажот работи некаква работа, да речеме шофер у градски со 20К плата, и жена шивачка со 15К плата. Имаат две деца, а со нив живее и баба што има 10К пензија. Имаат некаква си куќа, што ајде да речеме е пристојна за наши услови. Е сега они се типично Македонско семејство со 5 члена и примања од 45К. Во ова семејство, ако бабата или недај боже, некој друг се разболи од малце посериозна болест, може да се каже дека 90% или ќе остане на терет на семејството или пак ќе отиде јабана, бидејќи тешко дека ќе имаат некакви средства за лечење. Ако мажот добие идеја, за некој бизнис, тоа би значело да ризикува и да излезе од работа со што би ризикувал 20К од нивниот месечен буџет, а најверојатно е со барем потрошувачки кредит на главата. А ако излезе од работа, многу тешко дека доколку не му успее бизнисот, ќе може да најде работа повторно и да се врати. Значи сакал, неќел, врзан е за работата, а ако не сака он, има луѓе кои чекаат на ред да се стават на негово место. Со еден збор он е врзан за дното во конц. логорот наречен Скопје.
Во робовладетелските општества од антиката, робовите се купувале, имале цена, за нив се грижеле да бидат најадени и здрави, за да можат да им работат, или кога веќе не им требаат да ги продадат за добра цена. Во денешно време, работодавците, воопшто не се грижат за своите вработени, бидејќи не ги коштаат ништо и можат да си најдат нов роб во секое време.... Значи не само што робовладетелството не е надминато, туку го има во уште полоша форма..
Но, дали тоа може да се промени? Според мене, не... Барем не сеуште. Што тоа значи за мене... тоа значи дека јас сметам дека светот е поделен на робови и робовладетели. Пошто тоа не може да се промени, џабе е некој да се обидува да го стори тоа, само за да светот го претвори повторно во кланица, Француската револуција, Октомвриската револуција и така натаму, така да во општествово ти си или роб или робовладетел и тоа е тоа...
Намената на идеолошките матрици е да го канализираат незадоволството на едно општество. Некој систем тоа го прави поуспешно, некој понеуспешно. На пример комунизмот речиси и да нема механизми за канализирање, пошто веќе е канализирана сила, па затоа се потпира на brut force, и според мене тоа е причина за неодржливоста на овој систем.. Од друга страна пак бипартизмот или парламентарната демократија, се покажува како поуспешен во канализирањето бидејќи се користат повеќе идеолошки матрици. Македонија како пример можеби е пародичен пример, но сепак ја одсликува светската демократија, чија власт претежно доаѓа со шпекулации, лаги и дискредитации во кампањи кои се крајно негативни, крајно делеќи го народот. И на крајот победува, тој што вложува повеќе пари, за да за возрврат добие повеќе тендери. Во случај да се појави трета опција, која не се стреми да се приклони кон двете коалиции или партии кои си ја менуваат власта, се дискредитира/криминализира/ликвидира..
Све на све, Секоја една идеологија, религија, па во одредени моменти и наука на крајот е злоупотребена во задни намери, кои допринеле за регрес во цивилизацијата... Или поточно не донеле регрес, затоа што цивилизацијата не мрднала од мртва точка, туку едноставно го запреле растот на цивилизацијата.... Според мене, не е цивилизација да имаш авиони и коли, туку цивилизација се меѓучовечките одности, не само внатре во општеството, туку и меѓу две социјално и културолошки различни опшества. Значи развој на човековата свест на едно општо ниво...А од тоа сме многу далеку...