https://lokalno.mk/europa-zdaj/
Уште сабајлечки ми фати око колумничево. Веројатно само едно во низата бљувотини кои што ќе мора да ги трпиме до 30ти септември, кога како што вели авторот, цитирам:
Каде сте Македонци? Иде референдум на кој треба да одлучите за својата иднина и пак сте се исплашиле. Се исплашивте дека по 30 септември ќе се отвори перспектива за да ни биде подобро?
Замислете дека на 1 октомври се гледа некоја светла точка на крајот од тунелот. И дека по 27 години патување во тунел, одеднаш имаш шанса да излезеш од мракот. Ама, стравот е голем.
Како е само провокаторски поставено, а?
Ако 27 години неосновано сме се плашеле да го кажеме својот став, денес ја имаме најголемата причина за страв и молк.
Јас не ги сфаќам со која леснотија зборат за иднината, за тоа што ќе се дешава од 1 октомври па натаму, не мора да си Нострадамус, еве јас ќе ви кажам: истото што ни се случуваше предходните 27 години ќе ни се случува и во наредните 27. Само со тој фамозен референдум ќе станеме ребрендирани идиоти, во душа истата збирштина корумпирани амеби, лицемери, продадени души ко овој колумнистов кој што има за задача да ги разводнува глупостите на оваа власт.
Секоја мочана година се отвора перспектива, секој е*ан ден е перспектива, за тоа не ти треба НАТО и ЕУ, да земеш мотика и да сработиш нешто. Ќе чекаме на ЕУ за да почнеме да работиме? А што правевме до сега, 27 години? По логикава од погоре по се изгледа сме чекале на Европа да не храни, овакви корумпирани мрзи, паразити...
Не е проблемот во името, проблемот е во нас, по илјадити пат!
Па уште зборат за Иванов и говорот. Сите го знаеме што мустра е, но факт кој што останува е дека човекот во Крушево ги кажа работите какви што се, затоа се крена толкава прашина, оти човекот ја кажа вистината, она што народот требаше да го слушне. И тоа дојде од најважната институција на која што и беше задача тоа да го каже. Не зборам за Иванов како карактер, зборам за институцијата претседател и должноста која што произлегува од неа.
И колку е само патетична онаа закана: "ако не Грујо да го вратиме" а овие се негова реинкарнација, продолжение на неговиот лик и дело.
Зборат за некаква иднина, видена ни е нас таа иднина, ја живеевме 27 години со Грујо и таквите налик него.
Со вакви ставови, со вакви олоши, партизирани гниди заглавени во шупаците на нивните господари таа иднина по се изгледа ќе не прати уште сто години.