Teтово

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.179
Поени од реакции
3.153
Некој саглам бербер да предложите освен оној у рамстор?
Оној Барди шиша мушки или само женски ?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Некој саглам бербер да предложите освен оној у рамстор?
Оној Барди шиша мушки или само женски ?
https://www.facebook.com/servetlirije.elmazi
Се имам кај овија шишано. Еве точно кај се наоѓа
https://www.facebook.com/pages/Studio-Elmazi/695977623763239

Двајца са браќа имаа учено у Леонтиќ академија. Шишаа супер а работаа и у недеља така да ако немаш време у работни дноој иди у недеља.

Ја задњи неколку месеца се шишам у Рамстор зошто поблиску ми е до дома и туе увек проаѓам.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813
Некој саглам бербер да предложите освен оној у рамстор?
Оној Барди шиша мушки или само женски ?
Зоки спроти пазар, само глеј да не е зоки туку тој колегата негов, доста добар бербер.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Добро де Теута нормална ли е со мозокот ? Зошто пред културен тезге, мора ли да се користи тој дел од градот за тоа ? Људи не може да пројда од туека, мириса јако на храната што се продава од тие тезги, облека некоја со низок квалитет. Место кај што приквечер пензионери може да седна на клупиче во центар на градов во лето и тоа им го скратуваат со тезге.


Друго зошто кога ги прават овие тротоариве со бекатон плочке, со жардињереве (како и да е вика тоа за цвеќињата) се прае без да се заврши во некој брз рок. Се ставаа бекатон плочкете и после од страна се остаени да се гледаа цревата за струја, жардињерете пола со ѓубре, не им текнува ни цвеќе да посадат нити да се посади било какво дрво освен ако не се ангажираа газде од кафиќите и рестораните. Пола ќе се напрае пола ќе се остае со месеци и после ајде ќе им текне нешто да потсреда колку демек нешто се работа.

Од ЈКП баш денес гледам еден чисти пред еден контејнер со лопата тоа што беше пред контејнерот расфљано и после сликуе со мобилниов сигурно да покаже таму на работа ете чисто е, капнати смо од многу работа а тоа што пред контејнерот пола бекатон плочке ги немаше и што позади ѓубрето скриено не го исчисти ги заболе таквото у гаќете.

Ти се пљукнем у смрдежницава, и безвезе градов у кој сум роден и живим.
 
Последно уредено:
И

Име И Презиме

Гостин
Не сум бил година дена во Тетово, вчера попладне бев работно и малце се изненадив.Полиција регулира и казнува (во 17ч) ако некој се паркира на небележано место.20 мин вртев со колат да најдам паркинг, ова шошоните сите се дојдени на одмор.
Видов неколку луксузни автомобили од кој едниот мерцедес слр.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Сега е период од летово кога доаѓаа странците т.е тија што се иселеници и тука се за свадбе или за да се вида со фамилија. Кратко трае тоа две три неделе и после ќе си замина повеќе од нив.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813
Како не напраа некој пут према јажинце да се одбегне тетово, сваки пут когај идем накј дома од ск заглавуем пола саат и више низ тетово додека пројдем. За глупости имаа паре да троша, нешто паметно да напраа нема. Не за друго и градот ќе се растерети баеѓи, шлепери мора да влезат у град за да пројда.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Како не напраа некој пут према јажинце да се одбегне тетово, сваки пут когај идем накј дома од ск заглавуем пола саат и више низ тетово додека пројдем. За глупости имаа паре да троша, нешто паметно да напраа нема. Не за друго и градот ќе се растерети баеѓи, шлепери мора да влезат у град за да пројда.
Па имаш...
Кај Желино се исклучуаш накај Шемшоо. Можеш преку Жилчекај Лешок или кај пршовче преку Јегуновце.

Или преку Радуша
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813
Па имаш...
Кај Желино се исклучуаш накај Шемшоо. Можеш преку Жилчекај Лешок или кај пршовче преку Јегуновце.

Или преку Радуша
Абе зборам за убав пат, а не да преминувам преку кратери.
 
Член од
29 јуни 2017
Мислења
1.944
Поени од реакции
9.918
Џабе е... Ич гајле не ѝ е на администрација како е низ град, тоа се прае колку ете да не биде без ич. Бекатонкете што са лепени на страна од жардоњерете са све или одлепени или сами се откачиле и толку, више никој нема да го попарне тоа.... Контињерине мислим дека не са сменети од време Југославија. Абе комедие у боја ни е градов...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Постојат ли уште тие справите од Кока Кола на спортски што мислам ги ставија ? Не сум отишол на спортски со години уште пред да се напрае луна парк.

Сега гледам во општини/градови Пивара Скопје ќе донира да се изградат 15 летниковци.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да не бара некој од вас работа во Тетово или да знаете некој што бара? Пишете ПП :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Пак филмски фестивал у културен дом и од тоа што видов ќе ги има во програмата филмовите

Кобра- документарен фил за Трстена, Некој филм на Висар Вишка,Исцелител и Жаба.

Тој Кобра е вечерва во 20 часот.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Луксуз во Тетово – нема вода, има ѓубре но ќе се гради театар од 40 милиони евра - Алфа тв (вест од септември)

---------------------------------------------------------------

10.10.2018 - Водата од градскиот водовод е исправна за пиење - Кисс телевизија



Тетовци слободно можат да ја пијат водата од градскиот водовод. Денес на третиот ден, повеќето граѓани се согласуваат дека веќе не се чувствува изменетиот вкус и мирис на водата од чешмите. Центарот за јавно здравје Тетово утврди дека мострите вода земени во понеделникот и по 48 часови опсервација не покажале присуство на штетни микроорганизми, со што истата е исправна за пиење.



Со оглед на тоа дека изменетиот вкус и мирис на водата се повторува и годинава во истиот месец, а веројатноста е дека може да се повтори во наредниот период, специјалитот по хигиена и здравствена екологија доктор Ратко Давидовски препорачува преземање на дополнителни мерки како употреба на активен јаглен или озонирање, за да се подобри непријатниот вкус и мирис.


Инаку од понеделник граѓаните почнаа да се жалат дека водата која им истекува од чешмите има непријатен вкус и мирис и истите беа загрижени за здравствените последици од нејзино козумирање. Во октомври лани, тетовци во три наврати го почуствуваа изменетиот мирис и вкус на водата за пиење, непосредно по пуштањето во употреба на новиот градски водовод.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom