Веќе започнаа војна медиумиве од Шпанија со тие од Италија. Денеска имаа спротиставени ставови медиумиве од двете земји, за првпат од кога почна ова голгота, иако шпанците на почетокот не ни знаеа дека постои можност Модриќ да заврши во Интер, првпат слушнаа од италијаниве.
Шпанците сега тврдат дека Модриќ прифатил поголема плата, и дека ќе остане во Реал, овие Италијаниве викаат дека тоа сепак не е точно и дека Модриќ сака само во Интер(сеуште).
Јас им верувам повеќе на Италијаниве, не дека ми се допаѓа таа информација повеќе мене, туку бидејќи ретко грешат кога се работи за вакви трансфери.
Марка и Ас, беа најгласни и за Роналдо дека нема шанси да заврши во Јуве, но сепак знаеме како заврши таа приказна.
Според мене треба многу добро да проценат дали имаат сила да го потпишат Модриќ, ако за тоа немаат никакви гаранции, тогаш треба да го баталат, и да барат друга алтернатива, да не губиме време безвеза.
Јас сеуште стојам на ставот дека немаме сила да го потпишиме Модриќ, времето ќе покаже на крајот, еве останаа уште 7-8денови кога завршува преодниот трансфер рок, не е далеку ни денот кога ќе дознаеме дефинитивно дали имаме или немаме сила да го потпишеме играчов, најверојатно за 4-5 дена макс.