Ова дојдов да го напишам, гледам си ме престигнала.

Французиве имаат капацитет за титула, проблем е селекторот. Господ знае што мислеше Дешамп со Жиру денес, да играше со Мбапе-Гризман-Дембеле 30-0 ќе ги тепаа, секој напад ќе беше 100% шанса за гол. И на ЕП и сега им го десеткува потенцијалот, исто и со средината, копачка до коска, слаба креативност а може Толисо да го убаци место Матуиди рецимо.
Пред да ме испозамара некој за Франција, пошо нели зборев дека немаат класа играчи, тоа беше муабетот со онаа Холизмо околу клупата, кога она си ги нарече класа играчи Фекир, Тован и Сидибе.
За Мбапе немам зборови, ваков играч еднаш во 10-20 години се раѓа. Многу потсеќа на Анри и искрено со сета должна почит кон Анри мислам дека Мбапе има побрз стартен чекор од него. Премногу го поштував Анри, еден од најомилените играчи ми е и ден денес, али Мбапе ги има сите предиспозиции да стане дури и подобар во иднина.
За Аргентина не ми се коментира, според мене глупакот можеше да извади постава со Маскерано и Отаменди како централни, лево Рохо десно Меркадо, средина Банега и Ло Селсо, пред нив Меси, Ди Марија и Дибала, шпиц Агуеро. Небитно, ете нека не игра еден од Дибала и Ди Марија ако е преофанзивна формацијата, ама да не ги играш Ло Селсо, Банега, Дибала, Агуеро, Игуаин......... Немам коментар, и ова 1/8 финале им е многу, не заслужија ни до овде да стасаат.
Меси пак беше изгубен во времето и просторот, со топката не се состави, повторно лидерска експертиза на дело.