Ако стварно успее овој Аусило да го заврши пазарот со Модрич и Кеита, ова ќе биде еден од најепик испланирани и изреализирани трансфер периоди на еден спортски директор, на кој што јас сум бил сведок. Огромна почит има од мене, ако успее да ја заврши таа работа.
Ако не, ќе носиме оценки дополнително, во зависност од што ќе се купи.
Во секој случај, јас сум изненаден и што до тука е стигната работата со Модрич, односно што цела италијанска и шпанска спортска штампа се бави со држ-недај играва помеѓу Реал, Модрич и Интер. И што очигледно (ако им се верува на медиумите) Модрич вистински сака да дојде во Интер. Ако ништо друго, барем ќе има ефект целава работа врз имиџот на Интер, позитивен пр за развој на брендот.
И евентуалниот трансфер на Кеита би бил топ. Ме изненадува што Монако би се согласиле на позајмица со право на откуп, тоа се супер услови за Интер. Типот е колку, 22-3 години, млад, талентиран, без притисок за да има импакт како стартер, совршени услови и за него и за Интер. Плус, ако Кандрева оди во спротивен правец, Aids може комотно да биде knighted.
