Фан клуб - РК Вардар

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Очекувам да ја поминеме групата, али се над 6то место ќе биде премија.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Прво, да кажам дека ми е особено драго што ќе ги видиме Абутовиќ, Циндриќ, Штербик и Дујшебаев повторно во Скопје и се надевам дека убаво ќе ги пречекаме.

Групата е тешка, но тоа воопшто не треба да не обесхрабрува. Тешко е да правам било какви прогнози бидејќи прво и основно Вардар има нов тренер, големи играчки промени и ќе треба да видиме како сето тоа ќе изгледа и функционира. Друга работа која не смее да се заборави е дека мање-више сите тимови во групата сезонава ќе бидат прилично сменети. Кај Киелце е речиси истата ситуација како кај Вардар, си отидоа дури 7 играчи и дојдоа 7 нови и тоа зборуваме за играчи како Шмал, Штрлек, Бјелецки, Зорман, Бомбач и Кус, играчи кои им беа носители на играта. Кај Рајн-Некар е слично, си заминаа Пекелер, Рајнкинд, Баена, Ду Риц, Рниќ... од промените не се поштедени ниту другите тимови. Најверојатно најлесно пројде Монпелје со заминувањето само на Фабрегас. Да не набројувам за секоја екипа посебно, поентата ми беше дека не секогаш имињата, клупата и буџетот се тие кои се пресудни, подобри примери за ова од Киелце пред 2 години, Вардар пред 1 и Монпелје сезонава - нема. Ни фалат уште најмалце 2 играчи во тимот (десен бек и пивот) и се надевам дека следната недела ќе има вести на тоа поле за да можеме да бидеме компетитивни во ЛШ, СЕХА и на крај на сезоната и во домашното првенство.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Ни фалат уште најмалце 2 играчи во тимот (десен бек и пивот).
Според тоа интервјуто што Самсоненко го даде за гол.мк, потпишано е договор со Димитри Киселев. 23 годишен десен бек од Русија. Тоа треба да е готова работа.

Јас мислам дека ќе донесат уште неколку играчи. Секој случај пак има некоја солидна екипа. Може да се очекува да се помине групата ама за повеќе ќе видиме месецов, што и како ќе се донесе за да се подесат очекувањата.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Според тоа интервјуто што Самсоненко го даде за гол.мк, потпишано е договор со Димитри Киселев. 23 годишен десен бек од Русија. Тоа треба да е готова работа.

Јас мислам дека ќе донесат уште неколку играчи. Секој случај пак има некоја солидна екипа. Може да се очекува да се помине групата ама за повеќе ќе видиме месецов, што и како ќе се донесе за да се подесат очекувањата.
Да, знам, но не сакам да коментирам додека не видам потврда од клубот како за Скубе вчера. :)
Мој впечаток е дека Киселев и Боргес ќе бидат донесени, најверојатно и некое од децава од Јуниор ќе го префрлат у прв тим (претпоставувам дека тоа ќе биде или Чакалиќ или Димитровски на лево крило или па евентуално да го вратат Ончев). Мада, гледано објективно, мислам дека ќе фали уште еден лев бек во составот, чисто заради тоа што сеуште не можам да кажам ништо за квалитетите на Војводиќ и дали воопшто е калибар за овој тим.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Да, знам, но не сакам да коментирам додека не видам потврда од клубот како за Скубе вчера. :)
Да, ама нема да го потенцира со име и презиме доколку немаат договор. Така што мислам дека може да го сметаме него како официјален трансфер.

Кои имиња се сигурни од сите оние што се поврзуваат со идниот проект на Вардар?

Нови имиња се голманот Дејан Милосављев, потоа Сергеј Горбок, кој е искусен и доаѓа да му помогне на Борозан – и мислам дека ќе помогне. Меѓу новајлиите е и Дмитри Кисељев, кој ќе го замени Хорхе Македа.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.315
Двајцата главни одбранбени Илија и Хорхе си отидоа, а нема нивна замена. Башка и голман како Арпад... очекувам од одбраната да ни белее косата годинава.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.494
Поени од реакции
9.984
Ееееј ама го отупевте со песимизмов на темава бетер од битолчани сте станале. Ок јасно ни е на сите дека нема да биде како лани да победуваме и дома и гости и да бидеме убедливо најдобри. А лани што ако газевме цела сезона кога на крајот се посравме, од таквите коментари кога ги направивте Монпеље тимот што на почетокот на сезоната со Металург се мачеше кој знае каква екипа со кој знае каква игра, не ми се ни влегуваше на темава да напишам нешто. Група немало да поминеме, кој ќе помине бе наместо нас? Кристијанодштаб? Мешков? Да беше се така како што планирате ПСЖ немаше да остане без титула на толку милионски вложувања со години. За мене баш групава е премногу израмнета и хаварија ќе биде до крај, сите до еден можеме да ги добиеме во Јане. Тимов е сосема солиден според мене да победуваме дома и да скинеме по некој бод на гости, јас ја гледам шансата за следна сезона во една израмнета група да ни се поклопат коцките да добиеме полесен противник од другата група и да стигнеме до 1/4 финале што ќе биде и те како супер, во двомеч и на Ф4 се бива...Никој не гледа дека тоа што другата група е полесна може да ни одговара. Да речеме ПСЖ да оди директно во 1/4 финале, вториот ќе игра со лузерскиве групи, ние можеме да вкрстиме со екипа како Загреб, Сегед, Скјерн кои и те како можеме да ги поминеме. Нешто подобро ќе беше да требаше да вкрстиме со нашава група во нокаут? Оставам простор и да донесат понатаму уште некој играч, или пак некој да влезе во страшна форма или да не изненади кој знае, верувам во момците и не претерувајте со таа негативна енергија со сила, еве ако толку мисли некој дека сме утепани, може да прави со мене кладба во гајба скопско дека ќе ја поминеме групата, :D со модераторот ако сака ќе се кладиме и за влез во 1/4 финале секако ќе му ја испијам :ROFLMAO:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.077
...може да прави со мене кладба во гајба скопско дека ќе ја поминеме групата, :D со модераторот ако сака ќе се кладиме и за влез во 1/4 финале секако ќе му ја испијам :ROFLMAO:
Од мене дополна со мезе по избор. Песимисти повелете, пријавете се, а админот нека ги архивира кладбиве, па во март да се знае кој пие кој плаќа :D
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.516
тоа шо сме ослабени у пдбрана очекувам Вуко факинг Борозан да го надополни у напад
мислам типов ке експлодира сезонава, лидер у буквална смисла да биде


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Јас сум загрижен за недостатокот на некој солист во напад. Душебаев и Циндриќ беа играчи што можеа на своја креативност и сила да дадат во гол во напад кога се нема идеа. Дури мислам дека и Македа беше многу корисен играч зошто имаше добар скок-шут и беше динамичен, плус не беше стартер, па често влегуваше од клупа свеж. Циндриќ на сила знаеше да се пробие и да даде гол. Караџиќ ја нема таа особина, иако е побрз од Лука, нема таков старт и нагла промена на правец, шут.

Сепак се согласувам дека малку хиперболизираме со негативноста. Екипата е солидна, и тешко да не ја помине групата. Само што такви играчи какви што си заминуваа има малку на пазарот, така што нивото ќе биде паднато. Да бидеме реални Циндриќ е можеби во топ 5 ракометари во свет моментално, Арпад може и уште најдобар голман. Играчи од тој калибар нема да дојдат годинава во Вардар. Реално е да се очекува дека нивото ќе падне и луѓе од тоа се плашат, иако тоа е сосема нормално. Тимови се градат, распаѓаат, враќаат. Освен ако не си некој како ПСЖ што константно може да фрла пари за да решава проблеми, иако и тоа не вроди со главниот плен.

Мене лично ми беше желба да се донесе некој бек со добар скок-шут.

Инаку, јас и понатаму сум убеден дека ќе донесат нов голман.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Според медиуми од Полска, Киелце е во тешка финансиска криза. Минатата сезона не им исплатиле 5 плати на играчите, сега им нудат намалување од 25 до 30% за новата. Од градот клубот добивал 11% од својот буџет или околу 550.000 евра годишно, што значи дека Киелце има приближен буџет како Вардар. Сега бараат дополнителен 1 милион евра од градот за да ги подмират долговите од минатата сезона, но од градот сакале да ги видат финансиите за да одлучат дали вреди да се помага клубот доколку не може сам да се издржува финансиски на долг рок.

Може од тука да се пазари нешто доколку Вардар има пари. Тешко е да се поверува тоа што се пишува дека ПСЖ им нуди на Киелце 4 милиони евра за Циндриќ. Доколку клубот е во ваква криза, не ми е јасно зошто воопшто би се двоумеле ако е вистинска понудата.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Според медиуми од Полска, Киелце е во тешка финансиска криза. Минатата сезона не им исплатиле 5 плати на играчите, сега им нудат намалување од 25 до 30% за новата. Од градот клубот добивал 11% од својот буџет или околу 550.000 евра годишно, што значи дека Киелце има приближен буџет како Вардар. Сега бараат дополнителен 1 милион евра од градот за да ги подмират долговите од минатата сезона, но од градот сакале да ги видат финансиите за да одлучат дали вреди да се помага клубот доколку не може сам да се издржува финансиски на долг рок.

Може од тука да се пазари нешто доколку Вардар има пари. Тешко е да се поверува тоа што се пишува дека ПСЖ им нуди на Киелце 4 милиони евра за Циндриќ. Доколку клубот е во ваква криза, не ми е јасно зошто воопшто би се двоумеле ако е вистинска понудата.
Мислам дека се е шпекулација,а и за Циндрич да дадат 4 милиони неможе клубот да ги прифати ако играчот не сака да оди,а не е будала да отиде во тим полн ''ѕвезди''и да нема сериозна минутажа.
А ако е точно дека се со намален буџет може Вардар да собере доста играчи,само ако работите кај нас тргнат нагоре,ако не поголемите клубови се ќе си соберат,ние да гледаме нашите да ги задржиме да не ни ги земат па после да гледаме за пазарење од други
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Па искрено, ракометари треба да гледаат да си се бутнат во бундес, бар таму, горе-доле работите се стабилни.

Инаку Киелце потпиша со двајца белоруси, бек и пивот што се доста млади 22 години и добри. Некој од тие да се проба да се земе.

Реално според полски сајтови овие се ептен во криза. Вардар бар потпишува фудбалери, еве и ракометар донесоа со 3 години договор. Тврдат дека не должат пари на никого, само дека низ сезона доцнат со исплати. Така што, навидум се во подобра ситуација од Киелце. Ама со оглед што во шпански спортски весници и по германски сајтови пишуваше дека Вардар има финансиски проблеми, клубот си доби негативен публицитет и играчи сигурно нема да се осмелат толку лесно да потпишат.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Очекувано за Киелце, уште од кога потпишаа со Волф и Турна. И двајцата се меѓу топ 5 играчи на својата позиција од Кил и од Нант. Ај за Нант не можам многу да зборам, али Кил е навистина богат клуб и сигурно платите се меѓу највисоките у цела Бундес лига. Не можам ни да замислам колкава плата му понудиле Киелце за да отиде кај нив. Но, да не бегам од темата, многу е побитно според мене Вардар да биде финансиски стабилен, па макар и бил просечен европски клуб во поглед на квалитетот. Отколку да преплаќа играчи и да го преполнува својот ростер, а со тоа (не дај боже) да му се деси некое Металург сценарио или пак уште полошо како примерите на Франкфурт, Кометал, ЖРК, Шлагелсе итн.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom