Цивилизацијата и идеолошките матрици

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
За така да го убедиш треба да имаш веќе некаква инфраструктура, примери кои успеале, incentives, нешто од нешто, самиот факт што возрасни луѓе не ги разбираат тие работи е знак дека нема спас.

Кои фабрики ќе ги развивале? Многу малку имало да се развива, не може да се порекне цивилизацискиот скок 1944-91 но не може да се порекне ниту последиците на тој систем а тоа се пред се психолошки, дека државата знае све, Друг Стари зна како је најбоље, дали доколку останел капитализам и некаква урбана средна класа (власи, евреи, турци по некој македонец, ерменин и грк) која спонтано се појавувала, веројатно луѓето тука ќе беа почесни отколку што се денес, но сето тоа е what if, има аргументи и за двете страни но историската гол шанса, значи на празен гол од 2м само да треба tap in ја промашија сите народи и народности на екс-Југославија, мораа, значи мораа да останат заедно, полека, со многу внимание и транспарентност со помош на странски експерти да се трансформира економскиот систем и заедно со многу веројатниот влез во ЕУ во 90-те тоа ќе беше некаква иднина. Настрана што немаше да се влечат срања со генерации ради војните.

Во споребда со кои? Се жалат луѓе во сите земји во светот, тоа што се балканци е тоа, не може да се промени ајде да го преместиме балкан во Амазонија ако не, се е тоа ок либертаријанизам али није злато све што сија, тоа што државата треба да се скине скурца во ИТ секторот не значи дека треба да блее и во граџевина пошто во ИТ најголем ризик ти се наочари или хемороиди од премногу седење пред монитор а во граџевина се завршува 2м под земја или како неподвижен инвалид ако нема регулација и заштита.

Онаму каде што нема последици по здравје и живот на вработени државата треба да има тотален минумум на мешање, но онаму каде во игра се судбини и здравје, мора да се замеша, не е никој должен да умре затоа што на газда Јанко му требале екстра пари пошто многу троши на коцка па им стаил дедлајн да завршат објект три месеца порано.
Jас кажувам според мене не според некоја множина туку јас версус просекот. Лични ставови се тоа. Мене просекот на Македонија не ми се допаѓа и се разликува од мене многу.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Па и не треба, не ме знаеш ни познаваш како може да ти значам јас нешто, нема логика. Од општочовечка гледна точка, секако, добар човек треба да му значи тоа што милион луѓе околу него живеаат лошо, тоа се подразбира.
А тоа што боли тоа е нормално затоа што не си очекувал дека работите ќе тргнат во овој правец, уште од 1991, сигурно си бил оптимиста, ама нема за што да се фатиме, нешто здраво па оттаму да се почне, нема ништо, све е труло, све е умрено, ајде кажи нешто барем за што може да се фати човек, ете тужилаштво, универзитети, некоја трета опција, движење граѓанско било какво било што, нема, све е гнило до коска.
Ако обичниот Македонец е склон да го уништи она кое е добро во соседот, со роџакот, во познаникот, да го сере дека е поштен (наивен и глуп се синоними кај нас за тоа) да го сере оти не се снашол (синоним за партија или криминогени активности), нема каде, настрана што политичката и економска елита тука е дно на дното, срам и брука, јад и беда.

Имаше една изрека, мудрост е да се прифати непромеливото, да се промени променливото и да се знае да се направи разлика меѓу двете.
Ајде да ги свртиме работите... да видиме како јас гледам врз Државава... Исходот од 2001 години го сватив многу трагично, го сватив како крај на светот и сите сили ги насочив кон тоа да го вратам или евентуално закочам цел процес... Не бев свесен дека може да постојат Македонци кои тој процес наметнат на сила, може да го подржат... Да се разбереме, не сум бил никад со закоравени ставови дека на Албанците не им треба образование на мајчин јазик... Напротив уште кога фрчко ти тепаше на основање на универзитетот цврсто бев со став дека со давање на целосно образование на мајчин јазик, Албанците ќе се интегрираат во системот полесно и ќе ја сметаат Македонија за сопствена држава, а истовремено нема да бидат подложни на манипулација.

Значи таа борба против ветерниците што ја водев, беше доста активна, оформивме граѓанско здружение во 2002, ги собравме академците(меѓу кои и Коле Чашуле и Петре М. Андреевски) кои го оформија морален суд.. Интересен податок е што единствен осуден од моралниот суд, беше Борис Трајковски, кој само неколку дена после тоа загина и тука уствари застана судот...

Значи борбата ми одеше до таму, што го жртвував личниот живот за таа борба.. еден ден после неколку години, еден ден се видов во огледало, и погледнав клошар...пропаднат човек... и си реков, па добро бре мајку му, дали јас би му обрнал внимание на овој човек, дека неговиот пат е исправен, кога он прво и основно самиот за себеси незнае да се грижи.....И си реков стоп... Мојата борба не вреди ништо, мојата борба е борба со ветерници, доколку јас сум никој и ништо и додека сум таков, мојот збор нема да вреди ни пет пари....

И решив да ја увидам ситуацијата... А тоа беше:
1. Државата не е наша од 2001 година, и нема што да очекуваме од неа...
2. Ако сакам некогаш да придонесам да си ја вратиме државата, мојата борба треба да почне со мене самиот... Тоест за да оставам трага, морам да бидам успешен...
3. оваа банана држава што сеуште постои, не рачунам дека ќе продолжи да постои, ниту пак ќе ме изненади ако испушти душа, важно ми е само да тоа се направи се мирно.. А ако случајно опстане, тоа би ми било као бонус...

Со еден збор, свесен сум и тоа многу за тоа што се случува и што би можело да се случи и на кое дереџе сме... Кој е крив незнам, јас гледам доста вина и во надворешниот фактор, но и во внатрешниот пошто ние и покрај све, сеуште се делиме... Но како и да е, сега и не е важно кој е крив за планот како да се продолжи понатаму.... Само едно знам, дека не треба да чекаме да пропадне скроз државава за да се почне да се работи... Тоа значи ќе работиме мимо државава, ќе работиме во светски рамки, денеска барем светот го имаш на дланка... Немора да се организираме, немора да правиме нешто екстра... Доволно е само да работиме на тоа да станеме успешни, зошто успешни луѓе прават успешна организација... а денот кога ќе треба да се организираме во некоја форма ќе си дојде самиот....

Значи оптимизмот, не ми е за државата, туку ми е за народот... Вреден народ, сме, паметен народ сме... Имаме веќе еден куп паметни луѓе низ светот, ако си помагаме меѓусебно, тогаш сигурно ќе успееме...
 
B

Bafra

Гостин
Вреден народ, сме, паметен народ сме...
Не се согласувам, а воедно и реалноста те демантира дека сме вредни а уште помалку па паметни. Тие паметните со право ич К не ги боли. Зашто кога љубоморните тука гледаат само да ги исцедат.
Паметни луѓе, значи успешна држава. Ние сме далеку од успешна.

И јас и ти и @callejón de la muerte делумно истото го збориме, потврдуваме, со разлика што Муерте кренал раце скроз. А ние се надеваме на скриен потенцијал.
За тој да излезе на површина, народ треба да го удри нешто по главата, па можеби, можебиии ќе се освести.

Е сега доаѓаме до симболично кажано ако немаш јајца и брашно можеш ли торта да направиш, т.е. без квалитетен народ нема нормално општество. За да напредне народот треба прво повеќето како тебе да се, односно да се потрудат да се изградат како индивидуи, со вредности за почит.
За такво нешто мора и системот да се промени, а ваков систем само со крв се променува.

Од личен психолошки аспект паметно си прај Муерте, помалку стрес, накриви капата :cool: .

За така да го убедиш треба да имаш веќе некаква инфраструктура, примери кои успеале, incentives, нешто од нешто, самиот факт што возрасни луѓе не ги разбираат тие работи е знак дека нема спас.

Кои фабрики ќе ги развивале? Многу малку имало да се развива, не може да се порекне цивилизацискиот скок 1944-91 но не може да се порекне ниту последиците на тој систем а тоа се пред се психолошки, дека државата знае све, Друг Стари зна како је најбоље, дали доколку останел капитализам и некаква урбана средна класа (власи, евреи, турци по некој македонец, ерменин и грк) која спонтано се појавувала, веројатно луѓето тука ќе беа почесни отколку што се денес, но сето тоа е what if, има аргументи и за двете страни но историската гол шанса, значи на празен гол од 2м само да треба tap in ја промашија сите народи и народности на екс-Југославија, мораа, значи мораа да останат заедно, полека, со многу внимание и транспарентност со помош на странски експерти да се трансформира економскиот систем и заедно со многу веројатниот влез во ЕУ во 90-те тоа ќе беше некаква иднина. Настрана што немаше да се влечат срања со генерации ради војните.
Напредокот што го кажуваш од 45-90 си има цена, гледаме која е.
Дел од Западните земји не го примениле истиот систем, па пак турбо се развивале.
А за фабрики дека сме немале си голема грешка, а плус што сме богата земја со разни руди и минерали. Сите тие работи да биле во раце на претприемачи Норвешка ќе ни завидуваше.
Ама јбг прошао воз
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Политикологијата и социологијата не се егзактни науки, за да тврдиш дека основата на една идеологија е апсолутно точна и беспрекорно применлива. Како можеш да тврдиш дека модел за владеење на една идеологија би бил онака како што таа идеологија го тврди дека ќе биде, кога ќе дојде во пракса? Тоа може да е видување.... Претпоставка која се наметнува како авторитетна вистина на оние кои ја носат таа идеологија.

Оттаму, фундаментите на една идеологија, се секогаш догматични.
Па баш обратна е работата. На пример гравитацијата може да се прикаже егзактно, земјината гравитација секогаш ќе дава забрзување од 9,80 м/s. Брзината на светлината секогаш ќе биде 300 000км/s, Апсолутната нула секогаш ќе биде -270 С° итн, итн. Тоа се нешта кое се неменливи, тие се догми на науката.
Од друга страна, идеологиите се подложни на толкувања, минливост, менливост и слично, тие се субјективна страна на човекот и баш поради тоа неможе да се каже дека без исклучок произведуваат догми.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Па баш обратна е работата. На пример гравитацијата може да се прикаже егзактно, земјината гравитација секогаш ќе дава забрзување од 9,80 м/s. Брзината на светлината секогаш ќе биде 300 000км/s, Апсолутната нула секогаш ќе биде -270 С° итн, итн. Тоа се нешта кое се неменливи, тие се догми на науката.
Од друга страна, идеологиите се подложни на толкувања, минливост, менливост и слично, тие се субјективна страна на човекот и баш поради тоа неможе да се каже дека без исклучок произведуваат догми.
единствена егзактност во моментов е дека си досадееедееен!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Ајде да ги свртиме работите... да видиме како јас гледам врз Државава... Исходот од 2001 години го сватив многу трагично, го сватив како крај на светот и сите сили ги насочив кон тоа да го вратам или евентуално закочам цел процес... Не бев свесен дека може да постојат Македонци кои тој процес наметнат на сила, може да го подржат... Да се разбереме, не сум бил никад со закоравени ставови дека на Албанците не им треба образование на мајчин јазик... Напротив уште кога фрчко ти тепаше на основање на универзитетот цврсто бев со став дека со давање на целосно образование на мајчин јазик, Албанците ќе се интегрираат во системот полесно и ќе ја сметаат Македонија за сопствена држава, а истовремено нема да бидат подложни на манипулација.

Значи таа борба против ветерниците што ја водев, беше доста активна, оформивме граѓанско здружение во 2002, ги собравме академците(меѓу кои и Коле Чашуле и Петре М. Андреевски) кои го оформија морален суд.. Интересен податок е што единствен осуден од моралниот суд, беше Борис Трајковски, кој само неколку дена после тоа загина и тука уствари застана судот...

Значи борбата ми одеше до таму, што го жртвував личниот живот за таа борба.. еден ден после неколку години, еден ден се видов во огледало, и погледнав клошар...пропаднат човек... и си реков, па добро бре мајку му, дали јас би му обрнал внимание на овој човек, дека неговиот пат е исправен, кога он прво и основно самиот за себеси незнае да се грижи.....И си реков стоп... Мојата борба не вреди ништо, мојата борба е борба со ветерници, доколку јас сум никој и ништо и додека сум таков, мојот збор нема да вреди ни пет пари....

И решив да ја увидам ситуацијата... А тоа беше:
1. Државата не е наша од 2001 година, и нема што да очекуваме од неа...
2. Ако сакам некогаш да придонесам да си ја вратиме државата, мојата борба треба да почне со мене самиот... Тоест за да оставам трага, морам да бидам успешен...
3. оваа банана држава што сеуште постои, не рачунам дека ќе продолжи да постои, ниту пак ќе ме изненади ако испушти душа, важно ми е само да тоа се направи се мирно.. А ако случајно опстане, тоа би ми било као бонус...

Со еден збор, свесен сум и тоа многу за тоа што се случува и што би можело да се случи и на кое дереџе сме... Кој е крив незнам, јас гледам доста вина и во надворешниот фактор, но и во внатрешниот пошто ние и покрај све, сеуште се делиме... Но како и да е, сега и не е важно кој е крив за планот како да се продолжи понатаму.... Само едно знам, дека не треба да чекаме да пропадне скроз државава за да се почне да се работи... Тоа значи ќе работиме мимо државава, ќе работиме во светски рамки, денеска барем светот го имаш на дланка... Немора да се организираме, немора да правиме нешто екстра... Доволно е само да работиме на тоа да станеме успешни, зошто успешни луѓе прават успешна организација... а денот кога ќе треба да се организираме во некоја форма ќе си дојде самиот....

Значи оптимизмот, не ми е за државата, туку ми е за народот... Вреден народ, сме, паметен народ сме... Имаме веќе еден куп паметни луѓе низ светот, ако си помагаме меѓусебно, тогаш сигурно ќе успееме...
Е па тоа, си пробал, си се ангажирал, си изгубил нерви и години и здравје тоа е тоа, време е за гледање сеир, во ред, не велам дека тоа ќе биде преку ноќ, но се надевам дека ќе биде што поскоро, нема што да се прави повеќе, што има да губиш нерви и понатаму, нема за кого.
Имаше многу показатели 1991-2001 дека нема да биде како што треба и на крај ликовен критичар и други идиоти решаваа да праќаат резервисти во борба или во патрола со софт скин возила, автобуси и лади ниви а имаа еден куп донирани оклопни транспортери кои служат баш за тоа, без воздушно извидување, без претходница барем, без ништо и после јагленисани лешеви а одговорност никој и никогаш не презеде. Подобро пешки да ги пратеа него со автобуси. Имаш куп БТР-и кои стојат и фаќаат прашина али затоа автобус...

РМ е насадена накриво уште од 1991, можеби сите тие силни институции и академици требаше да предложат граѓанска наместо национална држава, да се забранат партии на етничка и религиозна основа, секоја партија да мора да има квота на членови од други етноси, со тоа во старт ќе беше издишан шип.тарскиот иредентизам, немаше да има основа за етнички вработувања, немаше да има 2001 а и да имаше нешто insurgency безбедносните сили ќе имаа целосна подршка од запад за обрачун со учк.
Но за тоа да биде така требаше да се земат сите параметри, кои се демографските трендови, како ќе се движат во иднина, која е економската моќ на Македонците а каква на останатите и уште милион работи кои упатуваа дека национална држава ќе биде неуспех на долг рок. Стратегија за уништување или барем минимизирање на ш-иптарскиот иредентизам, барем СДБ имаше илјадници кодоши меѓу арнаутиве ама наместо тоа се здружија да шверцаат нафта и други срања кон СРЈ :)
Но за тоа требаат луѓе со визија некаква, а не луѓе на кои задникот им задобил форма на фотеља.

Настрана приватизација и други гомнарии, не може накриво посадено дрво да израсне како што треба.

Не се согласувам, а воедно и реалноста те демантира дека сме вредни а уште помалку па паметни. Тие паметните со право ич К не ги боли. Зашто кога љубоморните тука гледаат само да ги исцедат.
Паметни луѓе, значи успешна држава. Ние сме далеку од успешна.

И јас и ти и @callejón de la muerte делумно истото го збориме, потврдуваме, со разлика што Муерте кренал раце скроз. А ние се надеваме на скриен потенцијал.
За тој да излезе на површина, народ треба да го удри нешто по главата, па можеби, можебиии ќе се освести.

Е сега доаѓаме до симболично кажано ако немаш јајца и брашно можеш ли торта да направиш, т.е. без квалитетен народ нема нормално општество. За да напредне народот треба прво повеќето како тебе да се, односно да се потрудат да се изградат како индивидуи, со вредности за почит.
За такво нешто мора и системот да се промени, а ваков систем само со крв се променува.

Од личен психолошки аспект паметно си прај Муерте, помалку стрес, накриви капата :cool: .

Напредокот што го кажуваш од 45-90 си има цена, гледаме која е.
Дел од Западните земји не го примениле истиот систем, па пак турбо се развивале.
А за фабрики дека сме немале си голема грешка, а плус што сме богата земја со разни руди и минерали. Сите тие работи да биле во раце на претприемачи Норвешка ќе ни завидуваше.
Ама јбг прошао воз
Вредни само во системи кои не се изградени од овдешни луѓе, таму да.
Тука, не особено.

Имало една фабрика Бата и една Пивара и толку. Патиштата биле макадам и калдрма во најдобар случај. Доктор да те лечи требало да продадеш куќа. Маларија косела масовно, што да правиме муабет. Тек комуњарите се зафатиле со искоренување на тоа, капиталистите биле зафатени со нешто, за краља и отаџбину. Имаш фотографии од тие времиња, види ги фаците на луѓето само, доволно е.
 
S

silmarillion

Гостин
Односот на паметни-глупи не е ништо поразличен од било каде у светот. Не постои ултра паметна нација/држава ни па ултра глупа. Постои мрзлива, со лоши навики, кукавичарска. Сите овие три параметри се стекнати, а не вродени. И како што се наметнати така се и прифатени, it takes two to tango. Некој начекал прекрасна бавча за орање, и веќе 30 години ора ли ора не се запира.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Кога имаш здраствен проблем, идеш прво на дијагноза. Така и ние треба да дијагностицираме каде лежат главните причинители па после да преземеме акција.
По мене, од тоа што сум прочитал и ми е најлогички и најреално, проблемот е во социјалистичкото уредување.
Не е толку проблемот во дијагнозата, дијагнозата е веќе очигледна... Проблемот е што не сакаме да ја прифатиме таа дијагноза. Не сакаме да и погледнеме на вистината во очи, па едноставно романтичарски ги гледаме работите залажувајќи се....

Е па тоа, си пробал, си се ангажирал, си изгубил нерви и години и здравје тоа е тоа, време е за гледање сеир, во ред, не велам дека тоа ќе биде преку ноќ, но се надевам дека ќе биде што поскоро, нема што да се прави повеќе, што има да губиш нерви и понатаму, нема за кого.
Зошто сеир... зошто да се предадам.... Не пер, не се предавам, само ја насочив борбата во друг правец... не треба да гледаме од денес за утре само... Одбрав да бидам прагматичен....

Имаше многу показатели 1991-2001 дека нема да биде како што треба и на крај ликовен критичар и други идиоти решаваа да праќаат резервисти во борба или во патрола со софт скин возила, автобуси и лади ниви а имаа еден куп донирани оклопни транспортери кои служат баш за тоа, без воздушно извидување, без претходница барем, без ништо и после јагленисани лешеви а одговорност никој и никогаш не презеде. Подобро пешки да ги пратеа него со автобуси. Имаш куп БТР-и кои стојат и фаќаат прашина али затоа автобус...
Види сега вака, греота е да збориш за конфликтот како да сме го изгубиле... .Не го изгубивме конфликтот.. Го победивме и тоа надмоќно... Е сега во еден конфликт нормално е да има и жртви, дали тие се јагленосани или се пеполосани или се мачени, тоа е информација на која реагираш емотивно во дадениот момент, а после све се сведува на бројка...

Еве уште малце и нема да постои човек што ќе ги памти битките од втора светска војна, па така жртвите си се жртви, бројки... Иначе се слагам имаше пропусти имаше заебанции, ама генерално добро се снајдовме...

РМ е насадена накриво уште од 1991, можеби сите тие силни институции и академици требаше да предложат граѓанска наместо национална држава, да се забранат партии на етничка и религиозна основа, секоја партија да мора да има квота на членови од други етноси, со тоа во старт ќе беше издишан шип.тарскиот иредентизам, немаше да има основа за етнички вработувања, немаше да има 2001 а и да имаше нешто insurgency безбедносните сили ќе имаа целосна подршка од запад за обрачун со учк.
Но за тоа да биде така требаше да се земат сите параметри, кои се демографските трендови, како ќе се движат во иднина, која е економската моќ на Македонците а каква на останатите и уште милион работи кои упатуваа дека национална држава ќе биде неуспех на долг рок. Стратегија за уништување или барем минимизирање на ш-иптарскиот иредентизам, барем СДБ имаше илјадници кодоши меѓу арнаутиве ама наместо тоа се здружија да шверцаат нафта и други срања кон СРЈ :)
Но за тоа требаат луѓе со визија некаква, а не луѓе на кои задникот им задобил форма на фотеља.

Настрана приватизација и други гомнарии, не може накриво посадено дрво да израсне како што треба.
Прво и основно, Македонија се постави како граѓанска држава, а не национална. Уставот беше чисто граѓански и помина највисоки оценки во Бадинтеровата комисија. Никогаш ние дефакто не сме имале национална држава иако до некаде функционираше како таква, но не ради нашиот шовинизам, ниту ради останатите малцинства... Туку баш ради Албанскиот иредентизам нашата држава се чинеше национална... Па можеби токму тоа е грешката, можеби требаше да биде национална... Што се однесува до делот за Етнички партии, тоа сосема се согласувам... Етничките партии само внесуваат поголема диференцијација меѓу народот.

Имало една фабрика Бата и една Пивара и толку. Патиштата биле макадам и калдрма во најдобар случај. Доктор да те лечи требало да продадеш куќа. Маларија косела масовно, што да правиме муабет. Тек комуњарите се зафатиле со искоренување на тоа, капиталистите биле зафатени со нешто, за краља и отаџбину. Имаш фотографии од тие времиња, види ги фаците на луѓето само, доволно е.
Не зезај сега, не ги гледаш работите и од другата страна... Комунистите направиле фабрики ја изградиле инфраструктурата, но гледано долгорочно, оставиле пропаст....
Ги одселувале селаните во град и од слободни луѓе ги правеле робови. И што е најлошо, го создале овој менталитет од којшто се жалиш... Учиш завршуваш школо, какво и да е, и државата ти наоѓа работа, па ако треба и да го измисли работното место за тебе... Понатака не оставиле без производство на храна, па така сега иако ги имаме сите услови за производство на високо квалитетна храна, ние увезуваме којзнае какви све не глупости... И на крај ја создале малораѓанштината што ја гледаме, а која е највеќе крива што сме закочени во место....

А за потребните фабрики и инфраструктурата... кога ќе имало потреба, ако имало, сами ќе си дојделе....[DOUBLEPOST=1534518449][/DOUBLEPOST]
Не се согласувам, а воедно и реалноста те демантира дека сме вредни а уште помалку па паметни. Тие паметните со право ич К не ги боли. Зашто кога љубоморните тука гледаат само да ги исцедат.
Паметни луѓе, значи успешна држава. Ние сме далеку од успешна.
Пер како успеваат во развиени капиталистички општества ако не се вредни и паметни ???

Е сега доаѓаме до симболично кажано ако немаш јајца и брашно можеш ли торта да направиш, т.е. без квалитетен народ нема нормално општество. За да напредне народот треба прво повеќето како тебе да се, односно да се потрудат да се изградат како индивидуи, со вредности за почит.
За такво нешто мора и системот да се промени, а ваков систем само со крв се променува.
Јас сметам дека сме дојдени до ситуација, кајшто системот не може да се смени со внатрешно влијание, тоест дека ниту може некој ниту има желба да направи промени.. Не дека политичарите ни се силни и ја држат ситуацијата под контрола... Туку дека сепак во моментов се играат некои игри на повисоко ниво... Може да речеме е зацртано во политичката агенда на САД, да Македонија по секоја цена мора да влезе во НАТО. па дури и да не успее референдумот, може ќе не бутнат на сила под привремена референца или како и да е (само лупам на памет)... Можеби стварно што вика ќе има промена на власт со Руски тенкови. Но едно е сигурно и во двата случаи мораме да завземеме страна. Е сега завземање на страна ние многу трагично го сваќаме, не е дека ако сега ги одбереме САД, после 10 години автоматски не можеме да ја одбереме Русија и обратно... и многу дополнителни и непотребни делби се прават и по ова прашање...

Е сега во една таква ситуација, кога политиката не сме способни да ја водиме, ниту пак и да сме, некој ќе ни даде да ја водиме, ние не треба да се откажеме од борбата, меѓутоа борбата не може да биде за системот, односно државата, пошто рековме дека држава веќе и да опстои не ја сметаме за сопствена... Туку мора да најдеме некој заеднички двигател кој ќе ни овозможи да запливаме успешно во светот, прво како народ, а подоцна и да си оформиме држава по наш терк...

Од личен психолошки аспект паметно си прај Муерте, помалку стрес, накриви капата :cool: .
Незнам баш, ама мислам дека он се нервира уште повеќе од нас, без разлика што кренал раце.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Не е толку проблемот во дијагнозата, дијагнозата е веќе очигледна... Проблемот е што не сакаме да ја прифатиме таа дијагноза. Не сакаме да и погледнеме на вистината во очи, па едноставно романтичарски ги гледаме работите залажувајќи се....
Па не сум сигурен дека се свесни која е правата дијагноза, многумина гледаш сеуште се лажат на ветувањата на социјализмот, а и сам кажа многу и одбиваат. Поубаво им е леб и игри, шо ќе му ја мислам.

Пер како успеваат во развиени капиталистички општества ако не се вредни и паметни ???
Па тоа и јас викам де. Првите ешалони им се паметни и вредни и се гледа по тоа што се децении пред нас.
Како ние ако сме паметни и вредни, да сме на вакво ниво :toe: . Не може да си паметен и вреден а да живееш во жабокречина ....

Јас сметам дека сме дојдени до ситуација, кајшто системот не може да се смени со внатрешно влијание, тоест дека ниту може некој ниту има желба да направи промени.. Не дека политичарите ни се силни и ја држат ситуацијата под контрола... Туку дека сепак во моментов се играат некои игри на повисоко ниво... Може да речеме е зацртано во политичката агенда на САД, да Македонија по секоја цена мора да влезе во НАТО. па дури и да не успее референдумот, може ќе не бутнат на сила под привремена референца или како и да е (само лупам на памет)... Можеби стварно што вика ќе има промена на власт со Руски тенкови. Но едно е сигурно и во двата случаи мораме да завземеме страна. Е сега завземање на страна ние многу трагично го сваќаме, не е дека ако сега ги одбереме САД, после 10 години автоматски не можеме да ја одбереме Русија и обратно... и многу дополнителни и непотребни делби се прават и по ова прашање...
Во првиот дел истото го кажуваш што и јас го кажав. Сега сме во таков момент да НИШТО не помага освен рестарт. Тоа ти е како запуштена нива. На нејзе има здрави плодови ама голем дел од површината е плевел, пиреј, трње. За да средиш, да бидеш ефикасен а и да не потрошиш премногу енергија, целото го палиш. Значи и доброто и лошото се во јабана, а после зависи кои акции ќе ги преземеш.

За НАТО тешко дека ќе влеземе. Да имаа таква цел, не ме зафркавај една Грција ли ќе блокира желбите на САД ... Сметам дека друго се крие позади сето ова, за жал не е баш розево.
Дај Боже да сум грешка, ама не ми изгледа така.

Врска бирањето, не знам како не ви е јасно дека НЕ е до нас. Па 90% го сакаме Западот, 90% патуваат, работат, шопинг итн итн го прават на Запад. Зар Албанија, Бугарија, Црна Гора нешто беа подобри кога ги примија ...
Западот НЕ не сака. Тоа ти е како во клуб, гориш од желба да влезеш, спремен си се да направиш, а вратарот ти вика НЕ МОЖЕЕЕ.
Успат си прави зафрканции, те дупчи, понижува и слични срања.

САД кога нешто сака нема сила која може да се спротивстави. Бар до 2030. Грција ќе блокирала, а по не знам кој пат ќе и дозволат банкрот без поголеми проблеми.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Па не сум сигурен дека се свесни која е правата дијагноза, многумина гледаш сеуште се лажат на ветувањата на социјализмот, а и сам кажа многу и одбиваат. Поубаво им е леб и игри, шо ќе му ја мислам.
Дијагнозата е едноставна, претсмртна агонија... А тие како што викаш што сакаат да полетаат на крилјата на новата интернационала, ќе сватат на полесниот или потешкиот пат, дека тие само ја играат улогата на децата што треба да бидат изедени од сопствената револуцијата....
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
САД кога нешто сака нема сила која може да се спротивстави. Бар до 2030. Грција ќе блокирала, а по не знам кој пат ќе и дозволат банкрот без поголеми проблеми.
САД е посебна приказна, го ставија оној кловн за претседател, за да можат уште полесно да си играат ташак низ светот ...[DOUBLEPOST=1534593786][/DOUBLEPOST]
Врска бирањето, не знам како не ви е јасно дека НЕ е до нас. Па 90% го сакаме Западот, 90% патуваат, работат, шопинг итн итн го прават на Запад. Зар Албанија, Бугарија, Црна Гора нешто беа подобри кога ги примија ...
Западот НЕ не сака. Тоа ти е како во клуб, гориш од желба да влезеш, спремен си се да направиш, а вратарот ти вика НЕ МОЖЕЕЕ.
Успат си прави зафрканции, те дупчи, понижува и слични срања.
Бирањето.... не е бирање, како што кажав наметнато ќе биде било да не бутнат во НАТО со сила, било да се насадат тука Руски тенкови... Дали мислиш дека некој ќе се побуни и во двата случаи? Ќе се фати за оружје да ги истера?

Па батка ако не си приметил, народот од искуство на сопствените политичари, окупација би пречекал со отворени раце... Во овој момент, било кој да влезе во Македонија, со еден батаљон без ниедна жртва може комотно цела да ја освои и никој нема да се побуни. Тогаш, барем ќе знаеме дека сме под окупација, и очекувањата на народот ќе се намалат...
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прво и основно, Македонија се постави како граѓанска држава, а не национална. Уставот беше чисто граѓански и помина највисоки оценки во Бадинтеровата комисија. Никогаш ние дефакто не сме имале национална држава иако до некаде функционираше како таква, но не ради нашиот шовинизам, ниту ради останатите малцинства... Туку баш ради Албанскиот иредентизам нашата држава се чинеше национална... Па можеби токму тоа е грешката, можеби требаше да биде национална... Што се однесува до делот за Етнички партии, тоа сосема се согласувам... Етничките партии само внесуваат поголема диференцијација меѓу народот.
Од уставот на РМ:

Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот
народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја
држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и
историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава
како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на
граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите
националности кои живеат во Република Македонија, а со цел:
 
Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно нас- ледство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската Репуб- лика и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот конти- нуитет на македонската држава како суверена република во Фе- деративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓа- ните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е кон- ституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Репуб- лика Македонија, а со цел:
- Република Македонија да се конституира како суверена и са- мостојна и како граѓанска и демократска држава;
- да се воспостави и изгради владеењето на правото како те- мелен систем на власта;
- да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност;
- да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и
- да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.
--------------------------------
У С Т А В
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.
Член 2
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓа- ните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.
 
Граѓанска држава нема малцинства и уставотворен народ. Во граѓанска држава имаш државјани на таа држава и странци или азиланти, пример ти се САД, таму можеш и марсовец да си, ако имаш американски пасош и лична карта - Американец си.
Во уставот на РМ убаво ти го болдирав делот каде е нагласено дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ. Тоа не е граѓанска држава.
 
тоа што го цитираше, а јас го продолжив е преамбулата на уставот... историски факти... тоа што е следно има наслов устав у пишува.... не држава на македонскиот народ, туку држава на граѓаните на РМ од кај што произлегува суверенитетот ... Јас незнам од кај ги вадиш информациите и кој те лажел... ама едно од горливите прашања при формирањето на државава беше ова и не е нешто непознато...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom