СП 2018 - Група Д (Аргентина, Исланд, Хрватска, Нигерија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Partizanen banditen
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две селекции ќе продолжат понатаму?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Мислам дека ќе ја поминат Франција на сличен начин ко денеска. Но ако налетаат на организирана репрезентација, ќе им се деси истото против Хрватска. Истово важи и за Португалија ако го минат Уругвај.

Денес Нигеријциве беа изгубен случај. Никаква тактика, никаква идеа, ништо. Искрено очекував Меси да закачи хет трик, во прво полувреме го чуваа со играч на него а тоа е самоубиство. После им текна да го бранат зонски, но и тоа немаше да им успее доколку Ди Марија немаше таква криминална партија. Дечкото е аргентинскиот Томас Милер, игра само на стара слава, Меза за него е Сантијаго Солари.

Судииве ја испомешеа со вар и со правилава.

Одма, сместа после СП би го сменил правилоно за игра со рака. Не може она да не е пенал, кога со играњето со рака го смени правецот на топката. Му удрела во глава па потоа во рака, кое е тоа глупо објаснување... Или на Поргугалија - Мароко кога му удре на Фонте у рака и го блокираше центаршутот, ама не беше пенал затоа што раката му била во природна положба. Не ме јеби.

Друг проблем е што ем им налагаат вар, ем им оставаат на судиите сами да проценат, со што одат во контрадикторност.

Пример, вечра за Иран имаше пенал во 99% слична ситуација, денес немаше пенал за Нигерија.
Некни немаше пенал за Србија во ситуација која беше дупло посериозна од оваа денес, пошто двајца го држеа тој стапот српски, а сеа има за Аргентина.
Контрадикторност пар екселанс.

А уште поконтрадикторни се самите, со налагањава да се судат таквите ситуации пенал. Нели со ВАР-ов сакаат да го намалат симулирањето, а вака ако треба минимално гурање за пенал, дупло повеќе ќе почнат да паѓаат фудбалерите.

Добра револуционерна работа е ВАР-от и треба да продолжи да се применува, ама им треба многу шминкање. Веројатно и ќе го направат тоа, оти вака со измешани критериуми ко што пишав вчера ќе треба да се навикнеме на вакви хаотични дешавки. Ќе го поправат, но ќе отиде курбан ова СП како тест очигледно, ќе има уште вакви натпревари на него.
 
939491a04f73d5d79e73abfcdb07d115.jpg
 
Да не пиша некој случајно дека Марадона ги ишмрка сите бели линии на теренот ?

Хе хе
 
Јас мислам Аргенитна освојува, вие што мислите?

Меси бог фудбала
 
Ако е така, не требаше ни да гледа ВАР, пошо почитувал предност и автоматски нема никаква основа за пенал.
Си прегледа ВАР за да ја потврди одлуката, можеби имал некаква дилема. Се' на се', поради трите работи кои ги набројав во претходниот пост (претходниот сомнителен пенал, почитувањето предност и немањето намера во играта со рака која повеќе беше случајност), ова не беше пенал.
 
Мислам дека ќе ја поминат Франција на сличен начин ко денеска. Но ако налетаат на организирана репрезентација, ќе им се деси истото против Хрватска. Истово важи и за Португалија ако го минат Уругвај.
Те чекав тебе со дневниот ,,прва посериозна ререзентација ќе ги тресни од земја'' пост, можам да си легнам сеа (y)
 
Те чекав тебе со дневниот ,,прва посериозна ререзентација ќе ги тресни од земја'' пост, можам да си легнам сеа (y)

Па Хрватска ги тресна бе лепотан, си легна тогаш? :)
 
Мислам дека ќе ја поминат Франција на сличен начин ко денеска. Но ако налетаат на организирана репрезентација, ќе им се деси истото против Хрватска. Истово важи и за Португалија ако го минат Уругвај.

Португалија е добро организирана репрезентација, многу компактна. Послаби се во квалитет, но многу умешно играат, знаат кои им се можностите.
 
Требе да отвориме посебна тема за Светсково,за тролање ..... Почнувајќи за Марадона,манекенот Сампаоли итн ....:LOL::pos::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom