Македонска берза

Член од
7 август 2011
Мислења
4.949
Поени од реакции
15.124
Денес дури и телеком качи 2% :pos:
Таман решив да го продавам ме премисли. Реално ниска цена е 275 ама опортунитетните трошоци се големи.
https://a1on.mk/archives/911971
Нема покана за НАТО во Јуни, после успешен референдум може.
Покана во јули, прием после референдум. Референдумот ќе пројде ко врел нож низ путер, така што само франција може да ја сјебе еуфоријава.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Денес дури и телеком качи 2% :pos:
Таман решив да го продавам ме премисли. Реално ниска цена е 275 ама опортунитетните трошоци се големи.

Покана во јули, прием после референдум. Референдумот ќе пројде ко врел нож низ путер, така што само франција може да ја сјебе еуфоријава.
Со оглед дека веќе експоненцијална крива фаќа МСЕ...најоптимистичко сценарио е до референдум но нема да ме изненади и пред тоа да се издише балончето. Посебно ако Франција или нешто слично се случи.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Денес дури и телеком качи 2% :pos:
Таман решив да го продавам ме премисли. Реално ниска цена е 275 ама опортунитетните трошоци се големи.

Покана во јули, прием после референдум. Референдумот ќе пројде ко врел нож низ путер, така што само франција може да ја сјебе еуфоријава.
И јас тоа приметив растат акции како стб, тнб и тел кои се во ПМС или пост дивиденден синдром кога обично паѓаат и повеќе од износот на дивидендата одземен од пазарната цена на дента на пресек. Тука излегува дека најниска цена би била дента после пресек.
Јер кад је бал :) нек је маскенбал[DOUBLEPOST=1529927615][/DOUBLEPOST]
Гранит кај сите е buy, но што мислите за Бетон?
Дел од одговорот лежи во тоа што сам си го пишал за методологијата на пресметка на МБИ 10 :)
 
Последно уредено:
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Да пријавам дополнив ОХБ денес на 6400 - 6499 ден. . . .
Си останав верен на филозофијата . . .
И не сакам да учествувам во журката „секој ден по 5%, а може и 10%“ . . .
Јас си ги барам моите 15% секоја година, а некои тие ги добиваат за 2 дена . . .
Секој со својата мака :) . . .

п.с.
Мислев ништо да не купувам, ама ми требаше да заокружам бројка па се исплашив дека ќе мора да купувам по 30% поскапо . . . ама искрено лежорно пазарев, за разлика од други хартии :) . .
Да живее НАТО и друг Тито !!!!
Им честитам на оние што пари направија на НАТО :aplauz: , само нека пријави некој било каква трансакција IN/OUT .
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Ovoj period ne kupuvam nisto zasto ako ovaa ne e meur ne znam sto e.Ocekuvam korekcija za koja veruvam deka ke pocne veke od idniot ponedelnik po izjavata na J.S. za povtorno po koj znae koj pat usloven priem vo NATO.Vistinsko i postabilno pokacuvanje na cenite ocekuvam od oktomvri ,ako dobieme vistinski priem vo NATO.
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
462
Поени од реакции
370
Procedurata za vlez vo NATO e prvo pokana pa posle ratifikacija vo sekoj parlament posebno i trae edna do edna i pol godina. Sekako pokanata e toa najbitnoto za koja Stoltenberg ednas izjavi prvo referendum pa pokana, no posle go smeni mislenjeto i rece prvo pokana pa referendum.:).Taka da vo juli e sosem isvesna pokanata za NATO.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Што сакал поетот да кажи со оваа објава:
upload_2018-6-25_16-19-55.png

Препишана истата одлука од пред 3 години и лани и годинава.
Реално џабе ја носат одлуката. Не можат ни да купат ни да продадат по овие цени.
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
navedoa 13.3 milioni pricini nadevajki se da ja spustat cenata do 95evra... ama nekako neodi!

Што сакал поетот да кажи со оваа објава:
Прегледај го приврзокот 192854

Препишана истата одлука од пред 3 години и лани и годинава.
Реално џабе ја носат одлуката. Не можат ни да купат ни да продадат по овие цени.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
navedoa 13.3 milioni pricini nadevajki se da ja spustat cenata do 95evra... ama nekako neodi!
Стварно не ми е јасно што сакал писателот да каже.
Последна пазарна цена е 14.300 ден а они ќе откупуваат на 5.700 (максимум) ! E затоа избегнувам компании со доминантна сопственост па уште НЕликвидни... Дивиденден принос 0% а генерално на хартија топ компанија, е тоа е "фудбалот Златко" - Што би рекол Панчев :)
 
Член од
2 април 2017
Мислења
186
Поени од реакции
154

I tata bi sine(na taa cena) i tata bi....ama...
Abe oni bi,ama nikoj ne im prodava.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Стварно не ми е јасно што сакал писателот да каже.
Последна пазарна цена е 14.300 ден а они ќе откупуваат на 5.700 (максимум) ! E затоа избегнувам компании со доминантна сопственост па уште НЕликвидни... Дивиденден принос 0% а генерално на хартија топ компанија, е тоа е "фудбалот Златко" - Што би рекол Панчев :)
Нека направат делба на акцијата, на 3 и таман. Ем ќе ја подобрат ликвидноста ем ќе можат да вршат откуп
 
Член од
2 април 2017
Мислења
186
Поени од реакции
154
Znači Kutre epten samoživnik izleze...ne deli dividenda so nas,a vamu lapa 13,5 mil za sebe,nevideno..bezobrazluk neviden.Se isplaši ke mu porasne cenata na akciite pa nema da moze da gi dokupi za bez pari kako što se navikna dosega.E u stecaj da odi pa ne gi prodavam moive.. :kuracc:
Na tie 100 evra kolku što mislat da dokupat firmata ke vredi 3 mil evra,epa kutre nemoj da me jebes bre koga sam velis deka za investicii si potrosil kup pari.
Screenshot_20180625-204733.png
Screenshot_20180625-205149.png

Realno vredi poveke od 30 mil evra,znaci 1000 evra po akcija.Ajde de ke mu prostime coekot zgresil edna nula,sigurno mislel otkup po 950 evra.:D
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Ајде да напишам и мое мислење: Мислам дека акцијата на PKB моментално е убедливо најпотценетата акција на MSE.
Беше и пред тоа, но по со сегашниот скок кај другите после еуфоријата, сега е ептен.

Компанија која што е од дефанзивна индустрија: храна и цигари со p/e = 6 и p/b под 0,5 нема нигде во светот.

Самата инвестиција во објектот е над 13 милиони, плус 1,5 милиони евра во нова опрема, па реновирање на поранешниот објект во Шутка и над 100 - 150 комбина, возила, камиончина што ги имаат, како и новата компанија што ја отворија а што е 100% на Пекабеско за контрола на месо... Самите Кутревци во приватни разговори со пријатели кажувале дека една акција вреди околу 1.100 евра... Моменталната пазарна вредност на компанијата е нешто над 6 милиони евра.

Џабе им е се, кога немаат сенс. Имаат 86% од акциите. Тие 13 милиони денари наместо директно сам себе да си ги подели, да ги поделеше во дивиденди пак ќе земеше 86% од тие средтва, плус ќе ги повлечеше пред најавените зголемувања на даноците... Но ќе дадеше еден сигнал кој е многу значаен во инвеститорската јавност, особено сега во овој момент на еуфорија.

Но тоа е, стари директори од комунистичко време кои успешно пливале во транзицијата, и нивните синчина немаат таков сенс и школа. Нив не им се доволни 86%, сакаат 100% по можност да ги купат за беспари од 5 - 95 евра. *(иако за ова немаат законска можност да го направат, ама кој да им каже).
 
Тука би додал уште дека имаат и долгови спрема банки отприлика од 7,5 М ЕУР некаде во план им е до 2023та (ова спореден годишниот извештај) Така да другари тешко дека ќе видите дивиденда во наредните 5 години... Така идат тие работи кај нас долговите се делат на сите акционери, а кајмакот за директорите
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Многу интересна сторија, инаку и соларните централи во Македонија имаат исти договори односно за нивната произведена струја имаат фиксна цена која е и до 10 пати поголема од пазарната

https://faktor.mk/koj-kje-ja-kupi-zlatnata-kokoshka-shto-ja-prodava-zk-pelagonija
 
Kajgana Shop

На врв Bottom