Така е кога на нов тим, по реконструкција на стариот, носиш непроверено, недокажано тренерско име.
И пак ќе кажам управата тотално промашено, несериозно, неодговорно работење, имавме шанса по чистката да се донесе квалитетен проверен тренер, и да се гради екипа и стил на игра, која ќе се наметне и за во иднина, препознатлива на Вардар.
Но ете промашено по кој знае кој пат, иако мислам дека ова има и некој позадина(со новите играчи, релација Панчев - екипата на Самс)
Али ајде секако подобар избор е Васоски, кој е наша легенда, тука е повеќе време со повеќе тренери, познати му се работите во клубот, и искрено се надевам дека ќе покаже квалитет и ќе остане.