Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Вициус многу потсеќа на Роналдо од Утд. Брз, неочекувани дриблизи и не ми изгледа себичен. Ако има плус добра завршница тоа е тоа. Најизненаден од Себаљос. Капа доле. Не играше цела сезона, и мотивација се гледа дека пука, плус предобар пас играч. Еден Хесе(најдобар млад играч ни беше) после повредата не го играа исто мн и се заборави кај е. Истот и за новиот десен бек, детено може комотно и крило да игра, страшна брзина, страшно добра игра на прва.
Се на се не ме бендисува шо изглеа ќе користиме тика така, и не ме бендисува шо Бејл нема мотивација и стоеше цела утакмица. А треба дс ни е главен играч.

Мене со потезите многу вчера ме потсети на Робињо во најдобрите денови. :D
Иначе Себаљос изигра одлична утакмица, штета што во прво полувреме не беа консолидирани и наштимани како што треба па недостасуваа шансите за гол. Одегард, Одриозола и Љоренте исто така изиграа солиден натпревар. Лунин дечкото од што воопшто немаше интервенција па и ретко влегуваше во кадар коментаторите на ЕСПН забележаа дека е во игра дури на крајот од натпреварот. :icon_lol:

Иначе нормално е прв подготвителен натпревар да биде онаков каков што беше, досаден. Време имаат сепак да влезат во натпреварувачки ритам бидејќи пола тим беше во Бензема моуд и се влечкаа по терен.
 
ипак и на УТД им е 3-4 утакмица, на нас прва...и тоа игра улога..мада 70% посед и каде каде поконкретни бевме од нив..ако гледаме и играта,пошто и тоа е најбитно..Моу си играше негов стил..10 играчи у 20 метри после 1ипол шанса и 2та гола...

Задоволен сум како за прва утакмица..
Се гледа и тоа што го коментираа одредени играчи, дека тренрот сака да има посед,да биде конкретен,и најбитното, при секоја загубена топка одма брз пресинг и одземање..тоа некако ептен ми дојде у око,пошто до сега ретко игравме така...
Иско ептен икрурчен ми беше од кога влезе, си игра кур-ташак со топката.пимплач прва класа, без ефект.. ќе му се удри изгледа од глава тоа шо го исфорсираа медиумите дека ќе биде главна алка на новио тренер..Исто важеше и за Бејл..ептен ептен не зинтересеиран за игра...а главен играч ќе го правевме...
Се на се, се сведува на тоа дека ќе играме добро,ама ќе нема кој да ги дава тие 40-50 гола на сезона од ЦР...па ваљда ќе им текне да земат конечно некој напаѓач,а не да ги гледам Р Д Т и Мајорал како се држат за рака ко некои првооделенци кога одат на школо..
 
За Ла Лига ќе запнеме- факт , тоа КДР не ни ни треба не зезајте кој ти глеа тоа, макар да и лигиве со тек на време ќе паѓаат поготово ако се напраи таква лига ко шо планираат ко што е у кошаркава у Европа...

Али се знае кој е престижот, на што се свршава у фудбалов, ЛШ и друго е небитно :cool:
 
Кога веќе нема да фрлат со право 200М за Азар супер би било да тргнат по Марсијал. Не дека ни е итно потребен тој профил, но е испод цена на пазарот моментално со оглед на ситуацијата. За до 60М би го зел без око да ми трепне. Доколку се изгуби, во што се сомневам, секогаш може да го шитнеме, со оглед на тоа дека има само 22 години. На крајот Куртуа и Марсијал за 100М е сон за пазар на кој Милинковиќ се цени на 110 милиони.
Секако повторно ќе остане потребата за класичен шпиц, пошто Безвеза, Мајорал и Де Томас комбинирано прашање е дали ќе стигнат до 20 гола.
 
Кога веќе нема да фрлат со право 200М за Азар супер би било да тргнат по Марсијал. Не дека ни е итно потребен тој профил, но е испод цена на пазарот моментално со оглед на ситуацијата. За до 60М би го зел без око да ми трепне. Доколку се изгуби, во што се сомневам, секогаш може да го шитнеме, со оглед на тоа дека има само 22 години. На крајот Куртуа и Марсијал за 100М е сон за пазар на кој Милинковиќ се цени на 110 милиони.
Секако повторно ќе остане потребата за класичен шпиц, пошто Безвеза, Мајорал и Де Томас комбинирано прашање е дали ќе стигнат до 20 гола.

Што ќе ти го Марсијал кога во тимот го имаш Асенсио? Само стварање гужва онаму каде што е гужва. Исто ко и со голманите...
 
Здрав Бејл и класа напаѓач е тоа што ни треба за следнава сезона.
Секако, да не продадат ништо до септември.
 
Ковачич ќе биде замена за Модрич во следниот живот. Има разлика во класи помеѓу Модрич и Ковачич.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom