Да бидеме малку објективни кога критикуваме, значи една работа е да се критикува целокупниот преговарачки процес а друга работа е да се критикува договореното.
Според мене, ако гледаме реално на работите и фактичката ситуација, Заев и оваа власт не наследи најповолна преговарачка позиција, и од таму земено не беше за изненадување лош исход за нас на крајот. Значи ние сме во загуба уште кога сме почнале да преговараме. Низ годините сме дошле и до поповолни позиции за условно кажано добар договор за нас, кога би се зеле целокупните околности. Последниве десетина години ние практично се доведовме во позиција Грција да шутира пенал во 89' минута од натпреварот.
Она што беше за очекување од оваа власт а не го исполни е изнудување колку што е можно подобар договор, согласно околностите. Спротивно на тоа, според мене ова е крајно лошо решение затоа што договорот излегува надвор од рамката која што првично беше поставена во преговарачкиот процес. Значи ние не само што менуваме име ами се договараме и за идентитетски прашања. Она што не требаше да се дозволи е "ерга омнес" решението. Гледате и самите дека ваквото решение со себе повлекува уште еден куп други подрешенија кои се наметнуваат како обврска за нас. Ваквиот договор и немаше да изгледа толку лошо без "ерга омнес"
За крај, за оние тврдокорни националисти, реалноста е дека ние не влегуваме ни во Нато ни во Еу без договор со Грција. Друга реалност е дека каскаме зад сите во регионот кога се во прашање евроатланските интеграции а бевме лидери пред десетина години. Од тогаш па до сега, Бугарија и Романија влегоа во ЕУ, Албанија во Нато, Хрватска во ЕУ, Црна Гора и Србија почнаа преговори и се далеку пред нас. Ние моментално сме на рамниште со Босна и Косово, можеби малку понапред, но кај да е ќе не стигнат и тие ако ситуацијата остане статус кво. Значи ако почнеме преговори со Еу ние ќе ги водиме паралелно со Албанија, до пред дестина години бевме заедно со Хрватска.
Ние самите во овој циклус на самостојност од триесетина години се доведовме до свршен чин. Договорот со Грција е таков каков што е, потпишан и нема враќање. Периодот што следи е можеби најклучниот период за иднината на оваа држава од нејзината самостојност. Го отфрлиме ваквиот договор ќе треба да бараме алтернативи на Нато и Еу во ситуација кога ќе бидеме опкружени со земји членки на овие две организации. Кои се тие алтернативи никој не зборува.
Затоа реално е да се критикува договорот, јас сум апсолутно против и сум незадоволен, но кога ќе ставиме се на куп од целата оваа шах позиција невозможно е да излеземе како победници. Работава е земи или остави, ако почекаме уште малку влегуваме во еден турбулентен период без јасна перспектива и магловита иднина. Дека ќе биде подобро тоа тешко.