Работата зошто Прилепска и Реплек не се исти е во тоа што во Прилепска имаш доминантен сопственик кој ако се иземе оваа година со 3000 дивиденда, претходните 2 даваше по 400 и нешто, пред 3 години 200 и нешто, а пред тоа ИЧ,
додека во Реплек нема доминантен сопственик и речиси константно дава добри дивиденди, во последните 10-тина години вкупно колку цената на акцијата, плус оваа година мислам дека продадоа ресторант (или ќе го продадат не сум многу во тек), па би требало да имат плус добивка, што значи подобро да ја купеш Реплек на 60к одколку Прилепска на 60к, иако не велам дека и Прилепска не е добра акција на долг рок,
во Пекабеско не се очекува дивиденда пред 2023, Куртовски зимал плата од 13м годишно и го боли к..т за малите акционери, а цената мислам дека би требало да се движи од 20 до 30к после 2020.
Гранит и воопшто сите градежни компании знаете дека ќе бидат со ептен мали добивки и загуби, незнам како очекувате КМБ да ја прави добивката (од КМБ дивидендата е помалку од 20м со данок), кога за 6 месеци се реализирани само 16% од капиталните инвестиции.
Одлична тема, веројатно најдобра на форумов, алал да ви е дечки. Со кејф прочитав неколку страни наназад.
Моето прашање при инвестирање на берза. Кој е најважен од следниве критериуми при бирање на акција за инвестирање?
1. Книговодствената вредност да е повисока од цената на акцијата?
2. Некоја проценка или вест дека во иднина вредноста на кцијата би пораснала од икс причини?
3. П/Е?
4. Техничка анализа на графиконот на движене на цената?
Кој од овие критериуми е најважен ме интересира.
Од се по нешто, прво и најважно кој е и дали има доминантен сопственик, кој се во менаџерскиот тим, дали се лопови или чесни (чесни нема ама да кажеме подобри), потоа гледаш приходи, расходи, добивка, дивиденда, цена на акцијата во последните 20 години, што правеле со добивката, дали ја инвестирале или ја ваделе преку дивиденда, дали имаат кредити и за што ги зимале и сл.
Шпекулации слушај само ако ти се од ептен сигурен човек оти може да ги биде, а и не мора.
И најбитното, не сметај цени како овие погоре што сметаат меѓу Прилепска, Реплек и Пекабеско, секоја акција си е сама за себе и иако имаат слични вредности тие не се исти,
освен ако ги сметаш Тетекс и ТТК, кај кој Тетекс е ептен зависен од ТТК.