Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Да да, во право си, ќе ја тужиме во Хаг и ќе добиеме, и тоа ќе биде катастрофален пораз за Грција на дипломатско ниво... Всушност видовме веќе, не, никој не ја сваќа после тоа Грција сериозно....

Слупај, оваа примитивна иронија може на некој друг да му ја продаваш. Ако си играме иронија и цинизам, нема баш добро да поминеш, верувај ми на збор.

Работата е едноставна, ако Грција не го испочитива договорот работите се враќаат на почеток, само што сега Грците се многу поназад од каде што беа.
 
Досадно е ова, сто пати е дискутирано. Ако Македонија го помине референдумот целата обрска за исполнување на договорот паѓа на Грција. После рефердумот тие немаат маневарски простор за дипломатски. Ако повторно ја блокираат Македонија за во НАТО тогаш Македонија може да се повлече од договорот а Грција да претрпли дипломатски пораз од огромни размери. После тоа никој никогаш нема да ги слуша аргументите на Грција.

Навистина не знам зошто дискутираме очигледни работи, досадно е.
Со привремената спогодба Грција не смееше да не блокира кон ЕУ и НАТО под привремената референца.Значи потпишана во ОН и подржана од ЕУ и НАТО ние го сменивме името за меѓународна употреба.Ни Буш не успеа да не протне во 2008г.
Стварно е досадно да се дискутира за ова прашање.

Професор по право од УСА убаво објаснува што значи договорот.Еден куп листови што ништо не е прецизирано.Грците комотно можат да не дупат во наредните 20-30г,ни ЕУ ни НАТО ќе видиме и повторно ние ќе бидеме криви.

http://expres.mk/profesor-po-pravo-od-sad-dogovorot-od-prespa-e-machka-vo-vrekja/
 
Интересно видео, објавено уште во јануари (y)

P.S. Ако е веќе постирано...ништо...не е лошо пак да се изгледа, трае само 4:18 .
 
Кој го гарантира...???Еве гледај прагматично на работите... Влезот во НАТО во 2008 ни го гарантираше Буш...Следно ти си возрасен знаеш, законот за територијална поделба требаше да не одведе напред....Рамковниот договор ја гарантираше Европската иднина на Македонија....Нели гледаш дека све што има предзнак ЕУ и НАТО не внесува во све поголеми гомна ???
... смешно е да се препостави дека само Грција може да даде „Вето“ на МКД за влез во НАТО и ЕУ ! промените со што ќе ја задоволиме Грција и ќе го одблокира „Вето_то“ тоа не значи дека после неа по систем на домино, нема да не блокира Бугарија барајќи нешто слично со промени во Уставот, па кога и тоа ќе го промениме и Бугарија „ќе не пушти да влеземе“ не значи дека на пример друга земја нема „да не еб_ава“, на пример Германија ќе ни го „клава“ Ветото, ако не ги примите толку и толку мигранти нема „влез“ во Нато и ЕУ и кога ќе видиш ќе испаднеме повеќе еб_ани отколку ќе влеземе некаде, ама за това реализирано некој многу ќе се опари или ќе добие по некој тендер поголем или помал (се прашвам може имаме и тука член со добиен тендер, па е свезнајко :D ) државата ќе отиде у ку_рац :(
 
Последно уредено:
Не знам како да ти објаснам, законот за јазици е ДОНЕСЕН. Ако се најде начин да се премости Хорхе арно, ако не, ќе се почека негово заминување. Тој закон реално нема врска со референдумот. На глава да се наместиш, тоа нема да се смени.
Реферндумот поминал или не поминал оваа власт ќе остане во Македонија најмалку до следните избори, не си прави бајрам со умот.
Нема потпис од претседателот нема закон ова го кажуваат правни експерти не јас, така да законот за двојазичност е мртовороденче. Ако имаше можност за премостување ќе го премостеја досега, но очигледно чекаат погодна политичка ситуација за n то силување на уставот, или награда претседател на држава после евентуално успешен референдум. Од ова следува за да мине законот за двојазичност неопходен е успешен референдум. Ако не помине референдумот како што пишав на оваа невласт и отпаѓа главната задача која им е дадена за да постојат, уште повеќе и сам Црпко кажа дека доколку не помине референдумот ќе подаде оставка. Е сега што според него би значело поминување на референдум е дискутабилно уште подискутабилно е колку може да му се верува. Екстра стоеше и опција дека ако не помине референдумот ќе има предвремени избори со референдумски карактер. Така да ова дека власта ќе остане и после неуспешен референдум е очигледно твоја пуста желба а не реална проекција.
Многу е дискутабилно исто така дали оваа марионетска клика ќе добие било какви избори парламентарни или претседателски после неуспешен референдум. Одтука ако не помине референдумот нема да помине и законот за двојазичност.[DOUBLEPOST=1532877828][/DOUBLEPOST]
Дежурните тролови гледаат прагматично исклучиво и само на сопствените тролачки потреби, а не на политичката реалност.

Инаку, кога сме кај гаранциите, и Денис Мекшејн од лабуристичката влада на Велика Британија на Тони Блер ни мудруваше во 2004 година со неговиот рачен часовник, велејќи ни дека доколку Македонците излезат на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа и гласаат ЗА, тогаш времето за Македонија ќе се вратело назад, а ако го бојкотираат референдумот, тогаш времето за Македонија ќе продолжело напред.

Видовме колку времето продолжи напред после неуспехот на референдумот во ноември 2004 - приказните на плавите жолтици останаа најобични приказни и бајки за деца, но барем реалноста го стигна Денис Мекшејн, кој 8 години подоцна призна финансиска измама за да се спаси себеси од заминување на одмор позади затворски решетки.

Суспендиран Денис Мекшејн, дали Македонците се свесни чии совети следат и прифаќаат ?
До скоро се чудев како македонци можеа да бојкотираат референдум и со тоа да обезбедат албанизација на неколку обштини во Македонија, сега одкако истите тие Македонци овој пат повикуваат на референдум за смена на името со гратис неколку поизителни обврски ми станува јасно какви Македонци се тоа. Имено комуњаро-соросоидни-безмозочни-гмо-сендвич Македонци. Тоа е тој профил.[DOUBLEPOST=1532878123][/DOUBLEPOST]
Со привремената спогодба Грција не смееше да не блокира кон ЕУ и НАТО под привремената референца.Значи потпишана во ОН и подржана од ЕУ и НАТО ние го сменивме името за меѓународна употреба.Ни Буш не успеа да не протне во 2008г.
Стварно е досадно да се дискутира за ова прашање.

Професор по право од УСА убаво објаснува што значи договорот.Еден куп листови што ништо не е прецизирано.Грците комотно можат да не дупат во наредните 20-30г,ни ЕУ ни НАТО ќе видиме и повторно ние ќе бидеме криви.

http://expres.mk/profesor-po-pravo-od-sad-dogovorot-od-prespa-e-machka-vo-vrekja/
Привремената спогодба дури и не ја ратифицираја, потоа ни опнаа ембарго и им исполнивме уште пар уцени. Тоа е таа грчка и меѓународна гаранција наша плиткоумност со гратис наши продадени политичари.
 
Последно уредено:
Слупај, оваа примитивна иронија може на некој друг да му ја продаваш. Ако си играме иронија и цинизам, нема баш добро да поминеш, верувај ми на збор.

Работата е едноставна, ако Грција не го испочитива договорот работите се враќаат на почеток, само што сега Грците се многу поназад од каде што беа.
Искрено работата не е до шала... Го ценам оптимизмот што го гаиш, но ќе ти кажам наивен си... Не изигра Заеб, поштено... вам ви продаде бајки, за милијардите украдени од фамилијата, за бројчаникот што ќе врти на портата, за случајот монструм, за диво насеље, за грдото лице на Македонецот... На крајот сите работи што беа фантазија во главите на жмороните, излегоа на површина, дури и кампови се градат у околината на Скопје... Значи не сакам да се карам со тебе, ниту да те вреѓам преку примитивен сарказам.... Но чоек, нели гледаш што се случува? Ми се чини ти си последниот бастион на форумов....

Договорот со Грција не е ништо друго освен нов рамковен договор, сличен како тој со Бугарија, сличен како тој што го имаме со Албанците... Тој не е концизен договор, кој кажува кои се условите, туку условите допрва треба да ги одреди Грчката страна.... Епа види сега ти.. И покрај све Албанците сеуште се жалат дека не е имплементиран рамковниот....После 17 години...
 
Слупај, оваа примитивна иронија може на некој друг да му ја продаваш. Ако си играме иронија и цинизам, нема баш добро да поминеш, верувај ми на збор.

Работата е едноставна, ако Грција не го испочитива договорот работите се враќаат на почеток, само што сега Грците се многу поназад од каде што беа.

За ваков одговор, небањатите обично ги пукнуваш од заебавање.:)
 
Работата е едноставна, ако Грција не го испочитива договорот работите се враќаат на почеток, само што сега Грците се многу поназад од каде што беа.

Не баш. Во таква ситуација ќе добиеш секој ден по еден нов авион еуро-чиновници и дипломати, кои ќе те потсеќаат дека тоа би било чекор назад и дека враќање на патот на национализмот би било погубно за Северна Македонија.
Тогаш нема веќе да им бидеме вашата земја и вашата убава земја, туку само Северна Македонија.
 
Не, нас почна да ни се смеат кога го ставивме Аце на сред плоштад, кога го нарековме аердромот Александар, автопатот не знам како, и кога почнаа нашите навивачи да прават мајмуни од себе во униформите на фалангите.

Сите оние глупости кои до тогаш ги кажуваа Грците како сакаме да им ја украдеме историјата станаа вистина.
На нас ни се смеат и за споменици од типот на балистот Џемо Хаса,кој ќе стигни ни менува име и историја и ред други работи.Пази кој иредентизам сме го нарекле аеродромот Александар,страшна и неопростлива работа бреее!
 
Последно уредено:
Небитно. Да бевме ние такви националисти и иредентисти како што одредени кругови сакаат да не прикажат, сега немаше да се доведеме пред свршен чин да ликови како Заев во наше име, го менуваат името под кое се идентификуваме без око да им трепне, без последици и страв од народот.
Повторно доаѓаме до менталитетот, изворот на сите наши невољи. Ние се најдовме затечени во оваа ситуација, држава добивме силом прилике. И додека некои народи интензивно работеа и сеуште работат на тој план ние сеуште се чудиме што да правиме со себе.
Ние не сме народ кој што е способен да води и управува. Затоа и албанското малцинство го увиде тоа уште одамна и се наметна како фактор без кој што оваа држава неможе да мрдне чекор напред без тие да бидат прашани. Еве дури и за името, за нешто што лично нам не засега треба и нив да ги прашаме.

Ова е тип на држава која што од внатре и од надвор, од нашата поблиска и подалечна околина, се перцепира како no man's land или ничија земја. Во едни такви околности не е ни за чудење тоа што кој стаса ни се меша во внатрешните работи. Ние немаме завземено цврст став за тоа во која насока сакаме да одиме. Ние уствари и не знаеме што сакаме да бидеме.
Сите околу нас "пораснаа" а ние останавме детето со посебни потреби кое што не може да егзистира без нечија "помош"
Затоа и ќе потпишуваме вакви срамни договори. Јас верувам дека овој нема да биде последен. Така ни рекоа и за Охридскиот, и за времената спогодба, за територијалната распределба...еве до каде не донесе "помошта" од надвор заедно со нашите политичари предавници.
 
Слупај, оваа примитивна иронија може на некој друг да му ја продаваш. Ако си играме иронија и цинизам, нема баш добро да поминеш, верувај ми на збор.

Работата е едноставна, ако Грција не го испочитива договорот работите се враќаат на почеток, само што сега Грците се многу поназад од каде што беа.

За ветото од Грција што ни го стави и се правеа на тошо сите еу и нато членки ?Зарем немаше прекршување на договорот? Привремена референца, сменето знаме беше нивно барање.Не! они сакаат да нема Македонштина.
 
Досадно е ова, сто пати е дискутирано. Ако Македонија го помине референдумот целата обрска за исполнување на договорот паѓа на Грција. После рефердумот тие немаат маневарски простор за дипломатски. Ако повторно ја блокираат Македонија за во НАТО тогаш Македонија може да се повлече од договорот а Грција да претрпли дипломатски пораз од огромни размери. После тоа никој никогаш нема да ги слуша аргументите на Грција.

Навистина не знам зошто дискутираме очигледни работи, досадно е.
Знам дека едвај чекаш да станеш припадник на Северномакедонската етничка заедница ама извади ја главата од песокот за момент и размисли малку.
Грција еднаш не испочитувала Привремена спогодба откако Македонија исполнила се што се барало од неа зошто би било сега поинаку??? Меѓународен суд пресуди дека Грција е крива за ветото во Букурешт. И се случи нешто на Грција??
Доби дипломатски пораз некаков?? Ништо.

Уствари не знам што да трошиме време па да ти објаснуваме случки од пред 20 г. кога главата ти е длабоко во песок па не ти се слуша. Биди послушен Северномакедонец и уживај си затоа што за 10 г. ќе бидиш горд Централно - Балканец.
 
Ај не зборувај глупости нема врска муабетов па си кажа човекот дека беше во Хрватска кога се изгласа оваа прекрасна влада и кога ни дојде животот.Да не дискутираме за ова досадно е.[DOUBLEPOST=1532945835][/DOUBLEPOST]
Распад би било најдобра алтернатива за оваа држава. Во отсуство на какви било шанси за потенцијален распад, секакви промени кои би донеле макар и маргинално подобрување, се добредојдени.

Идентитетот на овој народ бил и ќе остане дивјачка, простачка, опортунистичка, неартикулирана орда, независно од именувањето, самоопределбата или што и да е поврзано со илузии од тој тип.
Бугарите и Србите и Албанците се така прекрасни народи што каде и да се доселиле во Западна Европа просто се восхитени од нивната култура.Јас досега не сум слушнал некој од овие три земји да каже некој дај бе да се распаднеме зошто сме олоши.Ама просто фиромче шо друго ќе каже.Ајде уште малку па после у Северна сите ќе бидеме избањати и пристојни.Шупак еден.
 
Последно уредено:
... смешно е да се препостави дека само Грција може да даде „Вето“ на МКД за влез во НАТО и ЕУ ! промените со што ќе ја задоволиме Грција и ќе го одблокира „Вето_то“ тоа не значи дека после неа по систем на домино, нема да не блокира Бугарија барајќи нешто слично со промени во Уставот, па кога и тоа ќе го промениме и Бугарија „ќе не пушти да влеземе“ не значи дека на пример друга земја нема „да не еб_ава“, на пример Германија ќе ни го „клава“ Ветото, ако не ги примите толку и толку мигранти нема „влез“ во Нато и ЕУ и кога ќе видиш ќе испаднеме повеќе еб_ани отколку ќе влеземе некаде, ама за това реализирано некој многу ќе се опари или ќе добие по некој тендер поголем или помал (се прашвам може имаме и тука член со добиен тендер, па е свезнајко :D ) државата ќе отиде у ку_рац :(
Ова е така. Дури може и некој друг „во име на Грција“ да ни „кладе“ вето, Кипар на пример. Иако сум против овој договор, пред се заради промената на уставното име, а и заради други прашања во него, ако се правеше овој договор, ептен е глупаво што не се договрило промените/отстапките од наша стана да стапат во сила по приемот во НАТО и ЕУ. Тогаш и во референдумското прашање би имало смисол да се спомнат НАТО и ЕУ.
 
Последно уредено од модератор:
Криминално е прашањево за референдум. Уште покриминално е што ќе се фрлат пари за консултативен реферндум кој никој нема да го есапи за битен. Башка референдум без попис сам по себе е невалиден па каков сака нека бил.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom