Добро бе, како обожавател на трендо, young padawan
Твојот став дека не му требаме воопшто на Западот е чисто поради тоа шо тебе така ти одговара да напишеш, нема врска со реланоста, тоа со празни фрази ти е типична дипломатија, шо очекуваш да кажат во јавноста не ми е јасно, дека сме failed state?
Економијата ни е таква каква шо ни е од низа фактори, не е само до западњаците, верувал или не и на источњаците им одговара да не тргне ич работата, празниот стомак е далку полесен за манипулација за секого. A никој нема намера да ни го наполни во догледна иднина, верувај дека не им сме ништо повеќе од монета за поткусурување.
И не може индифирентност да поистоветиш со спротивставеност. Индифернтноста кон РФ е во голем дел и поради тоа шо нивната економија, политичкиот пристап е нешто послаб од тој на Западот, а во голем дел тоа се должи на вакум периодот после падот на СССР.
Друго, рускиот гас не алтернатива за интеграцијата во ЕУ, сакале ние или не, едноставно не функционира светот така, посебно една растргната земја среде Балканот како нашата не може да изведе такво нешто.
Едиснтвено е добар примерот со Борисов и тоа шо го изјави во Москва пред некое време, кракот кон Бугарија е одличен потег, исто ќе беше и нуклеарната централа која воглавно беше руска инвестиција, ама пак да речам дека ние не сме ни одблиску важни како Бугарија уште помалку имаме традиционални односи со Русија т.е СССР како нив.
Сеа да скратиме малку, кај нас најголем дел од наклонетоста кон Русија е чисто поради фактот шо во нив се гледа „спас“ од албанското прашање со кое имаме сериозен проблем, инаку повеќе од тоа нема. Автентичната русофилија е ретка.
Истата ќе расте се повеќе посебно после преименувањето на МКД со огромна јавна и недвосмилена поддршка од западните дипломати, шо е сосема природно да создава пизма кај оној кој е буквално понижен.
И сеа освен рускиот гас кој ниту е бесплатен или по повалстена цена друго шо има на репертоарто на „алтернативата„ не каува никој. Да ги исцрта некој барем во јавноста контурите на тој „план“, со кои институции, во кога временска рамка, нешто барем да му фати окото на секој сериозен човек
Само зголемувањето на воениот буџет на САД за оваа година беше 100 милијарди, шо само по себе е поголемо од вкупниот воен буџет на РФ за цела година. Што не мора да значи супериорност меѓутоа и тоа како е показател за одредени состојби.