Немаат време за губење после 1 јуни 2017, исто како што и Адолф Хитлер и нацистите немаа време за губење после 30 јануари 1933.
Можеш само да замислиш што допрва ќе следува заклучно со 1 јуни 2019, овие крвопијци не чекаат пленот да им заспие додека да му ја исцицаат крвта во сон.
Прво мене нема потреба да ми реплицираш со ваква семантика и безврска паралели, да се разбериме, овој лик ДПМНЕ го легитимираше како Министер за Одбрана, ете сеа овие го направија втор човек во државата, кој кого ебе овде не знам.
Тогаш велеа патриотите мора, сеа овие го велат истото, не ми се прај наивен мене, како форумска експозитура на Трендо си.
Не знам и не можам да замислам шо ќе се случува заклучно со 1 јуни 2019, ете ти давам прилика да ме просветлиш, покрај мене и сите останати шо читаат, пошто ептен тешки зборови користиш а не верувам (и се надевам) тоа да го правиш напразно...
Римјаните влегоа во Грција со помош на Етолците и секоја друга земја што ја освоија, ја освоија со помош на тамошното население. Тоа е секогаш така: секогаш кога моќна сила навлегува во една земја, послабите и се придружуваат, бидејќи се водени од омразата што ја чувствуваат кон власта. Така „освојувачот" не треба да се грижи за тоа дали ќе ги придобие големците од освоената земја, оти тие со задоволство ја прифаќаат власта што ја воспоставува тој во нивната земја. Единствено што треба да стори е да не дозволи истите тие големци да стекнат преголема моќ и преголем авторитет и така ќе може лесно, со сопствените сили и нивната добра волја, да ги потисне помоќните од нив за да стане апсолутен господар во освоената земја.
-Макијавели, Владетелот
Пошто цреповиве не измислија топла вода.
Во Il Principe Макијавиели има убаво појаснато меѓу другото и зошто тоа шо си го напишал успева во некои држави, а зошто во некои не, парафразирам, таму каде владетелот создава исклучиво само со купување на лојалност, без сопствен заслужен авторитет, прашање е на време кога некој со повеќе пари ќе му откупи власта. Таквите владетели немаат инстинкт да го осуетат револтот кој го создава нездравото опшество кое го креирале со лошото владеење, а револтот е како туберкулоза, на почетокот тешко се препознава а лесно се лекува, подоцна е обратно... лошите владетели секогаш се опкружуваат со ласкачи...кронизмот се ја зема цената. Државниот апарт за qr не го бива.