Да бидеме малку објективни кога критикуваме, значи една работа е да се критикува целокупниот преговарачки процес а друга работа е да се критикува договореното.
Според мене, ако гледаме реално на работите и фактичката ситуација, Заев и оваа власт не наследи најповолна преговарачка позиција, и од таму земено не беше за изненадување лош исход за нас на крајот. Значи ние сме во загуба уште кога сме почнале да преговараме. Низ годините сме дошле и до поповолни позиции за условно кажано добар договор за нас, кога би се зеле целокупните околности. Последниве десетина години ние практично се доведовме во позиција Грција да шутира пенал во 89' минута од натпреварот.
Јас сум голем противник на спогодбава, начелно.
Заев се' што требаше да напраи е да го одложи „решавањево“ затоа што не што му остаија лоша преговарачка позиција, туку реално паторот му остаи куп говна (па колку и да се вмороњите најбучни у темава). Искрено, не ме боли к** што џавкаат јамајки, дарлинзи и слична штабска багра, туку тоа што од нивното меѓусебно наводно препирање, пак државава најмногу страдаше. Исходот според мене не може да биде полош од овој. Грчката позиција практично од 92-ра до сега не се промени, а нашата се девалвираше многу повеќе и од тоа што тие очекуваа и покрај тоа што и тие имаат позади себе катастрофален период со должничка криза, бегалска криза, конфликти со Турција исл., ама кој би бил кретен тоа да го прокоцка, ако не наш „политичар“...наместо паторот да придобива симпатии од еу и се покаже како стабилен играч, а Грција како создавачот на проблеми, испадна обратно.
Она што беше за очекување од оваа власт а не го исполни е изнудување колку што е можно подобар договор, согласно околностите. Спротивно на тоа, според мене ова е крајно лошо решение затоа што договорот излегува надвор од рамката која што првично беше поставена во преговарачкиот процес. Значи ние не само што менуваме име ами се договараме и за идентитетски прашања. Она што не требаше да се дозволи е "ерга омнес" решението. Гледате и самите дека ваквото решение со себе повлекува уште еден куп други подрешенија кои се наметнуваат како обврска за нас. Ваквиот договор и немаше да изгледа толку лошо без "ерга омнес"
Ерга омнесот е суштината и не случајно како член во спогодбата се става на крај, а не на почеток. Тоа е уочливо и за обичен човек што следи политика, а не за дипломат, ама нашата страна д од дипломатија нема во себе, буквално се извозени и убеден сум дека добар дел од реперкусиите од штетнава спогодба ги имаат сфатено после реакциите на дел од народот и експертутките што ги немаат купено.
За крај, за оние тврдокорни националисти, реалноста е дека ние не влегуваме ни во Нато ни во Еу без договор со Грција. Друга реалност е дека каскаме зад сите во регионот кога се во прашање евроатланските интеграции а бевме лидери пред десетина години. Од тогаш па до сега, Бугарија и Романија влегоа во ЕУ, Албанија во Нато, Хрватска во ЕУ, Црна Гора и Србија почнаа преговори и се далеку пред нас. Ние моментално сме на рамниште со Босна и Косово, можеби малку понапред, но кај да е ќе не стигнат и тие ако ситуацијата остане статус кво. Значи ако почнеме преговори со Еу ние ќе ги водиме паралелно со Албанија, до пред дестина години бевме заедно со Хрватска.
Има огромна разлика ако две држави се договорат за поранешни историски прашања, да си се извинат меѓусебно ако треба (тоа е видено во историјата), да се обидат да усогласат некои историски гледишта, ама ваква уставна интервенција на една во друга држава е преседан невиден во светската историја - вакво нешто до сега не се случило. Немој да ми кажеш дека со онаков договор како што ти го опишувам (во кој би се откажале од територијални претензии, барање солунски полиња, големи држави и п***е материне) дека влезот во нато и еу немаше да се случи. Беше потребна една многу битна работа за тоа - луѓе со интелигенција и интегритет на местото на зз, рада и нд (а тие се се', само тоа не се).
Вчера еден член имаше постирано некои фотографии од заев и ципрас и коментар какви големи лидери биле, па се воздржав да не навредувам. Никакви „големи лидери“ не се ни едниот, ни другиот, ниту пак нешто решиле. Одлуката да се реши спорот е на друго место, а нивно е да одглумат и да престанат да го „тупат“ двеве држави и да праат проблем од ништо. За жал, и од тој проблем од ништо, ние го изедовме стапот. Ципрас и Сириза се фејк левичари, популисти. Дојдоа на власт со популистичка кампања која им ветуваше на грците дека ништо од долговите нема да вратат. Во периодот додека беа на власт, Грција изгуби многу, а вакви ситни политички поени во кои постои можност да дојде до макар и мало отпишување на долгови, Ципрас ќе го искористи, па ако треба и родена мајка да потпише дека не му е тоа. Од друга страна, заев беше свесно донесен од страна на Вашингтон да ја заврши прљавата работа. Наместо револтиран, испокраден народ да го фрли у Вардар она клептоманско паторско говно, тоа го напраи Бејли со местење избори и со носење на онаа неспособна будала на власт. Веќе има катастрофална политичка кариера, со години беше мета на кампањата на паторот дека е криминалец (што не е далеку од вистината, ама е патетично и смешно што пропагандата ја нарача уште поголем криминалец) и после ова од него ќе гледаме разгледници од негови вили во Мајами (и слични дестинации....нешто како љуБчо Г).
Во целава лакрдија многу идиотски учествуваат дпне, кое и без тоа остаи руина, а и сега игра некоја тотално изгубена улога - организира „гоооолем“ протест во Битола (ни мање, ни више), град кој е демографски, економски и секако уништен и ставен политички во офсајд со децении. Оној кретен, бачев, со тоа руските знамиња, кои во шупак би му ги напикал, затоа што ја глуми „опасноста од наше приклучување кон Русија“ - лично никогаш не би прифатил „ерга-омнес“ варијанта со името, а очи неќам да и видам на Русија. Се' ова е лошо одглумено, лошо режирано и проаѓа само затоа што маса народ е испоумиран, исселен, разболен или му е преку к од све. Би бил среќен еден ден, ако дојде, сите членови и симпатизери на двете „македонски“ банди и учк бидат масовно стрелани за велепредавство, затоа што од држава со ред, поредок и светско признание, за нецели 30 години створија едно големо гомно, едно најнебитно ништо.
Нашите досегашни политички „триумфи“:
- Измена на устав после изгубена „војна“ од неколку чети на учк, затоа што денар се одвојувало за војска и дпне ставаше филозоф - министер за полиција и ликовен критичар - министер за војска.
- Спогодба со татарите со која се спрдаваме со историја која е де факто на наша страна за да не земале нашите млади нивни пасоши - кое „врвно“ дипломатско достигнување.
- Спогодба со циганите со закана дека не сме можеле да опстанеме без да бидеме членка на две организации на кои ниту сме им закана, ниту сме им проблем за да би соработувале економски со нас....има една приказна со Итар Пејо кога ја носел кравата во град да ја продава и како го среќавале селаните, му кажувале „исечи и ги роговите, исечи и ги ушите, исечи и ја опашката....“ и кога ја однел сакатата крава на пазар, никој неќел да ја види, не па да ја купи - е, таква „држава“ напраивме - да им одговара на сите други, освен на нас. Ќе беше помалку срамно да бевме физички окупирани, од војска.
Ние самите во овој циклус на самостојност од триесетина години се доведовме до свршен чин. Договорот со Грција е таков каков што е, потпишан и нема враќање. Периодот што следи е можеби најклучниот период за иднината на оваа држава од нејзината самостојност. Го отфрлиме ваквиот договор ќе треба да бараме алтернативи на Нато и Еу во ситуација кога ќе бидеме опкружени со земји членки на овие две организации. Кои се тие алтернативи никој не зборува.
Затоа реално е да се критикува договорот, јас сум апсолутно против и сум незадоволен, но кога ќе ставиме се на куп од целата оваа шах позиција невозможно е да излеземе како победници. Работава е земи или остави, ако почекаме уште малку влегуваме во еден турбулентен период без јасна перспектива и магловита иднина. Дека ќе биде подобро тоа тешко.
Периодот што следи ќе се умртви до бесконечност. Администрацијата ќе си фати по одмори, „народот“ ќе си гледа светско, ќе троши стар одмор....Скоро да сум убеден дека референдум нема да има. Единствено, постои како опција, сдс да се нафати на таа опција, затоа што тоа ќе му биде добар изговор за повторно неработење во економија, катастрофални економски податоци и дополнително осиромашување и ќе се бават со тоа уште 3-4 месеци, а исходот ќе биде многу лесна местенка, така да, мене ако ме праша некој - подобро и да го нема. Доколку се спроведе со задоволство не би гласал.