Па ако е така чим сме ги купиле да ги оставиме сите да играат до крај на кариерите. Ај за Марсијал е да кажеме на пониско ниво, а и сме покриени таму, ама за Куртуа ваљда не си сериозен. Се работи за топ 5 голман сигурно, премлад и цената е 35 милиони. Зар треба да чекаме дур да стане Кејлор Икер од последните негови сезона-две па после да му купуваме замена. Е па тогаш замената за класа голман ќе биде не помалку од 75-те милиони кои се фрлија за Алисон. Облак оди извади го за помалку од клаузулата(100). Таа е цената за класата на голмани по кои треба да тргне топ тим од рангот на Реал, а тука го имаме Куртуа за 35.
Не ми беше зборот стриктно дека е Куротоа, туку дека има позиција која беше дефицитарна и пред заминувањето на Роналдо а тоа е напаѓач, макар и резервен.
Позициска замена за Роналдо не ни треба, Асенсио ќе игра таму, Бејл може да игра таму, ни треба замена за Роналдо во поглед на головите. Левандовски е раскаран со Баерн, тој момент мора да се искористи. Но веројатно нема, затоа што Баерн нема пак да ја направи истата грешка и да ни продаде играч за ефтино а и нашиве решиле да не даваат висока сума за 30 годишен играч.
Тој збир на головите кои доаѓаа од Роналдо мора да се компензира така, да се подели меѓу повеќемиа играчи од кои идеално би било да има и нов шпиц.
Против Куртоа немам ништо против. Супер голман, не е според мене директен improve спрема Кејлор, но е млад и ќе има можност за станување подобар. Кога веќе Де Геа е мишн импосибл, а Баскиецот го откажаа, овој се наметнува ко логична замена.
А директна замена за Роналдо и во поглед на импакт на игра и во поглед на голови, моментално, може да бидат само Мбапе и Нејмар, можеби и Салах ако не бидне one season wonder.
Токму тие два играча, Мбапе и Де Геа се грешките кои се направија изминативе години. Покрај сите добри потези и победи на менаџментот на Перез, овие киксови ќе му останат заприметени. Да беа во тимот моментално, немаше да се плашиме за замени сега.
Јас да сум на негово место пак би притиснал за нив, но стариот е инает и тешко е за верување дека ќе тргне пак кон некој што го заебал.
Освен тие два кикса, све друго досега се покажа како одличен менаџмент. Тивко се доведоа играчи кои важат за таленти кои би прераснале во играчишта за да смената на генерации не биде толку осетлива. Асенсио, Ковачиќ па и Себаљос се одлични таленти, кои сигурно не можат веднаш да го имаат импактот на Роналдо и Модриќ, но постепено можат да го достигнат. Секако тука е и ризикот дали го можат тоа. За Асенсио и Ковачиќ сум сигурен дека плафонот им е блиску до тој на претхднициве, но некако и двајцата ми ја имаат мрзеливоста на Бензема, особено овој вториов кој стана голема флегма прошлава сезона.
Оваа фантастична генерација мора некад да се промени, а штом веќе Зидан и Роналдо си заминаа, логично е да се очекува дека би си заминал уште еден клучен лик во успесите. И ако веќе бираме кој би заминал, Роналдо и Модриќ се најлогичните решенија. Ем се веќе ветерани ем на нивните позиции имаме барем солидни замени веќе во тимот. Заминување на Касемиро, бековите или стоперите би бил на пример поголем проблем затоа што моментално немаме играч таму.