Кога имаш здраствен проблем, идеш прво на дијагноза. Така и ние треба да дијагностицираме каде лежат главните причинители па после да преземеме акција.
По мене, од тоа што сум прочитал и ми е најлогички и најреално, проблемот е во социјалистичкото уредување.
Не е толку проблемот во дијагнозата, дијагнозата е веќе очигледна... Проблемот е што не сакаме да ја прифатиме таа дијагноза. Не сакаме да и погледнеме на вистината во очи, па едноставно романтичарски ги гледаме работите залажувајќи се....
Е па тоа, си пробал, си се ангажирал, си изгубил нерви и години и здравје тоа е тоа, време е за гледање сеир, во ред, не велам дека тоа ќе биде преку ноќ, но се надевам дека ќе биде што поскоро, нема што да се прави повеќе, што има да губиш нерви и понатаму, нема за кого.
Зошто сеир... зошто да се предадам.... Не пер, не се предавам, само ја насочив борбата во друг правец... не треба да гледаме од денес за утре само... Одбрав да бидам прагматичен....
Имаше многу показатели 1991-2001 дека нема да биде како што треба и на крај ликовен критичар и други идиоти решаваа да праќаат резервисти во борба или во патрола со софт скин возила, автобуси и лади ниви а имаа еден куп донирани оклопни транспортери кои служат баш за тоа, без воздушно извидување, без претходница барем, без ништо и после јагленисани лешеви а одговорност никој и никогаш не презеде. Подобро пешки да ги пратеа него со автобуси. Имаш куп БТР-и кои стојат и фаќаат прашина али затоа автобус...
Види сега вака, греота е да збориш за конфликтот како да сме го изгубиле... .Не го изгубивме конфликтот.. Го победивме и тоа надмоќно... Е сега во еден конфликт нормално е да има и жртви, дали тие се јагленосани или се пеполосани или се мачени, тоа е информација на која реагираш емотивно во дадениот момент, а после све се сведува на бројка...
Еве уште малце и нема да постои човек што ќе ги памти битките од втора светска војна, па така жртвите си се жртви, бројки... Иначе се слагам имаше пропусти имаше заебанции, ама генерално добро се снајдовме...
РМ е насадена накриво уште од 1991, можеби сите тие силни институции и академици требаше да предложат граѓанска наместо национална држава, да се забранат партии на етничка и религиозна основа, секоја партија да мора да има квота на членови од други етноси, со тоа во старт ќе беше издишан шип.тарскиот иредентизам, немаше да има основа за етнички вработувања, немаше да има 2001 а и да имаше нешто insurgency безбедносните сили ќе имаа целосна подршка од запад за обрачун со учк.
Но за тоа да биде така требаше да се земат сите параметри, кои се демографските трендови, како ќе се движат во иднина, која е економската моќ на Македонците а каква на останатите и уште милион работи кои упатуваа дека национална држава ќе биде неуспех на долг рок. Стратегија за уништување или барем минимизирање на ш-иптарскиот иредентизам, барем СДБ имаше илјадници кодоши меѓу арнаутиве ама наместо тоа се здружија да шверцаат нафта и други срања кон СРЈ
Но за тоа требаат луѓе со визија некаква, а не луѓе на кои задникот им задобил форма на фотеља.
Настрана приватизација и други гомнарии, не може накриво посадено дрво да израсне како што треба.
Прво и основно, Македонија се постави како граѓанска држава, а не национална. Уставот беше чисто граѓански и помина највисоки оценки во Бадинтеровата комисија. Никогаш ние дефакто не сме имале национална држава иако до некаде функционираше како таква, но не ради нашиот шовинизам, ниту ради останатите малцинства... Туку баш ради Албанскиот иредентизам нашата држава се чинеше национална... Па можеби токму тоа е грешката, можеби требаше да биде национална... Што се однесува до делот за Етнички партии, тоа сосема се согласувам... Етничките партии само внесуваат поголема диференцијација меѓу народот.
Имало една фабрика Бата и една Пивара и толку. Патиштата биле макадам и калдрма во најдобар случај. Доктор да те лечи требало да продадеш куќа. Маларија косела масовно, што да правиме муабет. Тек комуњарите се зафатиле со искоренување на тоа, капиталистите биле зафатени со нешто, за краља и отаџбину. Имаш фотографии од тие времиња, види ги фаците на луѓето само, доволно е.
Не зезај сега, не ги гледаш работите и од другата страна... Комунистите направиле фабрики ја изградиле инфраструктурата, но гледано долгорочно, оставиле пропаст....
Ги одселувале селаните во град и од слободни луѓе ги правеле робови. И што е најлошо, го создале овој менталитет од којшто се жалиш... Учиш завршуваш школо, какво и да е, и државата ти наоѓа работа, па ако треба и да го измисли работното место за тебе... Понатака не оставиле без производство на храна, па така сега иако ги имаме сите услови за производство на високо квалитетна храна, ние увезуваме којзнае какви све не глупости... И на крај ја создале малораѓанштината што ја гледаме, а која е највеќе крива што сме закочени во место....
А за потребните фабрики и инфраструктурата... кога ќе имало потреба, ако имало, сами ќе си дојделе....[DOUBLEPOST=1534518449][/DOUBLEPOST]
Не се согласувам, а воедно и реалноста те демантира дека сме вредни а уште помалку па паметни. Тие паметните со право ич К не ги боли. Зашто кога љубоморните тука гледаат само да ги исцедат.
Паметни луѓе, значи успешна држава. Ние сме далеку од успешна.
Пер како успеваат во развиени капиталистички општества ако не се вредни и паметни ???
Е сега доаѓаме до симболично кажано ако немаш јајца и брашно можеш ли торта да направиш, т.е. без квалитетен народ нема нормално општество. За да напредне народот треба прво повеќето како тебе да се, односно да се потрудат да се изградат како индивидуи, со вредности за почит.
За такво нешто мора и системот да се промени, а ваков систем само со крв се променува.
Јас сметам дека сме дојдени до ситуација, кајшто системот не може да се смени со внатрешно влијание, тоест дека ниту може некој ниту има желба да направи промени.. Не дека политичарите ни се силни и ја држат ситуацијата под контрола... Туку дека сепак во моментов се играат некои игри на повисоко ниво... Може да речеме е зацртано во политичката агенда на САД, да Македонија по секоја цена мора да влезе во НАТО. па дури и да не успее референдумот, може ќе не бутнат на сила под привремена референца или како и да е (само лупам на памет)... Можеби стварно што вика ќе има промена на власт со Руски тенкови. Но едно е сигурно и во двата случаи мораме да завземеме страна. Е сега завземање на страна ние многу трагично го сваќаме, не е дека ако сега ги одбереме САД, после 10 години автоматски не можеме да ја одбереме Русија и обратно... и многу дополнителни и непотребни делби се прават и по ова прашање...
Е сега во една таква ситуација, кога политиката не сме способни да ја водиме, ниту пак и да сме, некој ќе ни даде да ја водиме, ние не треба да се откажеме од борбата, меѓутоа борбата не може да биде за системот, односно државата, пошто рековме дека држава веќе и да опстои не ја сметаме за сопствена... Туку мора да најдеме некој заеднички двигател кој ќе ни овозможи да запливаме успешно во светот, прво како народ, а подоцна и да си оформиме држава по наш терк...
Од личен психолошки аспект паметно си прај Муерте, помалку стрес, накриви капата
.
Незнам баш, ама мислам дека он се нервира уште повеќе од нас, без разлика што кренал раце.