Koja e најдобрата компанија за еурокрем?

  • Креатор на темата Креатор на темата b0nus!
  • Време на започнување Време на започнување
За мене најдобри 3....

1. EUROCREM TAKOVO (Swisslion)

434104875l.gif

2. ALPIKO

alipko-krem-duo.png

3. NuCrema

d4dff642aa02b8e1ae760eb9b7881d924c08068d
 
според мене алпикоо нема подоброо!
 
lino.jpg
Без конкуренција. Мечево ги надмина сите верверици.
26667033667
 
Последно уредено:
Не сум многу по кремовите, ама овој ми остави доста добар впечаток, како Нутела само некако не толку благ.
21039250.jpg
 
Правилно не се вика еурокрем. Тоа е само чоколаден крем.
Еурокрем е само името на пакувањето на тој производ од Агроплод сегашно Swisslion исто како и Vegeta што не е името на зачинот туку си е мешавина зачин од повеќе зеленчуци. Vegeta e само име на пакувањето на таквиот производ од Podravka.

Само што народот без разлика од која фирма е тие имиња ги става.
 
Ти има смисла муабетов
 
Абе сите знаеме дека е така, ама ете народот ги прифатил тие имиња за сите слични производи. Кога одиш во продавница не викаш дајте ми чоколаден крем, чоколаден и ванила крем или зачин од сол и сушен зеленчук. Ќе те погледнат зачудено.
 
Правилно не се вика еурокрем. Тоа е само чоколаден крем.
Еурокрем е само името на пакувањето на тој производ од Агроплод сегашно Swisslion исто како и Vegeta што не е името на зачинот туку си е мешавина зачин од повеќе зеленчуци. Vegeta e само име на пакувањето на таквиот производ од Podravka.

Само што народот без разлика од која фирма е тие имиња ги става.

Оди утре побарај им смоки во првата продавница, ама објасни им го на ваков начин. Ќе те чекаат надвор од Негорци со комбето...
 
Во право сте за тоа дека ако побарам во продавница на таков објаснет начин ќе ме направат будала.

Туку во моето семејство крем е одамна исфрлено, те мами дури и да го сркаш со лајца за ужинка и за една до две недели ќе го снема.
Кога бев помал ваков татко ми купуваше, не знам дали сеуште постои ова. Јас го обожавав белиот крем.
viki.jpg

Брзо се трошеше и татко ми виде дека е зараза за една до две недли е скоро празна кутијата/теглата престана да купува, јас потпораснав и се одвикнав доста од ова . Ако дома кај нас некого му се пријаде благо мајка ми прави торта, баклава или пак најлесното палачинка во рерна со џем од сливи или шипки.
 
Viki e словенски еурокрем, го видов во Љубљана пред некоја година, само не го купив у пм.

https://trgovina.mercator.si/market/izdelek/17949045/kremni-namaz-duo-viki-600-g

http://vikikrema.si/index.php/viki-skupina/
 
Ти има смисла муабетов
Ќе му имаше ако знаеше дека Еурокрем беше лиценца на италијанската фирма Гондола, а Таково од Горњи Милановац имаше право да го произведува во Југославија.
Агроплод никогаш тој крем не го произведувал.
Они си имаа нивни, со една верверичка. Тој беше доста посрање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom