Македонска берза

Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Немам никаква инсајдерска информација, но не ми ни треба . . .
КМБ профит 21 милион ЕУР . . . а може стигнала и референдумска порачка . . . На крај на година 31+ милиони еур профит . . . .
ТНБ профит 23 милиони ЕУР, на крај на година 35 милиони ЕУР . . .
Ете дека не ти требаат инсајдери за да погодиш како ќе изработи менаџментот на КМБ . . . Типично за нив, немало референдумска порачка, никој од ПР службата во влада не се сетил :D . . .
Постот е од 12 јули, па тогаш и Хари не ги знаел билансите ;) . . .
На крај на година останувам со проекцијата од 31 милиони евра профит така да ќе има најдобра дивиденда во историја !!!!
Ајде да видиме дали и НЛБ ќе ја погодиме . . . тие се малку понепредвидливи ;) . . .

Комерцијална има доволно резервации, превземен имот, непродадени хипотеки . . . . . за да манипулира со билансите во следните неколку години . . . Тврдам дека во следните неколку години профитот нема да падне под 25 милиони Евра без ништо да работат :D:D . . . А ако барем малку се испотат отидоа над 40 милиони евра за две години . . .
Ова за мене е лош извештај кој реално ја отсликува состојбата во банката . . . Спијат и се шалтаат на стара слава ја користат пазарната позиција која со тек на време ја губат . . . . Истото ова им го кажав на ак. собрание, но се лутат кога им ја потенцираш неспособноста . . . .

Има уште две добри работи.
1. Имаат добра адекватност на капитал и следните години можат да ја зголемат дивидендата.
2. Во моментов блиски се со власта т.е. тие се власт . . . така да колку и да се полоши од конкуренција ќе држат чекор . . . Пазарната неспособност ќе ја покријат со политичка подршка.

Со 30+ милиони Евра профит во 2018 и добра дивиденда цената на акцијата ја очекувам на 100 евра, мислам дека пазарот сам ќе го направи тоа без никакви манипулации . .. .

п.с.
KMB ми е водечка акција во портфолио, па се трудам горенапишаното да е понепристрасно.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Можност за компарација на можната цена за евентуалната продажба на DT уделот во ТЕЛ

http://rs.n1info.com/a408334/Biznis/PPF-grupa-preuzela-Telenor.html
Јас врз база на овој текст не би можел никаква споредба со македонски телеком (цената која евентуално би се продал) да направам.
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
126
Поени од реакции
90
Полугодишниот ФИ на Комерцијална не е баш розов. Паѓаат приходите од камата, но добивката сепак е солидна, иако речиси целосно се должи на наплата на претходни лоши пласмани.
Заклучокот сепак е дека не е важно дали мачката е црна или бела се додека глувци фаќа...
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
TNB nekoj mi spomna deka dosle do plafon 40ka pa izgledaa peglaat za da ja simnat na 25 miliona da ne iskoci deka epten se jaki pokraj vakva konkurencija :)
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Можност за компарација на можната цена за евентуалната продажба на DT уделот во ТЕЛ

http://rs.n1info.com/a408334/Biznis/PPF-grupa-preuzela-Telenor.html
Od posledniot izvestaj na Telenor

https://www.telenor.com/wp-content/uploads/2018/07/Telenor-Group-Q2-2018-report-a345c9a14e6425f64afd3f2286a9e2aa.pdf

Delot CEE se prodal na EBITDA x 7.4.

Sega ne znaeme kolku imale cash i dolg, za da valuirame poprecizno. Kako i da e, ako preneseme na TEL doagja do valuacijata od okolu 400den po akcija, sto e nekoi 35-40% nad segasnata cena.

Ako dodademe dividenda od 8%, zagarantiran povrat vo slucaj na prodazba e 45%. Ako ne uspee prodazbata, dividenda 8-10% perpetualno.

Win win :)
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Полугодишниот ФИ на Комерцијална не е баш розов. Паѓаат приходите од камата, но добивката сепак е солидна, иако речиси целосно се должи на наплата на претходни лоши пласмани.
Заклучокот сепак е дека не е важно дали мачката е црна или бела се додека глувци фаќа...
Со оглед на зголемените депозити спредено јуни 2018 со 2017 за скоро 10%, како и на кредитите за преку 6%, останува да видиме како ова ќе се прелее на другите банки :)
 
Последно уредено:
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbr=2709

Во јуни индустријата пораснала за 12,1% споредено со ланскиот јуни, или споредено прва половина од 2018 со 2017 има раст на индустријата од точно 5%. Не е лошо, секако може да е подобро... :)[DOUBLEPOST=1532947718][/DOUBLEPOST]
Тоа е таа игра на емоции, трендови и фундаменти.

Банката на која референти за кредити и бегаат да работат диплачки во Сити Мол растура на берза :D
Бранко следен пат кога ќе ме цензурираш, преселуваш . . . биди принципиелен . . .
Префрлај ги и оние постови кои ти се симпатични . . .
Ова има ли врска со берза ???
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Слабо ТНБ, разочараа во вториот квартал (n)
Очекував 1,4 милијарди добивка, можеби 200 милиони и не се толкава разлика, ама со ова темпо ќе значи ~500 милиони помалку од очекуваното до крај на година и намалена дивиденда за 200-300 денари.

[DOUBLEPOST=1533122990][/DOUBLEPOST]
Ова има ли врска со берза ???
За мене има
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Бранко следен пат кога ќе ме цензурираш, преселуваш . . . биди принципиелен . . .
Префрлај ги и оние постови кои ти се симпатични . . .
Ова има ли врска со берза ???
Знам Боле дека многу ме сакаш и почитуваш, и едвај чекаш нотификација дека јас сум постирал нешто ново :D :D :D

Ене ти ја втората по големина во твоето портфолио со фантастичен резултат, за прво полугодие, што го прави P/E близу 10, а останува уште половина година до крај на 2018 :masa:

Нареден пат кога ќе те изнервира раст на индустрија, лапни некој дијазепам, или земи каноил, добри биле за нервниот систем.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Слабо ТНБ, разочараа во вториот квартал (n)
Очекував 1,4 милијарди добивка, можеби 200 милиони и не се толкава разлика, ама со ова темпо ќе значи ~500 милиони помалку од очекуваното до крај на година и намалена дивиденда за 200-300 денари.
Незнам каде го гледаш разочарувањето ???
Банката стандардно добро работи . . . Приходите растат . . . Кредитирањето во вториот квартал е одлично . . . Прв квартал имаше ослободување на резервации што е невообичаено, додека сега имаат оставено резервации. Резервациите на ТНБ уште се на невообичаено ниско ниво и тие ќе растат во наредните неколку години на сметка на профитот. Исто ќе биде и со СТБ. Овој профит кај СТБ и ТНБ е вондреден за подобро да се продадат ако биде нешто од тоа.
Јас сум изненаден од промената на нивната политика спрема резервациите и зошто не почекаа мајката во словенија да се докапитализира, па после да оставаат поголеми резервации . . . но изгледа немаат повеќе простор за манипулација . . .
Дека незнаеш да ги толкуваш резервациите ми е јасно уште лани кога се инаетеше на тема СТБ и КМБ . . . За да знаеш во кој правец се движи банката се гледа целиот биланс а не само ПРОФИТОТ.
Знам Боле дека многу ме сакаш и почитуваш, и едвај чекаш нотификација дека јас сум постирал нешто ново :D :D :D
Ене ти ја втората по големина во твоето портфолио со фантастичен резултат, за прво полугодие, што го прави P/E близу 10, а останува уште половина година до крај на 2018 :masa:
Нареден пат кога ќе те изнервира раст на индустрија, лапни некој дијазепам, или земи каноил, добри биле за нервниот систем.
Не бе друже . . . Се радувам ако расте индустријата, ако има странски инвестиции, ако расте БДП (оваа е најбитнен показател) . . . . Не гледам јас со партиски очила . . . Најсреќен ќе бидам ако БДП порасне 4,5% како во Србија, Америка и остатокот од светот . . . Па од нас и една Грција сега е подобра . . . Не ме интересира која влада ќе го направи битно е да го има. Мојот глас го добива оној што работи, а не партијата . . . По тоа се разликуваме јас и ти. Мене партии не ме интересираат, а и немам омраза спрема политичарите без разлика од каде доаѓаат... Емоциите го поматуваат разумот.
Инаку растот на индустријата од 5% е меѓу најмалите во регионот . . .
Дијазепам ќе ти треба тебе кога ќе излезе статистика дека економијата расте со НУЛА,7 најмала во Европа :D:D . . . Тоа значи дека се продлабочува јазот меѓу МКД и Европа место да се намалува.
p.s.
Владата Ви е тапа, дајте нови деца :D:D:D.
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
Аман што го заебаа сајтот демек ќе го подобрат со малку шминкање... :busi:

Пренесете на тие што го расипаа сајтот!

Историски податоци

1, Листава поарно е да е на цела страна, да скролам на прелистувачот, а не на толкава листа, само непрегледни 10 реда...

2, Наназад по години листава нема податоци, треба да се среди...

Немој да ме цитирал некој "друже имаш даунлоуд дугме за истата листа во ексел дрн дрн" НЕ! Не ми треба!
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Слабо ТНБ, разочараа во вториот квартал (n)
Очекував 1,4 милијарди добивка, можеби 200 милиони и не се толкава разлика, ама со ова темпо ќе значи ~500 милиони помалку од очекуваното до крај на година и намалена дивиденда за 200-300 денари.

[DOUBLEPOST=1533122990][/DOUBLEPOST]

За мене има
Ако не те мрзе провери ама мислам дека добивката експлодира последните 2 години во третиот квартал, така што ако сега не го повторат тоа може да биде голем проблем.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Аман што го заебаа сајтот демек ќе го подобрат со малку шминкање... :busi:

Пренесете на тие што го расипаа сајтот!

Историски податоци

1, Листава поарно е да е на цела страна, да скролам на прелистувачот, а не на толкава листа, само непрегледни 10 реда...

2, Наназад по години листава нема податоци, треба да се среди...

Немој да ме цитирал некој "друже имаш даунлоуд дугме за истата листа во ексел дрн дрн" НЕ! Не ми треба!
3. Аматерски изглед со многу скролови кога го погледнав фонтот колку е замачкан на првата страна несакав понатака ниту да го рагледувам. Страната претходна иако со 2006 технологија далеку подобро изгледаше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom