Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Како се краде историја? Па не е како крадење предмет или пари, но може да се нарече крадење. Ако за целокупната светска историка наука Грција е наследник на античкото минато, тогаш тоа е causa finita. Без разлика дали е тоа вистина, дали воопшто е разумна тезата дека некоја современа држава може да биде наследник на некоја стара цивилизација, тоа е земено како такво, и готово. И сега се појавува Гвујо неписмениот со неговите идиотски тези, и наједнаш стануваме мета за потсмев.

За понижување зборуваш? Јас искрено се чуствува понижен кога ќе прочитав текст за проектот Скопе не знам веќе која година во странски медиум. Такво потсмевање, таков презир спрема мегаломанската глупост на Гвујо ретко се наѓа.

Навистина треба тебе да ти објаснувам кои се практичните придобивки од влез во ЕУ и НАТО? :vozbud:
Само да ти кажам дека врската со древните македонци не е измислена од Гвујо, многу пред да се роди тој ја имало таа идеја, кај дел од македонската интелигенција впрочем како и останатите соседни народи(Бугарите за нивна та врска со прабугарите, Грците со древните грци..), во тие процеси на преродба. Затоа нема никакво крадење, се повикуваме на наши предци кои исто ја гледале таа конекција.
 
Последно уредено:
Штом е така, не знам зошто кукаме. Основна причина на постоење на една држава е да им го олесни животот на луѓето кои живета на една одредена територија. Очигледно е дека оваа држава не може да го стори тоа, и дека оваа група луѓе која живее овде нема капацитет да се саморганизира за општо добро. Од тој аспект, навистина не гледам зошто Македонија треба да постои. Не гледам зошто е кукањето со Северна Македонија, со понижувањето, со претците, со ВМРО, со не знам што. Фејл сме како држава, нема зошто да се уништуваат генерации.

Де бе па ти, одма се предаваш. Зашто па да мењаш нешто како име, кога ти е јасно дека НЕМА да биде подобро ????
Ниту НАТО ниту ЕУ, ќе ти обезбедат да владее правото во државата. Ги имаш Турција, Грција, Албанија, Црна Гора, исто корумпирани а и троа појќе задолжени од МКД.

Се додека уште верувате во бајки дека некој друг ќе ни помогне, ќе си бидеме тиња и друг ќе собира кајмакот.

го заболе светот и за македонија и за грција, а уште повеќе го заболеа нашите објаснувања за тоа дали сме биле вистинските македонци или тие преку границата биле вистинските македонци.

Ако не го болеше светот, зашто фалсификуваат историја, зашто ја форсираат Грција, зашто не користат како жарче на балканов итн итн
 
А зошто мислиш дека со успешен референдум одма нема држава?
Ќе има за кратко хибрид држава, преод кон целосен фактички распад. Накратко,после успешен референдум ќе следува двојазичност. Сограѓаните албанци се разбира нема да застанат до тука како и многупати досега кога им било исполнувано дадено барање, следно значи ќе биде некаква форма на федерализација за определен период а потоа разделба и крај на хибрид државата.
 
Ако не го болеше светот, зашто фалсификуваат историја, зашто ја форсираат Грција, зашто не користат како жарче на балканов итн итн

Готово, застанаа американците, папата и кралицата да штампаат фалшлива историја за да ја разурнат пресветата македонија
 
Ќе има за кратко хибрид држава, преод кон целосен фактички распад. Накратко,после успешен референдум ќе следува двојазичност.

Каква врска има референдумот со законот за двојазичност? Законот за двојазичност е донесен и ќе се спроведува и во Македонија и во Северна Македонија.

Никаков распад нема да има, за жал.
 
Каква врска има референдумот со законот за двојазичност? Законот за двојазичност е донесен и ќе се спроведува и во Македонија и во Северна Македонија.

Никаков распад нема да има, за жал.
Има голема дури можеби ќе оди во пакет со (евентуалните) уставни промени после референдумот. Закон за двојазичност нема донесен-нема потпис од претседателот нема закон.
Дај Боже да нема никаков распад, но како што пишав ако мине референдумот многу веројатно ќе има.
 
Готово, застанаа американците, папата и кралицата да штампаат фалшлива историја за да ја разурнат пресветата македонија

Веќе е иштампана ама кој да ти каже. И ако не им е битно што се запнале :cautious:
Ајде сигурно ќе владее правото кога ќе смениме името и кога ќе влеземе во НАТО и ЕУ. Исто и економијата има ко пупка да се отвори. :icon_mrgr:
 
Штом е така, не знам зошто кукаме. Основна причина на постоење на една држава е да им го олесни животот на луѓето кои живета на една одредена територија. Очигледно е дека оваа држава не може да го стори тоа, и дека оваа група луѓе која живее овде нема капацитет да се саморганизира за општо добро. Од тој аспект, навистина не гледам зошто Македонија треба да постои. Не гледам зошто е кукањето со Северна Македонија, со понижувањето, со претците, со ВМРО, со не знам што. Фејл сме како држава, нема зошто да се уништуваат генерации.
И посериозни држави од нашата имале периоди на економско депресии, па не престанале да постојат.
Секогаш си пробувал да си дадеш на значење како познавач на приликите, посебно во делот на политиката.
До сега ама баш ништо од тоа што го имаш напишано како предвидување не испаднало точно, да не спомнувам за прашања од економија меѓу етнички и сл.
Тотален феил од секој аспек, но ако таквото пишување ти дава некоја сатисфакција, само-факторизирање поради билдање на его и стекнување самодоверба во тој случај те разбирам и е сосема во ред.
Но силум прилика да тврдиш дека нема никакви придобивки и бенефити од влегување во нато и еу, ги надминува дури и најголемите глупости кој што ги зборат типови како што е витора или владе, коперациски политиканти кој што будно следат што ќе каже преставникот на партијата во село.
Ако намалени царински давачи, либерализација на пазар, укинување на сулуди регулативи, можност за работа и живот во европа, проследено со секакави пристапни и пред пристапни фондови, можност за користење на медицински услуги во други земји членки не се никаков бенефит и придобивка тогаш нема што да се дискутира.
Во мк најголемиот проблем е опуртунизмот кај широките прости маси кој што гледаат само за сега и овде, ич неболејки ги стојко за утре.
Не сум битен јас во приказната ама фала што ми даваш на значење. :D

Тој дел со набројувањето ме интересираше. Тоа се неспорни придобивки и нигде не пишав дека нема да се случат. Сем можност за работа и живот во Европа, тоа не е придобивка за државата, напротив.

За другото, пак е истото прашање. Дали мислиш дека народот генерално знае да ги искористи тие придобивки и да направи пристоен живот тука во Македонија?
 
Веќе е иштампана ама кој да ти каже. И ако не им е битно што се запнале :cautious:
Ајде сигурно ќе владее правото кога ќе смениме името и кога ќе влеземе во НАТО и ЕУ. Исто и економијата има ко пупка да се отвори. :icon_mrgr:

Баш истото што си го напишал го констатирав. Оправете се, смешки од епски размери пишувате и после Зајко, Грујо и Бранко ви се криви
 
Има голема дури можеби ќе оди во пакет со (евентуалните) уставни промени после референдумот. Закон за двојазичност нема донесен-нема потпис од претседателот нема закон.
Дај Боже да нема никаков распад, но како што пишав ако мине референдумот многу веројатно ќе има.

Пак не кажа каква е врската помеѓу референдумот и законот за јазици. Ако сакаш да дискутираш ти требаат аргументи а не пророштва од типот на оние на Баба Ванѓа.
 
Распад би било најдобра алтернатива за оваа држава. Во отсуство на какви било шанси за потенцијален распад, секакви промени кои би донеле макар и маргинално подобрување, се добредојдени.

Идентитетот на овој народ бил и ќе остане дивјачка, простачка, опортунистичка, неартикулирана орда, независно од именувањето, самоопределбата или што и да е поврзано со илузии од тој тип.
 
И посериозни држави од нашата имале периоди на економско депресии, па не престанале да постојат.

Прво, ние немаме период на економска депресија, туку сме констатно во економска депресија. Второ, нашиот епик фејл не е само економски, туку е културен, морален, секаков.
 
Баш истото што си го напишал го констатирав. Оправете се, смешки од епски размери пишувате и после Зајко, Грујо и Бранко ви се криви

Не бе, не се тие криви.... Името било криво, затоа сме живееле мизерно. Еве јас одвај чекам да смениме и име и во НАТО да влеземе, баш ме интересира како ќе се среди судството, ДБК и остали институции, кои ги раководат едни те исти фамилии и се пренесува од дедо на син па на внук. :kafence:

Тоа со историјата не сфати. Ти кажа дека сега ќе ја пишувале, а јас напишав дека веќе е напишана, ама дали е вистината таа :D
 
Пак не кажа каква е врската помеѓу референдумот и законот за јазици. Ако сакаш да дискутираш ти требаат аргументи а не пророштва од типот на оние на Баба Ванѓа.
Не се никакви пророштва, дури и аргументи не со потребни, а логика во однос на збиднувањата и околностите во кои се наоѓа државата. Но еве ти аргументи, еве што вели првиот (не)човек на собранието.
Џафери: Постои исто решение за Договорот со Грција и за законот за јазици
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29327816.html
 
Не бе, не се тие криви.... Името било криво, затоа сме живееле мизерно. Еве јас одвај чекам да смениме и име и во НАТО да влеземе, баш ме интересира како ќе се среди судството, ДБК и остали институции, кои ги раководат едни те исти фамилии и се пренесува од дедо на син па на внук. :kafence:

Тоа со историјата не сфати. Ти кажа дека сега ќе ја пишувале, а јас напишав дека веќе е напишана, ама дали е вистината таа :D

баш напишав дека откако ќе влеземе во еу стануваме луксембург на балканите, одлична констатација
терај магарето и теши се дека пресветата македонија е нападната од злобните сили
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom