СП 2018 - Група Д (Аргентина, Исланд, Хрватска, Нигерија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Partizanen banditen
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две селекции ќе продолжат понатаму?

  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Шлајмче за Сампаоли:pos::pos:
391918.jpg

Не издржа Крилин

Па да бе :pos:

Инаку Хрвативе ептен ме пиздеа у прво со тие додавањата до голман и повлеченоста. Од прва минута беше очигледно дека можат да темпираат игра и да бидат надмоќни. Овие се решаваа на безврска ризични пасови меѓу стоперите и до голман и можеа лесно да се заебат на истиот начин на кој се заеба и Аргентина.

Ракитиќ и Брозовиќ многу далеку седеа од стоперите во тие моменти, бековите многу напред, само ја рогаа, никаква дистрибуција на среден ред. После во второ беше друг муабет и одма се видек колку се јаки таму. Ракетата превара од играч, вака доминантно сум го видел да изигра само на Ел Класиката до сеа. :kuracc:

На крај тепаа 0-3 ама многу некако ми делуваа несигурно на моменти, како да беа уплашени дека можат они да бидат посилниот тим на терен. Уште ми се сумливи за добар пласман. Имаат неколку сегменти во играта кои мора да ги поправат и играчи ко Перишиќ кои мора да го кренат нивото, играчи ко стоперите кај кои никако не смеат да играат ваква игра која целосно им ги потенцира слабостите и Симе ВрШаљко кој е речиси неупотреблив во напад.

Манџо одигра ѕверски во дефанзивните задачи, но ипак промаши два зицера. Драган вика одиграл перфектен меч. Не може перфектен меч да има шпиц со два промашени зицери. :D
 
А зашто и Пасторе не беше повикан? И со 30 минути изиграни е подобар од овие no name играчи.

Им фалеше средина, џабе нападот.
Пасторе тек матер ќе им ебеше, дечкото не постои на мапа веќе со години, никаква минутажа има во ПСЖ, и тоа минимално што ќе го добие го игра катастрофално. Со овој некоја екипа дебело ќе се преебе летово, до душа толку многу опадна што веќе мислам дека и цена не држи, ваљда околу 25-30 е моментално.
 
Цели 680мин Меси не постигнал гол на светско првентсво.
 
И HRT се зеза со Аргетина:

-Во наредните денови на HRT 2 ќе го давале филмот" Меси се врача кучи"

- Исто, овој нивниот тренер пак нешто се налутил и освен Калинич сега и Меси ќе го враќал дома...:kafence:
 
Овој Анте Ребиќ, seoski Томас Милер, нема некои врвни фудбалски квалитети, ама за таква грамада има одлична техника, гризе по страна, тепа противници и е фантастичен како секундарна опција во шеснаесетникот.

Првата сезона во Ајнтрахт како позајмен му беше слаба и минатото лето Нико Ковач во последните денови од трансфер рокот одлучи да му даде уште една шанса и одигра супер сезона, а и во финалето Купот против Баерн беше МОТМ. Многу истренирано и фит изгледа, се гледа дека работел напорно и дека вежбал и приватнo. 24 години има, ако продолжи така ќе оди и во подобар клуб.
 
Нормално дека и на Хрватска и одговара да испадне Аргентина и сигурно дека нема да оди со желба да и помогне на Аргентина против Исланд. Сепак се екипа со некои класа индивидуалци и за Хрватска тоа во нокаут фазата би значело еден гигант помалку.
 
Шлајмче за Сампаоли:pos::pos:
391918.jpg

Зависи Исланд утре шо ќе напраи. Ако тепа утре, секако дека нема да ги одмара Хрватов. Со пораз во последно коло ќе паднат второ, и вкрстуваат со Франција.
 
И да, морам да го искритикувам Меси, колку и да го поштувам и да викам дека не е крив за ова сепак мизерно се однесува во улогата на лидер, не постои на теренот, буквално екипата игра како без капитен. Роналдо од овој аспект е светлосни години пред него, дечкото се повреди во финале на ЕП и изиграваше тренер, помошник тренер, лекар, советник, се што може за да помогне на тимот. Аргентина наиде на цврста репрезентација, на екипа која им покажа заби и која им покажа дека не се плаши од нив и толку од Меси, ниту го имаше на теренот, ниту се состави со топката, ниту ги покрена своите соиграчи да бркаат резултат и да заиграат подобро.
 
Шо требаше да прај да се бори против Модрич и Ракитич на средина на терен?.. Или да почни педерски да мава по сите ко Отаменди? То е покажвање на заби? Тогаш ќе велите лош губитник е

Во тимов на Аргентина денес кој сакаш клај јак играч од историјата и пак ништо нема да напрат.. Меркадо, Таљифико, Акуња, Перез, Меза, Салвио.. Ако ги биваше овие немаше на 25-6 год дебитантни да бидат

Роналдо 2014 исто така чорба тим имаше и го видовме шо напрај.. Финале европско без него освоија.. Аргентина без Меси Боливија и Венецуела во квалификации неможеа да ги тепат
 
Зборувам за лидерските способности бе, не за играчките квалитети. Факт е дека ниту еден играч во светот не може сам да игра, ама Меси е многу послаб лидер од Роналдо, па сеа ти како сакаш сфати го тоа. Пошо кога не му иде на тимот Роналдо од кожа се вади, нервозен е, ги бодри соиграчите, ги тера да играат подобро, а Меси само се повлекува и го снемува од теренот. А иначе Португалија гледам дека има онака преквалитетен тим, прска од квалитет не се знае кој е подобар, па гледај какви резултати вадат, 3 комада на Шпанија им бутнаа. И Португалија и Аргентина се слаби со квалитет само разликата е во тоа што едните имаат добар тренер и лидер на тимот, а другите ни тоа ни тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom