Имам mastercard од КБ , на пејпал регистриран сум во македонија со македонска адреса.Најдов работа на интернет која врши исплаќање само преку пејпал.Дали ќе можат да ми префрлаат пари и дали тие пари ќе можам да ги вадам и ако не која е солуцијата.Ви благодарам однапред
Ако си регистриран на македонскиот PayPal, без разлика каква картичка имаш внесено на твојата PayPal корисничка сметка на македонскиот PayPal, и без разлика од која банка е` истата таа картичка, нема да можеш да примаш пари, туку ќе можеш само да праќаш пари.
Ако сакаш да примаш пари преку PayPal, тоа е изводливо - засега - само преку словенечкиот PayPal со Visa Electron или било која друга дебитна картичка од НЛБ Банка - под услов картичката да може да се користи за плаќање преку Интернет, односно да доаѓа со CVV2 или CVC безбедносен код, кој е` потребен за плаќање преку Интернет, а кој се `наоѓа на задната страна од картичката, веднаш до полето за своерачен потпис, и под услов картичката да не е Maestro, бидејќи Maestro дебитните картички се бескорисни на Интернет.
Но сепак мораш да знаеш дека на словенечкиот PayPal имаш ограничување на висината на финансиските средства кои смееш да ги примиш во една година, а таквата граница изнесува или 2.000 евра годишно, или 2.500 евра годишно.
Доколку ја надминеш ваквата граница, односно доколку повлечеш над 2.000/2.500 евра годишно, тогаш словенечкиот PayPal ќе ти бара да испратиш дигитална фотокопија од лична карта или од возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека си словенечки државјанин, а додека не го направиш тоа, нема да можеш да повлекуваш повеќе финансиски средства преку словенечкиот PayPal.
Ќе мораш да чекаш да дојде наредниот 1 јануари за да ти се рестартира бројачот на финансиски средства кои си ги повлекол преку словенечкиот PayPal за да можеш повторно да повлекуваш пари, но границата од 2.000/2.500 евра годишно и понатаму ќе важи.