Не само што не знае како да се искаже дечкото, него и пристапот му е лош и со овакво размислување постара од 9 одд во скоро време нема да види.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Со таков директен и арогантен пристап во живо, корпата му е загарантирана. Не знам како може на рандом девојка, на сред бел ден да и се упикате со мислата дека треба за 15 минути да ја ебете. Никогаш тоа нема да се деси во Македонија. НИКОГАШ! Американскиве фејк pick up видеа, ни во Америка не палат, режирани се.
Ама доколку пристапите пријателски со мислата да сврзите два реда муабет, па да се запознаете, и ако кликнете да извлечете контакт, нема подобра земја од Македонија. Оваков топол, пријателски настроен и отворен народ нема на север. Па кај нас било каде, кога се ствара гужва, на рандом шалтер, на лекар, на каса во маркет се започнува муабет кој за што е и од каде е. А па кога се патува, посебно во воз, тоа како на пазар да одиш е. И во таква ситуација ако не успеете да отворите муабет со некоја, папаци сте, тешки.
Со добар пристап ќе се изненадите колку се нашиве девојки фини и отворени и за разговор. И ако остане само на тоа, верувајте дека ќе ве паметат и спомнуваат како позитивно искуство. Секоја девојка има некое такво романтизирано сеќавање од некој рандом дечко кој и оставил впечаток некаде и негде со разговорот и криво и е што ете, останало само на тоа.
И еве ви еден free tip во таква ситуација ако сте срамежливи и не знаете како да пристапите, секогаш прво започнете разговор со постаро лице ако е меѓу вас. Кај нас стариве едвај чекаат да ви го раскажат животот до трето колено. Во таква ситуација кога ви го слуша разговорот е многу полесно и самата да се приклучи во него, или вие да ја вмешате и нејзе. Најчесто тогаш дури и старото лице ќе ви помогне да ве зближи кога ќе види што сакате.
Само храбро и со позитивна мисла, и девојките не сакаат да го поминат цел живот сами.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)