СП 2018 - Елиминациона фаза (1/8, 1/4 и 1/2 финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Англија...
Дадоа гол, и во прво полувреме како-така туркаа.
Имаа неколку солидни шанси, но за жал без реализација.
Во второ полувреме се олабавија, без конкретни напади.

Хрватска...
Споро почнаа, но по голот "ставија во петта", и така до крајот.
Тимски дух и желба за победа. [emoji106]
Двојно повеќето шутеви (во гол и околу гол) се' кажуваат.
Драго ми е дека се финалисти.
Честитки! [emoji106]
Тоа е, кога играчите на Јунајтед не можеа да асистираат :toe:
 
Почнаа ептен лошо, ги скина примениот гол, англичаните пробиваа преку Стерлинг со конти ептен лесно, но како минуваше времето се стегнаа, на полувреме како нов тим да испадна.

Ловрен, оспорениот и исмеваниот од нас фановите на англиската лига, Дејан Ловрен беше коска денес, не им даде да дишат на напаѓачите, Вида исто, Врсајлко ѕвер, не може играч на Атлетико да биде лош дефанзивец, англчаните како да немаа среден ред, за средниот на хрватска нема ни потреба многу да се зборува, Манџукиќ им ја извади душата денес заедно со Ребиќ, искрено не очекував толку да се кренат во второ, така ми изгледаа загубени, но помогна тука и англиската тактика.

Во финале двата тима за кој од старт навивав, традиционално ја подржувам Франција, ова ќе биде клучен натпревар за нив, ќе бидат запишани како тешки лузери ако го изгубат, ако изгубат три финалиња на големи натпреварувања по ред, плус фактот што се огромни фаворити, имаат далеку посилен тим, Хрватска ќе се соочи со тим што има среден ред за разлика од Англија, со тим што го има Мбапе наместо Стерлинг, Гризман наместо Али.

Ама Французите имаат и генерација и тим и за иднина, ова е веквна шанса за Хрватска, историски настан, како да не бидам за нив и да посакувам да го кренат трофејот, ќе биде една неверојатно романтична приказна, Хрватска да триумфира против фаворизираниот противник.
 
Па да имаше некој меѓу домашниве кој гледа фудбал и да го избереше Јувентус како омилен клуб поради некоја си причина (грд и негледлив фудбал полн со лежење, дајвање и симулирање плус е најкорупмиран клуб во светот) би се обидел да им помогнам, сигурно не би оставил да ескалира една таква ситуација до купување црнобели дресови да кажеме. За среќа тоа не е случај.

Ваков или онаков на крај ќе ја понесе титулата најдобар стрелец на СП а константно веќе 4-5 сезони дава 30+ голови во сите конкуренции, ама тоа сигурно те буни, играч што дава голови да биде ценет, како е тоа можно, зошто?
И што ако дава голови? Што направи вечерва? Клучна утакмица никаде го немаше. Секој може да дава голови еве и Игуаин дава нон стоп голови па знаеме каков играч е и колку трофеи има освоено ;)
 
7-1 шутеви и после?
Ајде уште малце.
Врска немаше статистикава. Кој им ја води, отказ да му се даде.
Еве одма ќе ти набројам 3 шута кон гол на Англија.
Голот, шутот на Кејн што го фати Суба (пред стативата), и во продужетци Врсаљко кога ја извади таа од Стоунс од гол линија.

Иначе што сте запнале со Тотенхем менталитет.
Играчите на Тотенхем имаат дадено најмногу голови на светсково од играчите на било која друга екипа.
 
Азар----------------Ѕуба----------------Мбапе

-----------------------Модрич------------------------

---------------Канте---------------Ракитич------

Ернандез---Мегвајер--Варан---Павард

----------------------Пикфорд----------------------


Според мене најдобрите 11. Најдобар играч Модрич.
Ѕуба намерно го ставив оти другите напаѓачи ми беа мех. Кејн голови од пенали и на среќа, последнава утакмица се изгуби. Лукаку добар во групи, послем против Јапонија и Франција не се виде. Жиру да не зборам. Манџа ми беше онака.
Азар најдобар беше во Белгија, против Франција само он пробуваше. Други леви крила немаше.
За Мбапе и средината да не коментирам, јасно е искинаа.
Левите бекови најслаби на првенствово. Само Ернандез беше добар.
Позади Мегвајер искина, најдобар кај англичаните, Варан исто добар иако можеше некој од Ловрен или Вида.
Десни бекови јаки скоро сите. Павард, Трипие, Вршаљко, Мение. Се одлучив за Павард заради тоа што е ново име и заради голот.
Пикфорд или Лорис. Пикфорд ги спасуваше неколку пати за тоа он.

Како бе пријател Ѕуба пред Кејн а човекот ќе освои златна копачка? И секако дека Куртоа би го ставил пред Пикфорд. Дури и Субашич.
 
И да, попреценет играч од Кејн, ни имало, ни ќе има па макар помогнал со 50 гола во освојувањето на 4 место на Тотенхем.
Прво беше играч на кој му предвидуваа дека ќе има само една добра сезона и ќе пропадне, а откако не им успеа тоа сега е најпреценет играч макар и десет сезони да постигнува по 50 гола.

Кејн моментално е најдобра 9ка, па ако сака нека игра и во Вест Хем.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Се испичкаа Англичаниве. хендерсон јаден, како да е во Мојсова екипа, секоја топка ја дувна напред. А и не е крив, кога ги има Али и Лингард до него.

Вокер ти е тешка превара, 2 гола по негова душа примија. Мегваер покрај овие како Фердинанд изгледаше. Рашфорд тешка дупкетина утакмицава.

Навивав за Англичаните, ама наклон до земја за Хрвативе, од каде ја извадија само оваа енергија. Перишиќ како Роналдо, каков Модриќ, какве пичке материне, Перо беше алфа и омега утакмицава. 3 утакмици во продолженија играа. Ова е ненормално достигнување. Не памтам друга репрезентција да играла 3 продолженија по ред.
 
Прво беше играч на кој му предвидуваа дека ќе има само една добра сезона и ќе пропадне, а откако не им успеа тоа сега е најпреценет играч макар и десет сезони да постигнува по 50 гола.

Кејн моментално е најдобра 9ка, па ако сака нека игра и во Вест Хем.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Јас не сум меѓу тие што му предвидувале дека ќе пропадне, туку дека е Џилардино или Лукарели тип на играч кој полни мрежи во просечна екипа.
 
Ако играч кој ти е најдобар во нападот чоукнува на најбитните мечеви а претходно лечи фрустрации со маалски екипи, што е друго освен преценет?
... и да, тоа со менталната нестабилност задржи си го за домашните.
Па не би рекол дека е така. Годинава мислам дека само на Сити не им лупна гол. Во Лш супер беше и против вас и против Реал и Дортмунд. На Светсково потфрли само денес и тоа бајги. Ако треба да се збори за преценет тогаш збори за Али, изгубен цела сезона
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom