Се е некако тажно и мрачно во овие доцни вечерни часови.
Како целата магија и канонада на филмови конечно да спласна.Како сиот жар и магија кој ги носеа со себеси,се провира низ сиве овие години да каже доста е јас одам на одмор подалеку од тебе,подалеку од твојте очи филмски гледачу кој себеси сака да се нарекува whatto.
Како годините да ја проголта моќта на екранот и гледачот.Се некако се сведе на минимум,целата таа атмосфера како да ги крена рацете и нозете ака сите четири у вис,и реши навистина да се испружи без притоа да тече саатницата И моќта на сликата.Сакам да се вратат тие години каде што секое симнување стануваше возбуда,имав на лицето нешто што неможам да го доловам сеа,имаше нешто што сега е изгубено.Го приметувам тоа.Незнам дали има некоје копче као коа пушташ бојлер,или пак коа го ставаш мобилниот да се пуни па ќе можам исто да си ја напунам филмската енергија,пасија,љубов која овие саати-денови-месеци е down.
Ваквите филмски кризи се забележани и лани но тоаш го знаев лекот,и се нарекуваше презаситеност.Ова година бројчано се ми тече во ред,со значително дистанцирање на нештата.
Како фолдерите да фатија прашина па пред некој ден бев приморан да го употребам ова
Без гајле сите филмови се сеуште на куп.
Овој текст се мислев каде да го ставам имаше 3 опции:Првата беше за на летер ама таму веќе имам неколку исповеди пред отец Никола,втората беше пчелиспотинг ама со оглед на тоа дека глеам ич незнам дали ќе успев да го ставам ова,третата опција беше Дк шо ќе беше лошо,и на крај ми остана овој филмски дневник.По бледо и површно гледање не сум доживеал.Како кога решавате да пуштите некој филм на телевизија Крт и тече некој со тепање од типот на Рамбо вие онакви сте сонот ве повикува.
Се чуствувам како целосно да ме продадоа очите кога станува збор за филмската машинерија.Како да преминав од период на филмски заложник во целосна слобода.Кога станав Том?Зошто станав Том кога станува збор за филмови,каде тргна работата надоле?Овие одговори ќе ги пронајдам некогаш-морам.Само една работа знам форсирањето не е добро.Животна лекција.Кога форсираш нешто голема е веројатноста дека во иднина ќе чуствуваш последци за тоа.Еве ги.
Како одсега да го гледам деветото изданије на новогодишниот филмскиот фестивал whatto,а тој е празен без никаква филмска програма,без никаква спектакуларна возбудлива најава која низ годините била,а ниту ни публика па ниту ни оној најверниот.
Она што ми останува е да се надевам дека ќе дојдат денови повторно кога ќе заблескат како некогаш.
За на крај не ми останува ништо друго освен она финална реченица кој за некој звучи како да е автоматизирана искочена од некој погон на Витаминка.
-Дами и господа гледајте филмови,серии,уживајте,сакајте се и најбитното чувајте се секое добро ви посакува вашиот what fucking to.
"I'm so sorry. I failed you. You trusted me, and I failed you."
Извинете ме Филмски клуб.